Инвестициски БУМ во Македонија

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Што разбира дете што се 500 милиони. Тоа се само 1000 евра по фамилија ново задолжување. Па уште кога ќе прочитам дека 4,25% било ефтино. :facepalm: Каматата во Европа е 0,25%, овие 4,25% се 17 пати повеќе ако споредиме.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Трета обврзница, еве овие фактор ја пишале сумата и стапките:

Македонија издаде еврообврзница со која се задолжи со 500 милиони евра, објави Министерството за финансии попладнево. Каматната стапка за враќање на позајмените средства ќе биде 3,97 проценти на годишно ниво со рок на отплата од 7 години.

Од Министерството информираат дека на меѓународниот пазар имало голем интерес за македонските еврообврзници, но не се прецизира од каде се обезбедени позајмените половина милијарда евра.

„Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од 1.160 милиони евра, односно двојно повисока од понудата. Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25%, односно каматна стапка од 3,97% на годишно ниво. Тоа е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал“, се додава во соопштението од ресорното Министерство.

Владата денеска побара од медиумите да не се објавуваат детали и „инсајдерски информации“ околу износот на еврообврзницата, иако тој бил усвоен на владина седница уште минатата недела.

Според премиерот Груевски, на Владата во овој момент не и било неопходно задолжување, но биле искористени поволните услови на пазарот, а парите ќе се трошеле главно за покривање на стари доспеани обврски догодина. Спооред Министерството за финансии, пак, целта на издавањето на еврообврзницата ќе биде „финансирање на буџетските потреби за оваа и за следната година, како и исплата на достасани обврски и обврски кои ќе стасаат во наредниот период“.

Ова беше третата еврообврзница што ја понуди Македонија, но со најголем износ на позајмени пари досега.

Првата со камата од 4.6% беше издадена во 2005-та кога министер за финансии беше Никола Поповски. Овие 150 милиони евра за враќање доспеваат догодина, за што делумно ќе бидат потрошени и сега земените пари.

Втората со камата од 9.8% беше понудена во 2009-та, во времето на Трајко Славески, а 175-те милиони евра беа вратени лани во јануари.

http://faktor.mk/archives/115764?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=makedonija-izdade-evroobvrznica-se-zadolzhi-polovina-milijarda-evra

Погледни ги сумите, каматите и рокот Бранчез. Еј и погледни половина милијарда позајмување од буџет 3 милијарди. Има пари, знаев дека имаат пари само додека прогледа масата. Кад тад.

Али не го заборавај и делот на премиерот да се насмееш:
Според премиерот Груевски, на Владата во овој момент не и било неопходно задолжување, но биле искористени поволните услови на пазарот, а парите ќе се трошеле главно за покривање на стари доспеани обврски догодина.

:pos:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Тоа е тоа, немаш потреба од пари ама земаш кредит за да плаќаш камата на пари што не ти требаат. Fuck logic.
Плус велиш дека имаш доволно пари во буџет, ама сепак поскапуваш се живо за да го наполниш. Fuck logic v2.

Да не бидам офтопик еве уште една тазе најавена инвестиција
http://10bez10.com/vesti/opshtina/2814-germanska-kompanija-vleguva-vo-prilepskiot-region-na-esen
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во 2005 имало потреба од 150 милиони - немало инвестици.
Во 2014 нема место од инвеститори - пола милијарда долг.

Веднаш прашањето, кај се парите тогаш од инвестициите кога кривата на задолжување ти оди нагоре?
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Во 2005 имало потреба од 150 милиони - немало инвестици.
Во 2014 нема место од инвеститори - пола милијарда долг.

Веднаш прашањето, кај се парите тогаш од инвестициите кога кривата на задолжување ти оди нагоре?
Знаеш , нели, треба на инвеститореите да им се даде накоја субвенција за да дојдат, плус подготовката и оспособувањето на индустриските зони не е без пари. Него јебеш га.

Оваа обврзница ми стои дека е земена колку да се пополни луфтата шо е/ќе се створи со исплатата на претходните две.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знаеш , нели, треба на инвеститореите да им се даде накоја субвенција за да дојдат, плус подготовката и оспособувањето на индустриските зони не е без пари. Него јебеш га.

Оваа обврзница ми стои дека е земена колку да се пополни луфтата шо е/ќе се створи со исплатата на претходните две.
Да слушнав грујче како дава субвенции :)

Мала луфта, плус луфтата секојдневна на домашен пазар..
 
F

FARANG

Гостин
Обврзницата е добра, не заебавајте моментално 7 годишна Swap Rate е 2.21%. Државниот ризик ни е значи некаде 1.5-1.75% со тоа што најмаку 0.25-0.5% е наплатена провизнија. Не е лошо кога ќе се земе во предвид дека имаме мање више Б/Ц рејтинг. Кофејс го рангира нашиот државен долг со Ц исто ко грците а бизнис долгот ни е Б што и не е така лошо.

http://www.coface.com/Economic-Studies-and-Country-Risks/Rating-table/(geo)/101

Ако се задолжуваш баш сега е право време, кај и да е до крајот на годината кредитните стапки ќе почнат да идат нагоре така да ова им е добар потез. Она што мене ме чуди е втората обврзница со камата од 9.8%? Ова е ко на времето сорос кога ни даваше лихварски долгови... Овде некој има закачено добра провизија од барем 3-4% што е некој 5-7 милјони евра годишно. Ако е одплатено лани значи 4 години или минимум 20 мил евра на 175 мил долг. Браво, браво...
 
Одлично сме рангирани. Це це, ами де?

Да, токму сега е право време да се задолжиш. Со пола милијарда. Затоа грујче вели не дека оти им требале пола милијарда, туку така да се најдат за црни денови. Дури и у ќар сме нели? Ова ме потсеќа на онаа милионерката од Шител кога изјави: Лебот поскапкува, али е најдобар во Европа! Буквално така звучи. Одлично време за обврзница, одлични услови браво Влада. Не оти е обврзницата и таков износ, туку оти каматата ни била ниска :D

Да беше само обврзницата на Трајко со 9,8%. Таа тиква ги стопи државните резерви напола. Тоа во историја на земја неговото министерување со црни букви треба да се запише. Трајко Славески - тикварот. И замисли истите овие и тогаш го бранеа.
 
Љацо не заебавај за земја надвор од ЕУ тоа ти е. Да бевме во ЕУ сигурно ќе бевме А3 или А4 врз база на релативно нискиот % на задолжување. Со други зборови да бевме во ЕУ ќе поминевме 1% поевтино горе доле. Е сега како ќе се користат средствата е веќе друга работа, не заборавај вишокот може и да се инвестира, нека купат злато ќе завршат работа.

Веќе од јануари ќе биде потешко да се дојде до пари, дури и сега оваа статус кво со каматите во голема сметка се должи на нестабилноста во украина. Да се смири тоа таму неминовно е каматите да почнат да се качуваат. Пристап до евтини пари и нема да имаме уште долго време така да тоа е тоа
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Љацо не заебавај за земја надвор од ЕУ тоа ти е. Да бевме во ЕУ сигурно ќе бевме А3 или А4 врз база на релативно нискиот % на задолжување. Со други зборови да бевме во ЕУ ќе поминевме 1% поевтино горе доле. Е сега како ќе се користат средствата е веќе друга работа, не заборавај вишокот може и да се инвестира, нека купат злато ќе завршат работа.

Веќе од јануари ќе биде потешко да се дојде до пари, дури и сега оваа статус кво со каматите во голема сметка се должи на нестабилноста во украина. Да се смири тоа таму неминовно е каматите да почнат да се качуваат. Пристап до евтини пари и нема да имаме уште долго време така да тоа е тоа
Тоа е разликата што мене ме интересира како се користат парите. Ме интересира од каде дошле на потреба да издадат обврзница на пола милијарда. Од каде е оваа пола милијарда минус на 3 милијарди буџет. Тие се тие прашања кои мене ме интересираат. Муабети од типот ниска била каматата и било одлично време за обврзница може само на Сител да се збори. Таа пропаганда машина го направи народот глуп. Многу глуп.

Ќе купеле злато, ќе инвестирале со вишокот. Ех мој Фаранге ти вицеви кажуваш изгледа. Кој вишок бе пријателе?

Апаши, апаши збор немам да кажам. Ова ти е како некоја ољуја да мине низ Македонија. Криминал е ова што се случува. Ма и онака никој кај нас не одговара за државни пари. Овие поддржувачите сите до еден без исклучок се напикани во државно, ако не они нивни блиски. Сите до еден без исклучок. Лета магарето- лета.

Ма ич не се замарам, незнам ни кај ми излезе глупава обврзница денес да ја видам. Ден ми расипа, што сакате прајте, се да искрадете абе еден денар да не им оставите.
 
Абе сега види ако не знаат што прават тогаш и самото раководење на буџет е веќе проблем. Јас не го коментирам тоа, јас викам како потез да се задолжиш сега знаејќи дека ќе имаш дупка во буџетот наредните 2-3 години дека е на место. Тајмингот е добар, условите, рокот се исто добри. Значи имаме некој што таму си ја знае работата горе доле. Сега дали и како тоа ќе се искористи е друга работа. Очигледно е дека имаме вештачка економија која се одржува со државни проекти и тендери така да сакеле неќеле ќе мора да гледаме уште долго како државата троши за да живее колку толку народот.

Тоа ти е да чинеше ќе бевме таму, вака уживај уште долго време Македонија ќе биде клуб мед дестинација ;)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Што разбира дете што се 500 милиони. Тоа се само 1000 евра по фамилија ново задолжување. Па уште кога ќе прочитам дека 4,25% било ефтино. :facepalm: Каматата во Европа е 0,25%, овие 4,25% се 17 пати повеќе ако споредиме.
Ова е референтна каматна стапка и моментално е 0.15% и нема врска со приносот на обврзниците на државите. Како и да е за Мк 4.25 е малку, ама денес сите земји се задолжуваат по историски најниски камати, па оттука овој принос не е дека Македонија е сила земја туку дека пазарните услови се такви. Друго што е проблемот е што се издава една година порано од рокот на доспевање на долгот од над 650 милиони. Ова веќе е претерано ако се знае дека дел од парите ќе одат за тековни расходи, а не за рефинансирање на јавниот долг.[DOUBLEPOST=1405853476][/DOUBLEPOST]
Знаеш , нели, треба на инвеститореите да им се даде накоја субвенција за да дојдат, плус подготовката и оспособувањето на индустриските зони не е без пари. Него јебеш га.

Оваа обврзница ми стои дека е земена колку да се пополни луфтата шо е/ќе се створи со исплатата на претходните две.
Па нема да е баш така. Инаку ќе се издадеше догодина. Не постои индикација дека приносите ќе пораснат во 2015.[DOUBLEPOST=1405853934][/DOUBLEPOST]
Обврзницата е добра, не заебавајте моментално 7 годишна Swap Rate е 2.21%. Државниот ризик ни е значи некаде 1.5-1.75% со тоа што најмаку 0.25-0.5% е наплатена провизнија. Не е лошо кога ќе се земе во предвид дека имаме мање више Б/Ц рејтинг. Кофејс го рангира нашиот државен долг со Ц исто ко грците а бизнис долгот ни е Б што и не е така лошо.

http://www.coface.com/Economic-Studies-and-Country-Risks/Rating-table/(geo)/101

Ако се задолжуваш баш сега е право време, кај и да е до крајот на годината кредитните стапки ќе почнат да идат нагоре така да ова им е добар потез. Она што мене ме чуди е втората обврзница со камата од 9.8%? Ова е ко на времето сорос кога ни даваше лихварски долгови... Овде некој има закачено добра провизија од барем 3-4% што е некој 5-7 милјони евра годишно. Ако е одплатено лани значи 4 години или минимум 20 мил евра на 175 мил долг. Браво, браво...
Се очекуваше мал пораст, (до 0.5%) но со оглед на состојбата во САД и Европа тешко ова.
За второто што те чуди кога е издадена во 2009 во екот на кризата кога приносот на 10 год обврзница е 18%.
Чудното е зошто при толку лоши пазарни услови се издава еврообврзница ако може да се земе кредит по поповолни услови или воопшто да не се задолжување (да се почека некој период).
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ова е референтна каматна стапка и моментално е 0.15% и нема врска со приносот на обврзниците на државите. Како и да е за Мк 4.25 е малку, ама денес сите земји се задолжуваат по историски најниски камати, па оттука овој принос не е дека Македонија е сила земја туку дека пазарните услови се такви.
Еве ти го приносот на обврзници за Германија, yield-от е 0 - 0,6%.
Можеби ќе кажете дека Германија има ААА рејтинг, ама они не вработуваат со лотарија рамковни и по Германски Шуми кој не ни идат работа.
Според мене камата над 2-2.5% е расипништво, разликата од 2% (до 4,25%) на 500 милиони се 10 милиони евра годишно непотребен зијан. Со тие пари ќе направат асална болница во некој град.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Еве ти го приносот на обврзници за Германија, yield-от е 0 - 0,6%.
Можеби ќе кажете дека Германија има ААА рејтинг, ама они не вработуваат со лотарија рамковни и по Германски Шуми кој не ни идат работа.
Според мене камата над 2-2.5% е расипништво, разликата од 2% (до 4,25%) на 500 милиони се 10 милиони евра годишно непотребен зијан. Со тие пари ќе направат асална болница во некој град.
Грешка си. Германскиот принос моментално е 1.15%. Под 1% константно се само Швајцарија и Јапонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom