Како загубивме
Вардар-Карпош Соколи 70-71!
Победа на чиста среќа бидејќи беа посмирени во заврпницата. Имавме 70-65 на 30 секунди до крај човече
И потоа утнавме 4 слободни последователно за да го загубиме мечот...
На спортивната страна Соколи погодија 6 слободни по ред и го добија мечот.
Катастрофална завршница на првенството, што ми требаше да отидам уште толку да се изнервирам. Абе се што можевме да изгубиме во клучни мечеви годинава, во кошарка, ракомет и фудбал се изгубивме. Жими ти финалето во куп ракомет што го добивме...
Тоа што повеќе загрижува е што и нема некој добар играч на повидок. Соколи за овие мечеви ги земале Бакоч и Сапунџиев од првиот тим. Ние со Мекиќ и Нацевски.
Бакоч е единствен од двата тима што може да игра во сениорската кошарка. Буквално симултанка си изигра со нашиот состав. Го искина нашиот центар Шалев. Каков само камен имавме за центар. Дрво невидено, ЕДЕН ДУЕЛ не доби со Бакоч. А овој Бакоч и ека рака има маме му ебам, не промашува, дали тројка, дали двојка.
И едно детуле извадија, со број 7, не искина. Сами играа со Бакоч. Абе детуле со шлемска фризура, со пубертетски брк, се скинав од смеење кога го видов, маме ни еба
Асистенции, кошеви, а и на крајот остана мирен кога ги реализираше последните слободни за пресврт.
Вардар денеска изгуби затоа што најдобриот играч НЕ ДАДЕ НИЕДЕН ПОЕН.
Адем Мекиќ беше тотално индиспониран, да сакаше толку лошо да изигра не можеше. Па намерно да сакаше да утнува, ќе погодеше некој шут на шашма.
Мизерија жива, сто шута ниеден поен...
Имаше по некоја асистенција и скок, но за него ова е најкатастрофално издание.
Кога не заредија едно време со тројки сарма не направија во прво полувреме. Шалев тотално без компас, а на овој дибеков од тренер не му текнува да прави измена. На крај самиот си побара да излезе. На полувреме губевме 13 разлика, а имаше периоди кога и скоро 20 разлика не водеа.
Второ полвреме од соништата
Почнавме со притисок од публика и Комбат почнаа да навиваат и Вардар се врати во игра. Не знам што се случи во Соколи, огромна паника во нивните редови, грешни додавања, изгубени топки, одма ја стопивме разликата. Димитар Илиевски кој дојде од Куманово, со забивање го најави целосниот пресврт. Тргна и шутот за три, особено кај Огњановски. До последна четвртина намаливме до 4-5 разлика, а потоа во последниот дел го превземавме водството и почнавме да ја диктираме играта. Дури и Шалев тројка погоди
Во втората четвртина во игра не носеше Николиќ, но на крај се покажа како трагичар на мечот. Кај Карпош Соколи повеќето високи играчи и предводникот со број 7 имаа по 4 лични и така ни играа...
Влеговме во израмнета завршница во оја Карпош одново го превзема водството со единствениот кош на син му на Стевче Јакимовски. Како само даде тројка, без никаков концепт откако претходно се изнаправи бунари, ја фрли на слепо и даде табла кош
Он да не играше, сигурно повеќе ќе не тепаа
Но, не се предадовме, Илиевски израмни, па Шалев даде поени и погоди дополнително слободно, па они промашија неколку слободни и влеговме во последните минути во кои Вардар водеше со 5-6 разлика.
Тука се виде незнаењето на треенерот.
Очигледно беше дека Соколи ќе одат на прекрошоци и ќе пробаат среќа во пенал завршница. Тренерот одреди дека Николиќ треба да биде играчот кој ќе ја решава утакмицата. Му направија фаул и погоди само едно од две слободни. Потоа имаше фаул за Соколи, но ги утнаа и двете слободни, ама нашите спиеа по што топката стигна до нив и одново беше направен фаул по кој ги погодија и двете слободни.
Иако се гледаше дека Николиќ не е баш најсигурен, сепак одново се одеше преку него. Ги промаши и двете слободни, а нашите направија наивен фаул по кој Соколите и покрај притисокот погодија и дојдоа на 70-69.
Одново, тренерот не смени тактика и топката дојде до Николиќ.
И одново Николиќ ги промаши двете слободни
Останаа десетина секунди за напад на Соколи. Тргнаа во напад, немаа никаква акција, нивниот плеј со број 7, се вртеше надвор од рекетот и нашите му направија фаул на 3 секунди до крај.
Алоооооо
На детулето не му затрепери раката и покрај сиот притисок ги погоди и двете слободни за водство на Соколи.
Побаравме тајм аут. Легендарниот тренер Мирковски направи напад за оној кој не даде ниеден кош. Реши дека Адем Мекиќ треба да ја реши утакмицата.
Ја заглавија топката, Мекиќ шутна од неизградена позиција и направи бунар...
Нече лопта поштеног човека