Инвестициски БУМ во Македонија

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ГРАДЕЖНА ФИРМА ЏЕВАХИР ГРУП АД има потреба од следниве работни места:
1. БЗР Безбедност и здравје при работа – 1 работно местоОсновна плата: 18.450 ден
Работно време: 08:30 до 16:30 часот
Работни денови: Понеделник до Петок

• Кандидатите треба да ги исполнат следниве услови:– да имаат претходно работно искуство во градежништво
- да поседува диплома и соодветни сертификати
- да имаат познавање на компјутерско работење
- добро организациски способности
- тимски дух и одговорност

2. Внатрешна безбедност – 1 работно местоОсновна плата: 18.450 ден
Работно време: 08:30 до 16:30 часот
Работни денови: Понеделник до Петок


• Кандидатите треба да ги исполнат следниве услови:– да имаат претходно работно искуство
- да поседува диплома и соодветни сертификати
- да има познавање на турскиот јазик
- добро организациски способности
- тимски дух и одговорност


3. Бригадир – 1 работно местоОсновна плата: 18.450 ден
Работно време: 08:30 до 16:30 часот
Работни денови: Понеделник до Петок


• Кандидатите треба да ги исполнат следниве услови:– искуство минимум 10 години во градежништво
- да знае да чита проекти
- да има познавање на турскиот јазик
- препораки од претходните вработувања
- добро организациски способности
- тимски дух и одговорност
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.715
Поени од реакции
12.137
Овие па сите со турски услов.
Еве нешто за кое не ви требе турцки

Британската „Ендава“ нова инвестиција од два милиони евра и 450 вработувања
Новата странска инвестиција, британската „Ендава“ ИКТ компанија со седиште во Лондон, за развивање софтвери, во Република Македонија ќе отвори нови 450 работни места во наредните три до четири години, а во првата фаза ќе инвестира над два милиони евра.

Џон Которел, извршен директор на британската „Ендава“, по денешната средба со премиерот Никола Груевски изрази исклучителна благодарност до Владата и другите институции и ИТ компании во земјава за поддршката и нивниот голем интерес за проширување на овој бизнис во Република Македонија.

- Од 40 градови во Европа го избравме Скопје затоа што постои брз раст на ИТ секторот, забрзаниот економски раст и високообразованиот кадар, рече извршниот директор Которел, на заедничката прес – конференција со директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида, додавајќи оти бил импресиониран од условите кои ги нуди нашата држава, а им биле презентирани и на средба со вицепремиерот Зоран Ставревски и директорот Фида.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.715
Поени од реакции
12.137
И тоа индиан инглиш. То ќе важи и за кај Субрата оти читам 2 милијарди ќе вложувал, ќе не купи сосе партали :)
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
157
Еве од денеска почнале да ги отпуштат тиа што имале договор на 3 месеци . На некои ќе го продолжат договорот на 6 месеци други ќе им речат чао пријатно фала што се запознавме
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Еве од денеска почнале да ги отпуштат тиа што имале договор на 3 месеци . На некои ќе го продолжат договорот на 6 месеци други ќе им речат чао пријатно фала што се запознавме
од каде?
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Ништо чудно, во Кемет едно им кажуваат на интервју плата толку, превоз толку а кога ќе почнат да работат им кажат тоа важело за Скопјани и секако си заминуваат.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Ќе се гради трговско деловен центар во Скопје

Емпорио бизнис центарот е планиран да биде завршен во 2016 години и ќе претставува современ и модерен шопинг и деловен центар. Објектот ќе биде со површина од 15 илјади метри квадратни, а ќе биде лоциран на дел од реонскиот парк на општината и ќе се протега до главната улица Ѓорче Петров.


Административно – деловната зграда е поделена на два дела. На општината Ѓорче Петров и припаѓаат 3600 метри квадратни, а на компанијата Трансмет 11400 метри квадратни. Во рамките на зградата, која ќе биде на 5 спрата, ќе биде изграден подземен паркинг на две нивоа со вкупно 350 паркинг места. Се планира објектот да опфаќа 60% шопинг простор и 40% деловен простор.

Погледнете како ќе изгледа трговскиот центар во Галеријата


Извор: fakulteti.mk
[DOUBLEPOST=1393793527][/DOUBLEPOST]Оглас за вработување во Актор АДТ Грција Подружница Скопје

ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА
КОРИДОР 10 ДЕМИР КАПИЈА СМОКВИЦА
Компанијата Актор со цел да го интензивира успешниот тек на проектот за КОРИДОР 10, го објавува овој повик за вработување на 350 искусни работници кои со своите професионални и лични вештини ќе го зајакнат тимот и ќе допринесат во изведбата, се до конечното завршување на овој единствен проект од ваков вид во Македонија.

Фирмата Актор е реномирана компанија во градежната индустрија во регионот, со докажана експертиза на повеќе крупни инфраструктурни проекти во Грција, Албанија, Србија и Бугарија. Ва моментов на проектот во Република Македонија - Коридор 10 Демир Kaпија - Смоквица, има ангажирано околу 450 вработени, за кои се обезбедени сите потребни услови согласно ови законски прописи кои компанијата ги почитува во однос на вработените, вклучително и безбедност и заштита при работа. Бројот од 450 вработени секојдневно се зголемува заради потребите на проектот и се поголемиот интерес на лица кои изразуваат желба да се вклучат во неговата реализација.

За извршување на проектните активности и задачи во периодот кој следи а кој опфаќа изградба на повеќе мостови, надвозници и патни јазли, компанијата Актор има потреба од нови 350 искусни вработени со повеќегодишно искуство на проекти за поставување и изведба на високи конструкции до 100 метри, работа на висина, работа со големи челични и бетонски конструкции, транспорт и просторна манипулација на габаритни конструкции и нивно соодветно поставување.

Компанијата има потреба од градежни работници за мостови. Вработените треба да имаат работно искуство на проекти на кои се поставувани мостови со герберова греда, односно конзолни носачи, затводени мостови, мостови со преднапрегнати греди, лиени мостови и обликувани со бетoн, мостови со фина оплата и висина до 95 метри.

Работните активности се одвиваат на голема висина така што вработените треба да бидат во одлична психофизичка состојба, да немаат страв од висина и да бидат подготвени да работат во ветровито окружување.

Работните часови на вработените ќе бидат согласно законската регулатива, односно вработените ќе треба да бидат подготвени да работат ви смени и во зависност од темпото на активности кои треба да се реализираат да се подготвени да работат по неколку прекувремени часови во работните денови како и за време на викендите.

Вработените лица на овој проект, ќе имаат можност со стекнатото искуство на овој проект да добијат и идни ангажмани на слични проекти на компанијата Актор во странство, бидејќи компанијата е секогаш насочена кон континуирано о6учување и ангажирање на квалитетни вработени на своите проекти.
Ако ги поседувате потребните способности и вештини, пријавете се, станете дел од успешниот тим кој ќе стои зад oваj грандиозен проект!

Сите заинтересирани можат да се пријават до 10 март 2014 на следната e-mail адреса: corridorx@aktor.gr

Извор: fakulteti.mk
 
Последно уредено:
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Канадска компанија е заинтересирана за инвестиција во Охрид. За наредната недела е закажан состанок при што ќе се разговара за изградба на капацитет во кој во првите три години би се вработиле 200 лица, најави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

http://www.ohridon.com/m-vesti/12072.html?task=view
[DOUBLEPOST=1393844053][/DOUBLEPOST]ова е одлично за Охрид
 
Последно уредено:

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Канадска компанија е заинтересирана за инвестиција во Охрид. За наредната недела е закажан состанок при што ќе се разговара за изградба на капацитет во кој во првите три години би се вработиле 200 лица, најави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

http://www.ohridon.com/m-vesti/12072.html?task=view
[DOUBLEPOST=1393844053][/DOUBLEPOST]ова е одлично за Охрид
Сериозно сега, во време на предизборна кампања ќе се појавуваат вести од типот "ми се јави газдата на странска компанија за на кафе, дај да го прикажеме ко можна инвестиција"? :tapp:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
http://www.b92.net/biz/vesti/region.php?yyyy=2014&mm=03&dd=02&nav_id=818470[DOUBLEPOST=1394033044][/DOUBLEPOST]
Ќе се гради трговско деловен центар во Скопје
Извор: fakulteti.mk
Се’ е тоа ок, но аман веќе од трговски- шопинг центри и маркети
јас колку што знам само сиромашните држави градат вакви објекти, додека богатите градат фабрики.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Украинска фирма ќе ископува бакар во Македонија и можно е да инвестира скоро 200 милиони долари во фабрика за производство на бакарни катоди, цевки и жици?
Еве што пишуваат медиумите за ова: http://www.alfa.mk/News.aspx?id=72526
 

Kajgana Shop

На врв Bottom