Работа во магацин

Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
Дечкото ни е престарен, да запали патиките било каде да иде ќе си најде работа каде ќе му биде ценет трудот.
Толку.
Ако си најде лесно друга работа каде ке му биде понецет трудот слободно нека дава отказ мене тоа воопшто не ме засега ама да не се кае после, да не биде нашол па зашол. Он си знае најдобро :)
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Да другар, и тврдам дека е вистина. Човеков работеше во фирмата одредено време за 10.000 и првен возеше едно Тико и собираше палети и пластика, најлони се и го носеше во отпад.. Викаше дека зимал околу 5.000 месечно од пластиката, а палетите по 5 денари од парче... За година и пол изгледа му збрмчело малце во главата и имаше празен плац, го загради и отвори отпад за пластика и најлон, ги праќаше на рециклажа негде ваљда и еве човеков сега 4 години си е газда значи успеа да постигне нешто ама се е ствар на среќа знаеш како е... Не му викам јас дека ако проба 100% ќе успее, ама зошто да не проба.. :) поздрав
Jaс знам еден од Велес збираше бакарни жички, буквално одделуваше бакар од кабли со нож и со ренолче ги препродаваше од отпад во отпад. Склад му беше една искршена гаража која му ја обивавме како деца, му крадевме бакар и го продававме. Сега типот има огромен отпад, не знае колку станови има, колите за него се решен проблем и има керка со која сакам да си раскажувам приказни за возрасни. :)
 
Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
И јас работам у магацин, дигам кутии по 20 кила, просек по 10 палети на ден, 12 кутии на палета значи 120 кутии,2400 кила. Прво ги качувам на палета, после ги носам у друга просторија пак ги растоварам, тоа испага скоро 5 тона на ден, и работам за ебана минималка од 8050 денари. Башка тоа шо може у секој момент после работно време да ми се јават да идам пак дали за товарање или растоварање шлепер. Знам не сум нормален али кога нема и тоа е добро. Цени ги тие 12К шо ги зимаш и не биди пичка.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.626
Поени од реакции
81.464
Работев некој период во магацин во еден поголем маркет (нема да откријам кој). Условите беа катастрофални, производите по година или две така стојат, прашина фатиле. По пат, додека ги распоредуваш потешките производи со дигалка, мора да пазиш да не згазиш некој стаорец/глушец. Гледам ти рече платата ти е 12.000... мене ми беше 8.000, и седум дена работиш, па тек дури 8 ден одмараш. Луѓето не ги делам по религија и нацоналност, но морам да кажам дека цела ден работев со нелуѓе. Како почетник сите ти се потсмеваат, дека нормално на почеток секоја работа е тешка, и не си искусен во работата. Среќа имаше двајца таму што можев да направам нормален муабет на раат, и да ми покажат како стојат работите таму. На почеток ми се курчеа тие постарите вработени како работеле по година или две во магацинот... сега пред некоја ден отидов во истиот супермаркет, еден не останал од курназите. Се нови вработени гледаш. Морам да признаам заради "колегите" ја напуштив работата, налет тоа што беше тешка, но неможев да ја трпам неправдата што ми ја правеа (кланови си имаа створено "луѓето").
Многу научив во тој краток престој таму... сега кога одиш во супермаркет да пазариш, подруго ги гледаш работите, морам да признаам дека некои производи и не ги купувам, се заради искуството што го научив и видов таму.
Што се однесува до мене, мој совет е ако не ти е толку потребна работата, ако имаш со што да го поминеш месецот, одма напуштај ја работата... не вреди здравјето да го арчиш за 200 евра. Башка тоа што не ти даваат барем еден слободен ден во месецот, па тури му к.рот бе брат. И ги молам тие што не ја работеле работата, да не коментираат (ќе се препознаат самите за кои зборувам), лесно е пред компјутер да се правиш јунак, но оди да те видам на дело покажи се, се кладам дека саат време нема да издржат.
Ремиз, најлесно во земјава да најдеш работа е во кладилница... било која, Копачка, Моцарт, Спортлајф, Бетсити... абе им цвета на нив бизнисот, секоја недела по 2-3 отвараат во Скопјево. Не е физичка работа, можеби малце луѓето ќе те замараат, но барем ќе си осигуран, и ќе работиш на чисто место.

Поздрав (y)
 
Ф

Флеш

Гостин

типичен Македонец .... :D Таму беше лошо ,ама не кажувам кој ... значи кажи кој Маркет , шо како ,покажи муда ... ако не се каже ,може и да ескалира во поголем проблем ... подобро да се спречи порано,отколку подоцна да се лечи .... дечково си кажа во кој Магацин е , Натура и сега сите се предупредени дека лошо нешто има таму,значи ставено им е до внимание .... Предупредени се .... бреј Брејв Харт сте сите тука , ебате менталитет :facepalm::ROFLMAO:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Ете ти едно видео он и оф топик е ;)

Да видиш како се работи во магацин за најголемиот светски бренд за онлајн трговија Амазон

Инаку таа е реалната плата кај нас, јас работам на струката со високо образование за 12к месечно 6 дена во неделата. Се тешам дека вреди затоа што не работам физичка работа и седам на биро !
 
Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Jaс знам еден од Велес збираше бакарни жички, буквално одделуваше бакар од кабли со нож и со ренолче ги препродаваше од отпад во отпад. Склад му беше една искршена гаража која му ја обивавме како деца, му крадевме бакар и го продававме. Сега типот има огромен отпад, не знае колку станови има, колите за него се решен проблем и има керка со која сакам да си раскажувам приказни за возрасни. :)
Тоа е друже, среќата опалува ретко, ама кога ќе опали..... Инаку ти посакувам се најубаво со ќерка му.. :D
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Дај отказ и седи си дома здрав и без умор додека да остариш.еднаш се живее зашо уопште да работиш:D.друга работа е што не си единствен што ја работи таа работа,има многу како тебе па не умреле а има и со многу полоша работа од таа твојата.замисли да работиш у некој ладилник(ете пример има еден у неготино,и зимно време одат мажи и жени работат),ем ке бидеш на -10 ем ке креваш тежина по цел ден.а и секој се навикнува со тек на време.да ти кажам право и да седиш по цел ден не е лесно.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Бегај од таму,но прво најди на друго место.
Пробај во КАМ маркет во магацинот стално бараат и примаат (до пивара)
А потоа на брод.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Бегај од таму,но прво најди на друго место.
Пробај во КАМ маркет во магацинот стално бараат и примаат (до пивара)
Од тигањ у тавче?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Работа 10-12 часа без пауза,слободен ден,втора смена па прва,одморот прво да го одработиш,не смееш ни да се разболиш.Ако згрешиш работејќи несакајќи нешто одма 20% од плата и сите овие рабори се трпат за мизерни месечни примања од 8-12к денари
Ебате банана државава само гледа некој правилник или закон да донесе со кој подлабоко ќе ти брцне во прзниот џеб,а да платиш казна мора кредит да земеш па извршител да те одере до коска.
Одамна и мене ми врие само незнаам до кога па се што имаам ќе продадам,вработени на улица ќе оставам и на средни години ќе престанам патриот да бидам.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Работа 10-12 часа без пауза,слободен ден,втора смена па прва,одморот прво да го одработиш,не смееш ни да се разболиш.Ако згрешиш работејќи несакајќи нешто одма 20% од плата и сите овие рабори се трпат за мизерни месечни примања од 8-12к денари

Одамна и мене ми врие само незнаам до кога па се што имаам ќе продадам,вработени на улица ќе оставам и на средни години ќе престанам патриот да бидам.
Фринџ во еден универзум си работник, во друг паралелен си работодавач според твојот коментар ;-)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom