Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
157
Украинска фирма ќе ископува бакар во Македонија и можно е да инвестира скоро 200 милиони долари во фабрика за производство на бакарни катоди, цевки и жици?
Еве што пишуваат медиумите за ова: http://www.alfa.mk/News.aspx?id=72526
Знаеш ли колку е 200 милиони ? Значи пред избори тоа милионите каа 200 денара ги кажуват после избори нигден нема ни 2 денара инвестирано :)
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Знаеш ли колку е 200 милиони ? Значи пред избори тоа милионите каа 200 денара ги кажуват после избори нигден нема ни 2 денара инвестирано :)

Многумина не веруваа дека ќе се отвори ганц нова современа фабрика во Кавадарци каде ќе се вработат 4000 луѓе, ама ете, се оствари таа убава инвестиција.

Каква е моменталната состојба во Украина, не би било ништо чудно и други украински фирми да вложуваат во Македонија.

Дај Боже да продолжи овој тренд на отварање нови фабрики во Македонија и вработување на народот.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Украинска фирма ќе ископува бакар во Македонија и можно е да инвестира скоро 200 милиони долари во фабрика за производство на бакарни катоди, цевки и жици?
Еве што пишуваат медиумите за ова: http://www.alfa.mk/News.aspx?id=72526
За да им даде некој да го вадат златото од нашава почва, прво треба да се префрлат одредени средства на сметка во Панама. Инаку кога излезе информавија колку пари од Македонија завршуваат во Панама и слични даночни рајови, државата не мрдна со прст на ваквите информации. Зошто? Не може сами себе да се гонат затоа.[DOUBLEPOST=1394050314][/DOUBLEPOST]
Многумина не веруваа дека ќе се отвори ганц нова современа фабрика во Кавадарци каде ќе се вработат 4000 луѓе, ама ете, се оствари таа убава инвестиција.

Каква е моменталната состојба во Украина, не би било ништо чудно и други украински фирми да вложуваат во Македонија.

Дај Боже да продолжи овој тренд на отварање нови фабрики во Македонија и вработување на народот.
Дај Боже, само така може да се зголеми минималецот на 9 000.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
157
Многумина не веруваа дека ќе се отвори ганц нова современа фабрика во Кавадарци каде ќе се вработат 4000 луѓе, ама ете, се оствари таа убава инвестиција.

Каква е моменталната состојба во Украина, не би било ништо чудно и други украински фирми да вложуваат во Македонија.

Дај Боже да продолжи овој тренд на отварање нови фабрики во Македонија и вработување на народот.
Не го тупи веќе со таа у кавадарци отиди вработи се и види како е па после викај 4000 души таму поради договор со владата и 10 илјади ќе се вработат за минималец од 8500 денари т.е. по ново 8800 денари што не ти стигат за основни работи а непа за струја вода и интернет или па кај нас веќе станува и ова луксуз струја вода и интернет да имаш .
 
Член од
5 септември 2013
Мислења
44
Поени од реакции
16
Во право си..Во Кавадарци тоа на се изгледа само на фабрика Не.. Организацијата им е голема 0.. 1000 работници примаат а 700 се откажуваат.. Се што е примено на побитни функции е со врски и немаат појма што да работат и како да ги организираат работниците..Со еден збор Катастрофа Организација..:):(

Sent from my GT-S5360 using Tapatalk 2
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
157
Во право си..Во Кавадарци тоа на се изгледа само на фабрика Не.. Организацијата им е голема 0.. 1000 работници примаат а 700 се откажуваат.. Се што е примено на побитни функции е со врски и немаат појма што да работат и како да ги организираат работниците..Со еден збор Катастрофа Организација..:):(
Па денеска идат одма главни ги стават се дереле ѓоа ненормални мислат нивна фабрика е они а изградиле ама тоа е додека мчиме сите ние такво ќе ни биде ама тоа е маката не тера да одиме 8 илјади 8 тоа е тоа може ќе доприш и до 14 илјади ама секоа ден на работа па дури и 9 дена 3 смена .
 
K

kaiser soze

Гостин
Многумина не веруваа дека ќе се отвори ганц нова современа фабрика во Кавадарци каде ќе се вработат 4000 луѓе, ама ете, се оствари таа убава инвестиција.

Каква е моменталната состојба во Украина, не би било ништо чудно и други украински фирми да вложуваат во Македонија.

Дај Боже да продолжи овој тренд на отварање нови фабрики во Македонија и вработување на народот.
Ганц новата и најсовремена фабрика во Кавадарци дава плата од цели 8000 денари,а ги држи вработените и по дванаесет часови на ден на работното место.Од 22 до 10 часот наутро,работа со силен интензитет,за надомест од 200 евра месечно.Сабота,недела и празници се речиси редовно работни.Истата таа убава инвестиција која добива дебели субвенции и даночни олеснувања од владата,во исто време ги крши законите која ги донела истата влада.Инспекции и контроли ти се мисловна именка,за разлика на пример од некое гранапче со продукти во вредност од 2000 евра,каде инспекторите упаѓаат небаре се Вајат Ерп.Затоа е и толкав бројот на откажувања од работа во фабриката.Ако Еритреја ти е репер,тогаш инвестицијава е топ.
Да не се разбереме погрешно,сум за повеќе странски инвестиции,но за инвеститори и фабрики кој ќе го вреднуваат трудот,ќе важат законите на државата која ти овозможува огромни даночни олеснувања,а со тоа те става во нерамноправна положба во однос на домашните компании ,а не за овакви импровизации од инвестиции.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339

Како прво таму работат 40 часа неделно за 8050 денари.Значи и да работат саботи и празници пак се 40 сати неделно. Како второ тоа е така оти има висока невеработеност и голема понуда на работна сила во државата а не оти злобните германски капиталисите сакаат да го експлотираат македонскиот народец. Никој не им брани нека откажат и нека најдат повиоска платена работа.
Како трето компании како Дрекслермајер не се забеаваат со ствари како законско работење.. Што ако утре дојди СДСМ на власт и му прати инспекција и утрврди даночни затајувања ? Тоа што УЈП тропа на врата на малиот данокоплаќач е НОРМАЛНО за секаде во светот. Американскиот АЈ ЕР ЕС тропа на врата на повеќе мали бизниси отколку големи. Големите бизниси трошат милиони на комплајенц департманти само да бидат во согласност со законот до буква. Малите компании знаат да импровизираат и да потскријат нешто.

Како четрвто нека дојдат 40 дрекслермајери во македонија и ќе биде платата 500 евра.

Како петто асполутно сум против субнециите на било кој во државава, дали бил странски инвеститор или земјоделец субенциите се пренсасочување на пари од работливите и способните кон помалку работливите и помалку способните.

И како шесто. Какви се тие субвнеции што му се дават? Гуглав ама не можам да најдам ништо конкреткно. Значи од што ги ослободуваат ? Придонеси на плати? Данок од добивка ? Какви субнеции му даваат? .. Мистерија е тоа.
 
K

kaiser soze

Гостин
Како трето компании како Дрекслермајер не се забеаваат со ствари како законско работење.. Што ако утре дојди СДСМ на власт и му прати инспекција и утрврди даночни затајувања ? Тоа што УЈП тропа на врата на малиот данокоплаќач е НОРМАЛНО за секаде во светот. Американскиот АЈ ЕР ЕС тропа на врата на повеќе мали бизниси отколку големи. Големите бизниси трошат милиони на комплајенц департманти само да бидат во согласност со законот до буква. Малите компании знаат да импровизираат и да потскријат нешто.
.
Не велам дека не треба да има контроли кај помалите даночни обврзници,напротив,сум за поголема даночна дисциплина,ама не на таков каубојски начин и со претерано високи казни.И не знам дали Дрекслмаер троши и колку троши на комплајенц департменти,ама знам оти
се заебаваат со ствари како законско работење,особено со чл.117 и чл.127 од законот за работни односи кои гласат:
Прекувремена работа
Член 117
(2) Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една
недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот
процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да
се организира работата во смени.
(7) Ако работодавачот воведува прекувремена работа подолго од ставот (2) на
овој член е должен да изврши прераспоредување на работното време или
воведување на нови смени
Ноќна работа
Член 127
(1) Ноќна работа се смета работењето во ноќно време.
(2) Ноќно време е периодот меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден.
Ограничувања на работата ноќно време
Член 129
Работното време на работникот кој работи ноќе на работно место, каде што
постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, не смее да
трае повеќе од осум часа д
Како четрвто нека дојдат 40 дрекслермајери во македонија и ќе биде платата 500 евра.
.
Во оваква политичка констелација уште 4 нема да може да најдат,не 40.

И како шесто. Какви се тие субвнеции што му се дават? Гуглав ама не можам да најдам ништо конкреткно. Значи од што ги ослободуваат ? Придонеси на плати? Данок од добивка ? Какви субнеции му даваат? .. Мистерија е тоа.
Странците, десет години се целосно ослободени од данок на добивка. Плаќаат само 50 проценти од персоналниот данок, пет години. Земјиштето им е издадено бадијала на период од 99 години со симболичен надомест од едно евро за квадрат. Не плаќаат ДДВ ниту царински давачки при увоз на материјали, не плаќаат данок на промет, не плаќаат комуналии за приклучок на гасовод, канализација и водовод, не плаќаат за уредување на градежното земјиште. Парите што треба да ги платат за таа намена на општините каде што се изградени индустриските зони им ги плаќа Владата од буџетот. Од државната каса се плаќаат по 500.000 евра за изградба на градежни објекти за инвестиција поголема од 15 милиони евра и вработување на над 100 луѓе. Од буџетот се издвојуваат и од 25 до 50 отсто од трошоците за стручно усовршување на вработените.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=0EA7FFBC6117484DB9DAD4849073480E
Ги имаш податоциве и на веб страната на агенцијата за странски инвестиции ми се чини.
П.С. Слабо си гуглал;)

Само оние странски инвеститори кои ќе инвестираат во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) се ослободени од ДДВ, данок на добивка и персонален данок во првите 10 години од работењето. Тоа е транспарентно објавено и може да се прочита на: http://www.fez.gov.mk/benefits.html

Странските инвестори кои инвестираат надвор од ТИРЗ имаат исти услови како и домашните инвеститори и фирми. Дрексклмај`р и Кромберт & Шуберт, како и онаа американска инвестиција во Кочани, не се наоѓаат во ТИРЗ.[DOUBLEPOST=1394828620][/DOUBLEPOST]
Како четрвто нека дојдат 40 дрекслермајери во македонија и ќе биде платата 500 евра.
.
Ако дојдат 40 дрекслмајери во Македонија, платите ќе биднат 1000 евра, зошто ќе немаме доволно работници и ќе мора да увезуваме работна сила од Србија, Косово и Бугарија.[DOUBLEPOST=1394829097][/DOUBLEPOST]Најдобрата вест е дека лани, во 2013 г., производствените фирми на странските инврститори во Македонија, извезле стока во вредност од 760 милиони евра, со што само за година дена го зголемиле македонскиот извоз за 20%. Ова е неверојатен успех. :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

Годинава се очекува извозот на овие компании можеби да достигне и над милијарда евра, а доколку се донесат и планираните 15-20 нови инвестиции годинава, Македонија ја очекува сигурен економски просперитет. :cuc::свиркам:
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.730
Поени од реакции
9.840
Ако дојдат 40 дрекслмајери во Македонија, платите ќе биднат 1000 евра, зошто ќе немаме доволно работници и ќе мора да увезуваме работна сила од Србија, Косово и Бугарија.[
Кој ти гарантира?Зашто странец би дал 1000 евра кога им што му работат за 200,па улави ли се.
Платите може да пораснат единствено со јакнење на домашните компании,кога ќе пораснат таму платите може да кажеме дека сме на добар пат.
Странец од 10 вукоебини држави ја избира Македонија за да може до максимум да ги скрати трошоците,ако му се повисоки тука од Србија или Романија ќе иде таму зошто да дојде тука..логика.
Зашто странските инвеститори во Словенија не даваат 200 евра плата него 1000.Зашто таму има јаки домашни компании.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Прашање е дали сите овие компании ќе останат кога ќе им завршат бенефициите од државата.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Прашање е дали сите овие компании ќе останат кога ќе им завршат бенефициите од државата.
Нема никогаш да завршат, зашто ако завршат ќе биде лошо за моменталната власт што ќе биде кога тие ќе завршат.
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Дај полека со тоа розевата боја да варосувате, многу да не ни дојде. :tapp:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најдобрата вест е дека лани, во 2013 г., производствените фирми на странските инврститори во Македонија, извезле стока во вредност од 760 милиони евра, со што само за година дена го зголемиле македонскиот извоз за 20%. Ова е неверојатен успех. :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:

Годинава се очекува извозот на овие компании можеби да достигне и над милијарда евра, а доколку се донесат и планираните 15-20 нови инвестиции годинава, Македонија ја очекува сигурен економски просперитет. :cuc::свиркам:
Што е ова приказни ала битушанец или? Срамота, до кое ниво паѓаш не ми се верува. Покачиле 20% извоз, а увозот кај ти е? Или сами ги создале во МКД? Глупости на квадрат. Додека сме кај квадратот НБРМ вели вака:

НБРМ вели дека за да странските инвеститори извеле толкава стока, увоз направиле дупли што девизните одливи ги дуплирале.

Исто така НБРМ вели дека Македонија со извоз и увоз и минусот во трговски биланс стои вака

НБРМ вели дека во
2013 извозот е 3.206.2 милиони евра.
Во 2012 е 3.106.2.
Во 2011 е 3.210.9 милиони евра.
Во 2010 е 2.530.1.
Во 2009 е 1.932.6

Споредено со увозот за да се изрази минусот во трговската размена на МКД е вака:
2013 увозот е 4.790.7,
во 2012 е 4.863.5
2011 е 4.859.2
во 2010 е 3.977.9
и во 2009 е 3.492.2.

И сега една проста математика битушанец нели извоз-увоз=трговски биланс
2013 - 1.584.4
2012- 1.759.6
2011 - 1.648.3
2010 - 1.447.8
2009 - 1.559.6

Минус стои пред бројките.

Странски директни инвестиции во МКД по години од БДП:

2009 - 2.1%
2010- 2.3%
2011- 4.5%
2012- 0.9%
2013-сеуште нема податок :(

Ау колкави инвестиции сме имале, браво :D

Туку со влезот на странските инвестиции минусот на трговското салдо на МКД остана минус со иста или поголема вредност по години.

И друг пат ако не ти е јасно прашај ја НБРМ, она знае се http://www.nbrm.mk/?ItemID=73362446CDCE464EBDA30329D494E212
 
Kajgana Shop

На врв Bottom