Фан клуб:Вардар!

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Распад систем е ситуацијата во Вардар во моментов...

Предраг Пајиќ потпиша за Фени, Ѓорѓи Кочов отиде во Куманово, Кралевски го сретнав како си аплицира за работа во некои компании така да веројатно и крај на кариера ставил, странците си отидоа, па дури и некои млади играчи како Дејан Лазаревски и Адем Мекиќ си ја пробуваа шансата на отворените тренинзи на МЗТ Скопје...

Уште не се ни знае во која лига ќе игра клубот, мада мислам дека нема што да бараме во прва лига.
Ако воопшто игра клубот во втора лига, ондак би требало да се игра со годинашниов младински состав.
За Ивановиќ, Лефковски и Трифуновски немам никакво инфо што се случува, ваљда би останале да играат ако продолжиме во втора лига...
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Што играч е Koчов?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Никој нема потпишано нов договор со Вардар од старите играчи освен еден (ќе му го кажам името после :D).

Пaјиќ отиде во Фени, Мекиќ во МЗТ, Кочов не потпиша за Куманово, но најверојатно ќе оди во Кожуф, а наводно друштво ќе му прави и Дејан Лазаревски. Кралевски не знам дали ќе игра сезонава, ама се шушка дека ја завршил кошаркарската кариера и ќе биде тренер.
Гајовиќ и Ѓуриќ истотака го напуштија клубот, а им се придружил и Војче Лефковски.

Немам инфо за Ивановиќ, Трифуновски и Васиљевиќ.

Играчот кој потпиша нов договор е дечкото на Пино, Миновски :pos:
Јас сум подобар кошаркар од него :вонзем:

На младинците им рекле дека они ќе играат годинава. Со оглед на тоа што најдобриот Мекиќ веќе си замина, тешко дека со нив би направиле којзнае каков успех.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Продолжува драмата во редовите на Вардар. Најверојатно Апаве се разделува и ќе продолжи како второлигаш, додека КК Вардар ќе стартува од третата лига годинава...
Барем засега тоа е најофицијална информација :D
Покрај нас, ќе настапуваат и Академија ФМП, Феникс и Ангели од Скопје, Баскет Ак Струмица, Пробаскет Пробиштип и Михајловски Куманово...
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
500
Поени од реакции
159
Продолжува драмата во редовите на Вардар. Најверојатно Апаве се разделува и ќе продолжи како второлигаш, додека КК Вардар ќе стартува од третата лига годинава...
Барем засега тоа е најофицијална информација :D
Покрај нас, ќе настапуваат и Академија ФМП, Феникс и Ангели од Скопје, Баскет Ак Струмица, Пробаскет Пробиштип и Михајловски Куманово...
Не не, фактички не се разделуваат. Вардар почнува во трета лига бидејќи лани не го примија во Втора лига. Апаве само го носел префиксот Вардар и логото ваше, Вардарово(па затоа Вардар го смени логото да не им бидат исти, со волкот, синото). Не била класична фузијата. И Вардар и Апаве постоеле истовремено пред почеток на ланска сезона, само што Вардар поради долгови не му дозволија да настапува во Втора лига.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Вардар-Баскет Академија (Струмица)
Ангели (Скопје)-Вардар
Вардар-Пробаскет (Пробиштип)
Вардар-Феникс 2010 (Скопје)
Академија ФМП (Скопје) -Вардар
Вардар-Марфил Спорт (Прилеп)
Пантери (Скопје)-Вардар

После тоа обратно во пролет :)
Сите мечеви есенва ги играме во Скопје. Со каков состав, господ знае...
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
500
Поени од реакции
159
Вардар-Баскет Академија (Струмица)
Ангели (Скопје)-Вардар
Вардар-Пробаскет (Пробиштип)
Вардар-Феникс 2010 (Скопје)
Академија ФМП (Скопје) -Вардар
Вардар-Марфил Спорт (Прилеп)
Пантери (Скопје)-Вардар

После тоа обратно во пролет :)
Сите мечеви есенва ги играме во Скопје. Со каков состав, господ знае...
Абе, со какво лого ќе играте, старо или ново?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Абе, со какво лого ќе играте, старо или ново?
Никој не знае ни со какви играчи ќе играме, а камоли со какви дресови :D
Ќе видам на првата утакмица и ќе пишам :)
Лигата стартува на 25.10.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Баш чекам да искочат официјалните состави на екипите, па да скопчам некои работи :)
Во муабет со некои од децата од младинските тимови, разбрав дека Апаве се тргнал како спонзор (што според сликине од ФБ не ми се совпаѓа некако :D).
Иако младинските погони се викаат КК Вардар, сепак тие се поврзуваат со сениорскиот тим КК Вардар Апаве, кој од годинава требаше според некои гласини да продолжи само како КК Апаве, додека КК Вардар да си почне од трета лига.
КК Вардар ќе почне од трета лига, ама тимот во втора лига истотака ќе има Вардар во името...
(иако во првиот билтен на МКФ стои само КК Апаве, сепак во нивната табела е внесено КК Вардар Апаве).
Они немаат пријавено тренер, ама претпоставувам дека тимот ќе го води Бранко Андриевски.
На КК Вардар како тренер е пријавен Слободан Кечовиќ, лик кој го памтам од натпреварите на Вардар од пред 3-4 години, секогаш беше на клупата, само не се сеќавам дали беше тренер или имаше некоја друга улога во клубот :D
Е сега, во разговор со лицата поблиски до КК Вардар (третолигашот и тимот кој ќе се бодри оваа година), дознав дека воопшто тимот не ни има собрано екипа, туку ќе играат рекреативци,којзнае и дали ќе се одржуваат тренинзи.

КК Апаве најпрвин пријавиле екипа во младинските лиги (и КК Вардар и КК Апаве има пријавено екипа), но на крај истата ја повлекле.

Што ме чуди сега, ако Апаве се тргнал од второлигашкиот тим и ако своеволно пријавиле младинци па после ги тргнале, тогаш чиви се младинците КК Вардар, дали на второлигашот или третолигашот? :D

Ми треба потврда, иако прилично очигледно е дека се младинци како дел од второлигашот...

Во школите се префрлени Филип Кралевски и Ѓорѓи Кочов, а моја претпоставка е дека сеуште ќе играат и за второлигашкиот состав во сениорска конкуренција.

Вчера младинците победиле со 55-98 во Градски парк против Работнички, ама за младинци играле и Дејан Лазаревски, Нацевски, Димитар Илиевски (кој дојде од Куманово лани), Игор Ивановиќ итн. Струја им бапнал 16 коша, а некој Робев 17 поени.
http://www.fibalivestats.com/u/MSL/72925/#ASFSK

Не сум знаел дека уште имале право да настапуваат за младинци Лазаревски и Ивановиќ...
Чим играле за младинциве, значи ќе играат и за второлигашот во сениорска конкуренција.

Кај Работнички играл Ненад Станков, а гледам дека го земале и тој што им беше најдобар на НБА Чаир, Алаудин Мустафа...

Заклучок од целиов пост ми е дека Апаве се тргнал од Вардар, ама клубот останува да се вика КК Вардар Апаве, затоа што во меѓувреме се активира третолигашкиот клуб КК Вардар (кој патем лани не доби дозвола за настап во втора лига и практично сите преминаа во КК Вардар Апаве и тој клуб сеопшто се прифати за наследник на стариот КК Вардар) и не можат да имаат исто име. Притоа младнците кои се дел од второлигашот, играат под името на третолигашот, што е ЕКСТРЕМНО ГЛУПО...

Многу конфузна е ситуацијава со Вардар у пм :D

EDIT: Ми објаснија по брза постапка, интересна иднина не очекува после кажаното :D
 
Последно уредено:
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Како може Станков да игра со 23 години за У20 селекција стварно не ми е јасно.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Како може Станков да игра со 23 години за У20 селекција стварно не ми е јасно.
Тоа е моментот, и овие што ги набројав сигурно се постари...
Да не имаат некоја грешка во записникот кој ги знае :)
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.295
Немаат никаква грешка,од оваа година има ново правило во младинската кошарка,У20 екипите имаат право да пријават двајца играчи со 21 година и еден играч со 22 години(во случајов 94,93 годиште и 92).Лигата поради ова и ќе се нарекува развојна лига.

@Коњаникот Сабја
@InTeR FaN
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.589
Поени од реакции
3.295
Тоа е новото правило, меѓутоа која глупост. Која е таа младинска лига во која играат 22 годишњаци? Тој на 22 години е цело магаре и нема што да бара во младинска лига до 20 години. Него му е местото во прва лига.
Многу лесно можат и да се повредат затоа што во лигава има деца 96` и 97` годиште. Замисли дуел 92` против 97 годиште. Тоа се деца и таа разлика во години нив многу им значи пред се на физички план. И што е најстрашно, повторно ќе се форсираат оние од 92` за да се дојде полесно до фајнал фор и титула, а нема да напредуваат децата за кои е направена таа младинска лига.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom