Работев некој период во магацин во еден поголем маркет (нема да откријам кој). Условите беа катастрофални, производите по година или две така стојат, прашина фатиле. По пат, додека ги распоредуваш потешките производи со дигалка, мора да пазиш да не згазиш некој стаорец/глушец. Гледам ти рече платата ти е 12.000... мене ми беше 8.000, и седум дена работиш, па тек дури 8 ден одмараш. Луѓето не ги делам по религија и нацоналност, но морам да кажам дека цела ден работев со нелуѓе. Како почетник сите ти се потсмеваат, дека нормално на почеток секоја работа е тешка, и не си искусен во работата. Среќа имаше двајца таму што можев да направам нормален муабет на раат, и да ми покажат како стојат работите таму. На почеток ми се курчеа тие постарите вработени како работеле по година или две во магацинот... сега пред некоја ден отидов во истиот супермаркет, еден не останал од курназите. Се нови вработени гледаш. Морам да признаам заради "колегите" ја напуштив работата, налет тоа што беше тешка, но неможев да ја трпам неправдата што ми ја правеа (кланови си имаа створено "луѓето").
Многу научив во тој краток престој таму... сега кога одиш во супермаркет да пазариш, подруго ги гледаш работите, морам да признаам дека некои производи и не ги купувам, се заради искуството што го научив и видов таму.
Што се однесува до мене, мој совет е ако не ти е толку потребна работата, ако имаш со што да го поминеш месецот, одма напуштај ја работата... не вреди здравјето да го арчиш за 200 евра. Башка тоа што не ти даваат барем еден слободен ден во месецот, па тури му к.рот бе брат. И ги молам тие што не ја работеле работата, да не коментираат (ќе се препознаат самите за кои зборувам), лесно е пред компјутер да се правиш јунак, но оди да те видам на дело покажи се, се кладам дека саат време нема да издржат.
Ремиз, најлесно во земјава да најдеш работа е во кладилница... било која, Копачка, Моцарт, Спортлајф, Бетсити... абе им цвета на нив бизнисот, секоја недела по 2-3 отвараат во Скопјево. Не е физичка работа, можеби малце луѓето ќе те замараат, но барем ќе си осигуран, и ќе работиш на чисто место.
Поздрав