Работа во магацин

Член од
24 јануари 2014
Мислења
5
Поени од реакции
2

Здраво , јас сум Ремис ... иам 26 години ... Ми треба совет од вас ,а гледам нема започнато тема во врска со оваа тема :) Работам во магацин (име "Натура дооел" ако е потребно) веќе недела и пол дена , детално, магацин за овошје и зеленчук, истровар за повеќе од познативе марктети носиме како Тинекс,Веро,Жито итн ... Ако е потребно на една палета пример побарувачка список, 10 кг јаболка ,5 кг зелка, целер итн , се мести на палета,доаѓа превоз од маркетот и си земаат ... платата си е 12 илјади месечно без никаков слободен ден,пријавен со здраствено осигурување ... но навистина ептен е физички напорна и тешка , уште од првиот работен ден повреди имав .... но јас не сум толку физички спремен , иам 98 килограми,178 см висина ... при крај на 8часовно време,ненормално нозете ти отекуваат , се прашуваш шо како ќе можеш да продолжиш да носиш роба,а 8 часа на нозе, носиш по 20 кг овошје во еден пакет и тоа над 15х на денот .... се прашувам , дали вреди да продолжам ова да го работам ... платата си е ок , но не вреди за трајните повреди шо може да ги имам, еднаш живеам во ова тело и не се враќам .... поентата е , дали да дадам отказ и да си барам друга работа ,пример, како келнер,продавач или не знам што,да останам и дека подобро ќе биде тука... едноставно хаос е во магацинот,нема организација,нема ништо,те тераат без пауза,без да да седнеш заради болки во нозете,sore feet ... Имам познавања од англиски и француски многу добро , компјутери одлично ,само средно имам гимназија скопје во Борис ,се случи животот ,факултет тоа е.... Навистина,навистина ми е потребен совет од очај ... се надевам дека и ќе ја покренам темава за некој што планира да работи во магацин а и работи моментално .... Работа во магацин е една од најчестите во Македонија , па би требало да има доста голема маса на искусни луѓе ... :)

Благодарам од се срце .... ;)
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Ако си младо, се знае што се прави од вакви места. Се краде! Ама се краде на легален начин ;) Знам пример за човек што работеше во "одредена" фабрика и отпадот што го фрлаа односно палетите, најлоните, пластиката ја собираше и си ја носеше со трактор/камион. Човекот си отвори отпад свој, и сега си вози X5-ка.. Значи снаоѓај се, сега е моментот да го користиш мозокот, оти после ќе биде веќе доцна.. Јас ова ти го кажав лаички, ама ако си дадеш доволно време и убаво да размислиш, можеш да најдеш егзистенција..
 
да ,така е ... имаш право , денеска е кој преживее ... но мене ми е криво шо , ненормално е голем притисок ,се гледа само да се спакува што побрзо да се завршат нарачките и нема одмор, можеби одмор од 10 минути во 8 часовно работно време за да седнеш да јадеш нешто ...
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Имам познавања од англиски и француски многу добро , компјутери одлично ,само средно имам гимназија скопје во Борис ,се случи животот ,факултет тоа е.... Навистина,навистина ми е потребен совет од о чај ...
со 26 години човеку се прашуваш дал да продолжиш да работиш за 200 евра ?!
а бе,не си го упропастувај животот- бегај гс преку глава во странство, изумреа патриотите оддамна од проста причина што колку повеќе ја сакаш татковината , толку помалку и’ се допаѓаш ти на неа
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
5
Поени од реакции
2
со 26 години човеку се прашуваш дал да продолжиш да работиш за 200 евра ?!
а бе,не си го упропастувај животот- бегај гс преку глава во странство, изумреа патриотите оддамна од проста причина што колку повеќе ја сакаш татковината , толку помалку и’ се допаѓаш ти на неа
контра ефект ... акција - реакција .. :LOL:
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Да бев на твое место одма ќе дадев отказ. Не би си го упропастил здравјето за едни 12.000 денари без слободен ден во неделата. Можеш да имаш трајни последици од носење премногу тешко, така да најдобро ќе ти биде да си бараш друга работа. А исто така можеш да отидеш и во Грција на работа од април месец, ем ќе заработуваш ем ќе уживаш на остров.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.306
Поени од реакции
3.043
Сигурно дека имаш многу фактори во игра и појма неам каква ти е ситуацијата.... али јас на твое место би дал отказ.
 
Член од
24 јануари 2014
Мислења
5
Поени од реакции
2
Сигурно дека имаш многу фактори во игра и појма неам каква ти е ситуацијата.... али јас на твое место би дал отказ.
работата е што нема организација на работа,се во момент се работи ,нема пауза,сите што работат таму,скоро се цигани таму , млади и стари по 40/50 години , многу малку македонци,јас и уше тројца,за цело ова време шо работев,си отидоа двајца шо работеа 3 месеца,а завчера на чко Владо,53 години,ненормален висок притисок,падна пред сите и го пушти ја да си оди дома , не седнуваш ич значи ... дали е ова нормално за магацин атмосфера , можеби и некој работел во оваа фирма , се вика Натура ДООЕЛ ,се наоѓа кај Толту во Шуто Оризари ....
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.299
Поени од реакции
4.681
Ако си младо, се знае што се прави од вакви места. Се краде! Ама се краде на легален начин ;) Знам пример за човек што работеше во "одредена" фабрика и отпадот што го фрлаа односно палетите, најлоните, пластиката ја собираше и си ја носеше со трактор/камион. Човекот си отвори отпад свој, и сега си вози X5-ка.. Значи снаоѓај се, сега е моментот да го користиш мозокот, оти после ќе биде веќе доцна.. Јас ова ти го кажав лаички, ама ако си дадеш доволно време и убаво да размислиш, можеш да најдеш егзистенција..
Сериозно ова? Мислам ти навистина веруваш во ова???
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.659
Поени од реакции
11.670
Немојте бе сите сега "ќе даам отказ", ќе ве направат мрзеливи татините галеничиња или бегалците во странство што се врткаат по форуми. Се вика: ќе издржам до крај, за татковината, за иднината, за газдата! Ќе умрам ама не давам отказ...со ова "умрам" ми текна на популарна изрека од еден грчки газда. Освен што им правеше проблем за одење во ВЦ ако се разболеа и сл. им викаше: умриш - не дојдиш!
Иди док си млад дебели...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.179
А веќе ако си решил да бегаш , што е сосем нормално, прво да си побараш друга работа не ке направиш лошо.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.283
Поени од реакции
45.747
Стаи си на кантар- колку ти е потребна работава (т.е парите) дали и кога можеш нешто друго подобро да најдеш па пресечи. Сум работел нешто слично на ова (можда и бетер ) и знам како како ти е, јас сум спиел на стомак од што бе болел грб и сум шарал сабајле со курот по плочки од што ми се треселе раце, ама немав чаре па морав да истрпам.
Тоа дека вреди за 200 евра не вреди, млад си, а кичмата еднаш се заебува така да ја би ти рекол да си дадеш отказ.
 
Ф

Флеш

Гостин
Немојте бе сите сега "ќе даам отказ", ќе ве направат мрзеливи татините галеничиња или бегалците во странство што се врткаат по форуми. Се вика: ќе издржам до крај, за татковината, за иднината, за газдата! Ќе умрам ама не давам отказ...со ова "умрам" ми текна на популарна изрека од еден грчки газда. Освен што им правеше проблем за одење во ВЦ ако се разболеа и сл. им викаше: умриш - не дојдиш!
Иди док си млад дебели...
Абе и ти сега не биди идиот ... го разбирам како му е на дечково ,тебе да те гњават без никакви стандарди,да мкнеш 20 кг зелка и тоа многу пат во денот,па оставаш,па пак назад,значи без воопшто да застанеш а шефот ти јае гомна без прекин .... Ако е паметен нека бега одма брзооооо !!! Чим знае супер два јазика и компјуте,ако има искуство како келнер или шо не знам,нека размисли еве како мене нека аплицира за на брод ... ќе заработува колку македонски гомнојадец од пратеник и може да прошета каде сака на места како Мексико,Порто Рико,Мајами,Доминиканска .... јас аплицирав веќе ... нека го побара Тончи на форумов и нека му помогне ... супер момак е ,ќе му помогне :) Без гајле .. се работи за тебе !!! важно е да си здрав и жив (y)
 
А шо реков јас? Му реков иди док си млад - од фирмата а уште подобро ако има шанса од државата. Иначе од кај знаеш дека јас не го разбирам...бреј шо лујџе сте :cautious:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
платата си е 12 илјади месечно без никаков слободен ден,пријавен со здраствено осигурување ..
Платата е мизерија, за споредба мој познаник работеше во магацин за 21.000. Сега му е качена на 27.000.
Работи турбо како тебе, ама барем знае зошто работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom