Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Ја слушаме постојано ‘‘мантрата‘‘ на Гвујо и на Ставревски: ‘‘Харе Кришна.... Странски инвестиции, странски инвестиции, странски инвестиции..... харе рама‘‘... и тако даље.... Ете го Ставре и вчера со таа мантра како се курчи за 2 милијарди странски инвестиции во РМ последните 10 години...
па баш преку КУРир(МИ Е веќе) провладин сајт нели, кој известуваше лани за пад на потрошувачката на енергија на електрична енергија и на гас, во однос на минатиот период... http://www.biznisvesti.mk/makedonija-zabelezhuva-pad-vo-potroshuvachkata-na-energija/ .... на што енергија тогаш работат новиве фабрики? На вода? На воздух? Како тоа 10,000 вработувања? Или работава е затвори пет капацитета отвори два.... од друга страна некаде прочитав дека во МК е забележано и пад на личната потрошувачка во 2013 ама тоа ми избега и неможам да го постирам сега (ако некој го најде линкот би било убаво да го видиме) па како тоа толку и толку вработувања, а личната потрошувачка намалена.... за зголемување на јавната да не зборувам и за ребалансите на буџетот, ЗА УЛАВАТА РЕДИСТРИБУЦИЈА, за тендероманијата....
трета работа, податоци од 2012 за странските инвестиции во регионов говорат нешто друго:
Хрватска на прво, Македонија на последно место според странските инвестиции на Балканот
http://www.akademik.mk/hrvatska-na-prvo-makedonija-na-posledno-mesto-spored-stranskite-investitsii-na-balkanot

Ете се гледа кој колку. Црна Гора една посрана колку Ск имала 2012-та САМО 600мил, Македонија ДУРИ ЦЕЛИ 135!....тогаш навистина не ми е јасна причината за мантрата (странски инвестиции, странски инвестиции, странски инвестиции....) и толку курчење.... Па спијат ли споменативе (ЦГ, БиХ, ХР....) во 2013-2014 година, или нешто многу битно се промени во рангирањето, што толку серат овие за инвестициите, кои по правило (да се изразам пежоративно) се ослободени сто години од даночни обврски, олеснувања, бенефиции.....и паламудење за фабриките за робови како нивно најголемо достигнување!? Какви тоа 10,000 нови вработувања? Во администрацијата, на оние партиските војници и лепачите и делачите на памфлети плакати и оние споменатите робови во зоните за 8,000 Ден!? А колку фирми се затворива последниве години? Колку технолошки или економски вишок останаа на улица? Па земете го Скопјево само: Еве последните случки те. примери: Римес: 400-500 вработени на улица! Колку мали и средни фирми рикнаа? Од дрво-преработувачката и градежна индустрија: БУ-ЈО-ТО 150 на улица, Леснина Инженеринг 150 на улица... од А1 (без дуканчината) и БЕЗ ПОЛИТИКА. па едно 200-300 на улица а многу мал дел од нив отидоа кај владините мегафони, како врвни апологети на наранџастата политика .... И како врв на имбицилноста, еден од нив интервјуирајки го министерот кој по обичај мантрал и набројувал странски инвестиции во најава, овој му рекол (пред да му каже колку е убав): ‘‘Лелеее министре, дали Македонија ќе има толку невработени колку Вие инвестиции донесовте!?‘‘ :tapp: ебем ти тoa ‘‘Servum pecus!‘‘ (робски сој) .... да набројам уште некоја о потонатите, ете ми падна на ум и понекоја од ‘‘ентертејмент индастри‘‘ или како се вика К-15 30-50 луѓе на улица, Р‘Н‘Р Студио она на Хаш фирмата 50-тина или појќе на улица.... ова јас што знам слободно продолжете со набројување! Ќе отидете над 10,000 или тука некаде! Сигурно ќе е така, па потрошувачката и на енергија и онаа личната тоа го докакажува, а тие се намалени! Сите тие што ги набројав (и многу од оние што не ги набројав, а сега ги нема) беа успешни фирми, со солидна акумулација кои носева вишок на вредност, плаќаа даноци на државава, придонеси за вработените....кои имаа плати колку што имаат сега тројца несреќници што работат во зоните на самракот!
И уште еднаш да повторам. Многу ми е интереасна тезата на поморанџестите: ‘‘ПА пред да влезат во зоните луѓево немале ни 8,000‘‘..... поимбицилна теза немам слушнато!? А се кладам и дека немаат толкав капацитет (или имаат малку од нив) да сватат зошто.... бидејки толку многу и таа теза ја мантраат! Само една асоцијација околу тезава.... Дали луѓево кои работат ‘‘во зоните на самракот‘‘ паднале од небо? Дали некогаш работеле и имале приходи или немале никогаш? Тоа се луѓе без корен, без имот, скитници, паднати од небо.... како ги викаат сега како ‘‘ранливи категории‘‘??? Родени ли се тие и судбината им е да бидат ‘‘ранливи‘‘!? Чист пауперизам нели? Е мореее Благословени сте бедни со духот Beati pauperem Spiritu!..... Sancti.... Amen!.... Господ напомош! А ако немаше ‘‘ранливи‘‘ тогаш кој к... ќе го интересираше тука? Пази МК била ВРВЕН реформатор во отстранување на административни пречки за отварање бизниси како што рекла Лора.... демек тоа ги зголемило странските инвестиции, тоа било голем придонес во создавање на бизнис клима :pos:.... работава што се ‘‘килма‘‘ у ладна вода!? Како да е тоа условот за странските инвестиции, или пак е нешто друго? Па тоа на оние со гајба под гс и шише пиво у рака пред кооперацију им е јасно! Алооооо!
Наместо како во сите НОРМАЛНИ држави, да се направи евтина држава, со половина од министерствата кои ги имаме и третина од трошоците кои сега ги прави извршната и законодавната власт, со ефикасна мала администрација, со независно судство..... да се развива слободниот пазар, конкуренцијата, да се создава акумулација, вишок на вредност кои ќе донесат нови вработувања.... да се работи по алгоритамот: РАБОТИ ШТЕДИ ИНВЕСТИРАЈ..... овде условите и алгоритамот кои се применуваат се:
ШТО ПОВЕЌЕ ‘‘РАНЛИВИ‘‘ = ТО ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ! Браво!
Ептен се успешни во правење ранливи! Така се носат странски инвестиции....
Така се прави држава! ОСТВАРУВАМЕ!
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Ne go tupi, narodot spie na pari. Šo stanovi se prodadoa so najvisoki ceni na balkanot, kafanite se puni od sabajle do vecer, mladive se trijat po kafulinja kade sto mocano kafe ti go naplakjaat 120 denara, pivo 150 itn.... Toa dvata novootvoreni kafici vo kapitol vo aerodrom puni do daska nalupale ceni duri povisoki od predhodnite cenovni rekorderi to est komsiite od sprotiva vo biser. Zimi se vo Slovenija npr so daleku povisok standard ne sum videl kafe poskapo od evro ipol....
:tapp: :icon_lol:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Ne go tupi, narodot spie na pari. Šo stanovi se prodadoa so najvisoki ceni na balkanot, kafanite se puni od sabajle do vecer, mladive se trijat po kafulinja kade sto mocano kafe ti go naplakjaat 120 denara, pivo 150 itn.... Toa dvata novootvoreni kafici vo kapitol vo aerodrom puni do daska nalupale ceni duri povisoki od predhodnite cenovni rekorderi to est komsiite od sprotiva vo biser. Zimi se vo Slovenija npr so daleku povisok standard ne sum videl kafe poskapo od evro ipol....
:tapp: :icon_lol:
Точно така е! Има пари во МК.....нема на пример Литванија, која беше 50 години под чизма, скоро робство, од кое излезе со руинирана економија, Литванија која БТВ има нешто малку повеќе жители од нас а која пред кризата 2007 оствари блиску 50 милијарди ГДП.... е таа нема пари, а ние имаме пари, ние кои максимумот го достигнавме истата таа година во износ од бедни 10 млд! (Скоро 5 пати помалку)
Од друга страна кажи ми една, ама САМО една причина зошто (и да има народот пари кко велиш) во едни вакви економски услови, би инвестирал во бизнис, а не би се пијанчел!?
Да инвестираш во вакви услови, а да не си во шема на партијата на власт, на локална власт, на тендери.... е рамно на самоубиство! Однапред си осуден на пропаст....
Или треба да си генијалец! А таквите се ретки!? И не би требало само тие да инвестираат нели така!?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Makedonceto e vospitano da lezi nisto da ne raboti i da ceka od drzavata i od cickata na mama. Toa e.

Moznost za investiranje i biznis sekako ima, ama tie tenderite se sigurna para i zatoa na site samo toa im se mota po glavata. I na zapad kolku firmi se otvaraat sekoj den isto tolku i propagjaat. Sekoj biznis si nosi rizik, so toa sto kaj tenderite rizik nema ili e sveden na minimum. Tenderot e ustvari ista kategorija i se sovpagja so gore napisanoto, site se lepat na drzavno korito.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
.... од друга страна некаде прочитав дека во МК е забележано и пад на личната потрошувачка во 2013 ама тоа ми избега и неможам да го постирам сега (ако некој го најде линкот би било убаво да го видиме) па како тоа толку и толку вработувања, а личната потрошувачка намалена....
можда овде
http://libertas.mk/преку-акцизите-владата-бега-од-буџетс/
Пад на личната потрошувачка, а со тоа и на стандардот на граѓаните покажуваат податоците за промет во трговија на мало што завчера ги објави Државниот завод за статитика. Намалувањето на прометот е најголемо токму кај ставката со основните продукти: храна, пијалоци и тутун каде е регистриран реален пад на годишно ниво (април 2013 г. во однос на истиот месец претходната година) од дури – 20,9%.
Во последниот извештај со макроекономски проекции на Народната банка нема информација за движењето на личната потрошувачка, но нотирано е дека од почетокот на годинава, во првите три месеци има реален пад на нето-платите од – 2,0%.
Податоци за намалена лична потрошувачка може да се најде и во публикацијата
http://www.stat.gov.mk/PrikaziPoslednaPublikacija.aspx?id=2
во табела 3 каде за 2013 во однос на 2011, од 50тина производи само кај неколку е за малку зголемен процентот (компир, цреши, јаболка, тестенини, свинска маст...). Кај сите други производи (млеко, леб, месо, зеленчук, риба...) процентот е многу намален. Кај зеленчукот пример 60-70%.

треба трвдоглавите кои упорно 8.000 ја нарекуваат плата да го прочитаат и ова, дека повисоки примања на граѓаните е добро за економијата. Затоа што и една Јапонија се надева на закрепнување заради личната потрошувачка.
Според структурата на компонентите на брутодомашниот производ БДП, најголем двигател на растот е токму личната потрошувачка. Во формулата на пресметка на БДП каде се пресметува збирот на компонентите (личната потрошувачка, бруто-инвестициите, јавната потрошувачка и разликата меѓу извозот и увозот), личната потрошувачка учествува со 80%, јавната со 20%. Растот на БДП регистриран за првото тримесечие од 2,9% се должеше на зголемената јавна потрошувачка пред изборите, каде освен редовните приходи владата потроши и две третини од буџетскиот дефицит. Вкупните расходи за првиот квартал изнесуваа над половина милијарда евра или поточно 627,3 милиони евра.
 
Последно уредено:
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Дејан од Велес е еден од шеесете работници кои биле избркани од Дрекслмаер поради штрајкот!
Регион - Велес
Сабота, 17 Мај 2014 17:15



Поради штрајкот на работниците во „Дрекслмаер“ во Кавадарци,поради несиплатени, а ветени празнични дневници, околу шеесет луѓе останале без работа. Дејан од Велес е еден од похрабрите кој реши јавно да проговори за проблемот со кој се соочил.

Започнал да работи во фабриката пред три месеци и неговиот договор за работа завршил на 13 мај годинава. Иако добивал ветување од извесен шеф Владо од Скопје дека ќе му биде продолжен, тоа не се случило. Тој на крај од работното време во втора смена, бил повикан во одделот за човечки ресурси, каде му ја соопштиле веста дека треба да потпише отказно решение.

„ Вечерта кај 21 часот бев повикан од мојата претпоставена што ми е “формен“ на линија, да се качам во човечки ресурси горе. Отидов таму и ми рекоа дека многу им е жал бидејќи морале да ме известат дека сум испуште од работа. Ми го дадоа отказното решение, да се потпишам ме тераа. Им реков дека не се потпишувам додека не ми образложат зошто сум избркан од работа. Ми рекоа поради штрајк во фабриката и затоа ќе си одиш од работната позиција. Јас отпочеток не го потпишав отказот. Побарав да го прочитам прво, за да знам што потпишувам. Откако го прочитав го потпишав отказното решение како што треба . Ми викнаа потоа обезбедување. Од почетокот на штрајкот некаде околу 60 луѓе се избркани од Дрекслмаер, странската инвестиција на господинот Никола Груевски. Јас сум член во ВМРО-ДПМНЕ од 1994 година, активен до ден денеска . Странска инвестиција со 7, 8 или 9 илјади денари плата не е странска инвестиција. Нека види Гриуевски како не бркаат од работа за штрајк преку кој си ги бараам нашите права.“ ни рече Деан и објасни дека откако го потпишал отказното решение бил вратен дома во Велес со такси. Таков потег направиле од фабриката, како што вели, за да не се качи со колегите во автобус и да не направел револт и кај другите.

Тврди дека не е меѓу првите кои штрајкувале, бидејќи штрајкот во фабриката започнал во понеделникот од третата смена, потоа штрјкувале и врботените од прва, а тој бил на работа втора смена.

„Не се исплатени тие пари за велигден што работевме. Имавме документ потпишан од овластен менаџер дека за работењето на Велигден ќе добиеме 2200 денари плус 1500 денари вредносен ваучер. Тие 2200 денари некој од фабриката си ги стави во џб. Јас имав 17 работни дена, а земав плата 9900 денари од кои 3400 ми се запрени на извршител. 6000земав пари во банката. Дрекслмаер два месеца ми запира пари поради судска забрана. Дркеслмаер нема ни скршен денар пуштено на сметката на извршителот. Поради тоа ќе поднесам и тужба а на суд да ми објаснат зошто ми ги запираат парите два месеца од платата, а ги немаат уплатено на сметката на извршителот“ објаснува Дејан.

Тој тврди дека не е избркан од работа поради штракот, туку поради тоа што прашал зошто на извршителот не им се дадени парите од претходните два месеца.

Овој храбар велешанец, кој работел како оператор на линија, тврди дека во фабриката работниците имале сериозни притисоци од претпоставените.

„Притисок имаш од секоја страна. На кој му се работи нека работи. Тоа ни го викаа. Ти иде пред тебе шефот и ти вика, ако не ти свиѓа напушти го работното место. Те третираат како животно. Се работи на големо, а и се краде на големо. Цел месец да работиш со саботи и недели нема да земеш повеќе од 14 илјади денари. Имаме превоз и храна. Тоа никој не го одрекува, ама притисоците и работата која се работи не е фер од нивна страна. На иста работна позиција, исто одработени часови еден зема 9000 денари а другиот 12 илјади денари . Менаџерот ни рече дека тоа не требало да не засега“ рече Дејан и се пожали дека сите проблеми во фабриката доаѓале од претпоставените кои биле од Македонија. Додека таму биле присутни германците се течело „како мед и млеко“. Според него менаџерите од Германија не знаеле што навистина се случувало во фабриката.

Апелираше до своите довчерашни колеги да бидат храбри и да проговорат со притисоците и проблемите со кои се соочуваат. Очекува подршка од синдикатот, а најави и судска разрешница на проблемот со кој се соочил од својот работодавец./Б.Н
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Скопје, јуни (Коза Ностра) Дека Македонија не е во економска криза покажува и фактот дека низ целата Република интензивно и забрзано се отвораат продавници од синџирот „Локалот се издава“. Овој нов бренд на македонскиот пазар доживува невидена експанзија. Не поминува ниту еден ден, а некаде, во некој град или во некое населено место во Македонија, да не никне филијала на фирмата „Локалот се издава“. Понекогаш во ист ден се отвораат повеќе дуќани од оваа фирма. Инаку синџирот работи под рекламниот слоган: „Не грижете се – утре и во вашето соседство“.

Станува збор за мошне ефикасен синџир кој не плаќа кирија, не троши енергетски ресурси и не вработува никого. Сепак, најважно е што интензивно се шират токму во овие тешки времиња кога не е лесно да се покрене било каква стопанска или деловна активност.

Владата топло го поздрави влегувањето на овој бренд во земјата и истакна дека токму со нејзината посветена работа беше овозможена неговата појава на нашиот пазар. Од Владата најавуваат заинтересираност на уште еден конкурентен бренд за влегување во земјата, а тоа „Дуќанот се продава“. За волја на вистината, овој бренд е веќе присутен кај нас, меѓутоа се очекува и тој да доживее брза и нагла експанзија.

http://www.kozanostra.net/noviot-sindhir-prodavnitsi-lokalot-se-izdava-ja-preplavi-makedonija/
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Американците ќе инвестираат во Македонија - набргу нови 2000 работни места

Ново претставништво кое што треба да донесе нови 2000 работни места, се планира да се отвори во наредниот период. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф објасни дека станува збор за Мултинационален контакт центар со седиште во САД.

Првите интервјуа на кандидатите се одвиваат во рамки на Саемот за работа, што се одржува денеска во Скопје. Домаќин на саемот е Кабинетот на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

- Домаќини сме на Саем за работа во име на голема американска компанија која сака да отвори претставништво во Македонија. Ова е мултинационален контакт центар компанија којашто моментно има 12.000 вработени, работи во пет држави, и сака да отвори свое претставништво во Македонија. Компанијата планира 2.000 вработувања во насока на грижа на корисници и техничка поддршка на големи компании во САД кои се лидери во најразлични индустрии, рече денесла министерот Наумоф.

Засега нема да го откриеме името на инвеститорот, додаде Наумоф, објаснувајќи дека компанијата за работни позиции бара кадар со активно познавање англиски јазик, пишување, читање и говорење, и работа со компјутер. На вработените, појасни, ќе им се обезбеди платена обука во период од 8 до 10 недели, со што треба да ги научат основните вештини за техничка поддршка на големите компании со кои ќе соработува контакт центарот.

Во најавата на Саемот за кариера, локалната агенција за поддршка на американскиот инвеститор информира дека претставништвото во Македонија ќе работи на поддршка на клиенти по американско работно време. Бруто платата, според објавата, ќе изнесува 29.334 денари.

Контакт центарот, објаснуваат консултантите на американскиот ивеститор, опслужува дојдовни повици и прашања поставени преку порака и меил на кои вработените агенти треба да дадат соодветни одговори и да решат соодветни комплексни прашања. Колку вработувања ќе се реализираат ќе зависи од потенцијалот и квалитетот на кандидатите.

- Проценката за атрактивноста на земјите за контакт центар бизнисот најмногу зависи од познавањето на англискиот јазик и од едукацискиот систем во државата. Нашата проценка покажа дека едукацискиот систем во Македонија е многу добар, дека луѓето имаат високи технички компетенции и тоа е причината зошто одлучивме да дојдеме токму овде, велат консултантите.
http://maxim.mk/amerikancite-kje-investiraat-vo-makedonija-nabrgu-novi-2000-rabotni-mesta
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Американците ќе инвестираат во Македонија - набргу нови 2000 работни места

Ново претставништво кое што треба да донесе нови 2000 работни места, се планира да се отвори во наредниот период. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф објасни дека станува збор за Мултинационален контакт центар со седиште во САД.

Првите интервјуа на кандидатите се одвиваат во рамки на Саемот за работа, што се одржува денеска во Скопје. Домаќин на саемот е Кабинетот на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

- Домаќини сме на Саем за работа во име на голема американска компанија која сака да отвори претставништво во Македонија. Ова е мултинационален контакт центар компанија којашто моментно има 12.000 вработени, работи во пет држави, и сака да отвори свое претставништво во Македонија. Компанијата планира 2.000 вработувања во насока на грижа на корисници и техничка поддршка на големи компании во САД кои се лидери во најразлични индустрии, рече денесла министерот Наумоф.

Засега нема да го откриеме името на инвеститорот, додаде Наумоф, објаснувајќи дека компанијата за работни позиции бара кадар со активно познавање англиски јазик, пишување, читање и говорење, и работа со компјутер. На вработените, појасни, ќе им се обезбеди платена обука во период од 8 до 10 недели, со што треба да ги научат основните вештини за техничка поддршка на големите компании со кои ќе соработува контакт центарот.

Во најавата на Саемот за кариера, локалната агенција за поддршка на американскиот инвеститор информира дека претставништвото во Македонија ќе работи на поддршка на клиенти по американско работно време. Бруто платата, според објавата, ќе изнесува 29.334 денари.

Контакт центарот, објаснуваат консултантите на американскиот ивеститор, опслужува дојдовни повици и прашања поставени преку порака и меил на кои вработените агенти треба да дадат соодветни одговори и да решат соодветни комплексни прашања. Колку вработувања ќе се реализираат ќе зависи од потенцијалот и квалитетот на кандидатите.

- Проценката за атрактивноста на земјите за контакт центар бизнисот најмногу зависи од познавањето на англискиот јазик и од едукацискиот систем во државата. Нашата проценка покажа дека едукацискиот систем во Македонија е многу добар, дека луѓето имаат високи технички компетенции и тоа е причината зошто одлучивме да дојдеме токму овде, велат консултантите.
http://maxim.mk/amerikancite-kje-investiraat-vo-makedonija-nabrgu-novi-2000-rabotni-mesta

И добредојде за service-desk / call centers . Се надевам дека ќе плаќаат барем 20 000, знам на времето Софија кога почнаја платата беше околу 400 евра во зависиност од јазикот.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Нето платата толку отприлика ќе биде, штом брутото го дефинирале на 29.334 денари
За почеток е добро, плус баги млади ќе можи да се вработат а и ќе стимулираат уште повеќе да се усовршуваат странските јазици. Ако ова се оствари во наредните 2-3 години наредно ќе почнат да идат големи корпирации со Shared Services кој опфаќа огромна група на различни домејни не само IT.
 
F

FARANG

Гостин
20 000, толку угалвно плаќаат и на другите места. Во секој случај ова е добар чекор напред.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Сепак не се знае дали ке се оствари инвестицијата. Има потенцијал но не е дефинитивно. Бев денеска на нивното предавање и тоа го кажаа.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Па веројтно ваквите инвестиции најмногу зависат од квалитетот на кадарот што ќе се пријави на огласите. Според мене во Македонија е тешко да се најдат на пазарот на трудот 2 илјади луѓе со бараните квалификации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom