Богомили

Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Впрочем православните попови и денес во 21 век го прават истото, клеветејќи за речиси сите други верски заедници (коректно регистрирани во уставот на РМ) дека пијат крв од жртвувани бебиња, имаат секс оргии, демек ги учат луѓето да се самоубиваат и слични глупости.
Баш ме интересира кој е тој православен свештеник кој пиел крв и ги учел да се убиваат луѓето.Дај доказ или некој факт.
Не можев да не те цитирам зошто сосема погрешно зборуваш и не знаеш што зборуваш не клевети и измислувај работи.Како Христијанин свесен си дека правиш грев.
--- надополнето: 4 април 2013 во 22:46 ---
Богомилите може да се каже дека биле вистинските верници зошто вистински го гледале светот и власта и доколку се придржувале само кон Библијата.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Баш ме интересира кој е тој православен свештеник кој пиел крв и ги учел да се убиваат луѓето.Дај доказ или некој факт.
Не можев да не те цитирам зошто сосема погрешно зборуваш и не знаеш што зборуваш не клевети и измислувај работи.Како Христијанин свесен си дека правиш грев.
Погрешно си ме разбрал пријател. Јас не реков дека православните свештеници пиеле крв или поучувале за самоубиство, туку дека тие (некои од поповите) лажно велат (клеветат) дека тоа го прават скоро сите други верски заедници - кои патем се легитимно регистрирани верски заедници во уставот на РМ, а не некои окултни секти што се собираат во подземјето и жртвуваат бебиња и потоа ја пијат нивната крв, а после имаат групни оргии и сл.

Богомилите може да се каже дека биле вистинските верници зошто вистински го гледале светот и власта и доколку се придржувале само кон Библијата.
Се сложувам, под услов, како што велиш, доколку се придржувале само кон Библијата.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Богомилите може да се каже дека биле вистинските верници зошто вистински го гледале светот и власта и доколку се придржувале само кон Библијата.
Богомилите верувале дека материјалниот свет е создаден од ѓаволот, што мислиш тоа е или не е според библијата?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Од каде ти се овие информации? Од кој извор?
Чорбаџија, во сегашно време барем е лесно да се дојде до информации.

The Bogomils had a system of altered traditional orthodox beliefs and rituals. The essence behind their teaching was a dualistic doctrine that the world is divided by God and Satan (good and evil). God rules the spiritual part of the world, and Satan the material. They regarded every material being to be the work of Satan. They also opposed established forms of government and church, which brought them close to modern anarchists

извор
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Од каде ти се овие информации? Од кој извор?

Ако богомилите верувале во исти концепт со гностиците тогаш Yaldabaoth се викал....иначе бил полу-бог. Софија му била мајка и т.н.
Yaldabaoth го создал светот без знаење на вистинскиот Бог....ова е од анатемисаните евангелија.
http://gnosis.org/naghamm/apocjn.html
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџија, во сегашно време барем е лесно да се дојде до информации.
Лесно е да се дојде и до дезинформации. Малку повеќе труд треба за да се дојде до веродостојни информации. Мене богомилите не ми се поле од интерес и затоа ме мрзи да барам, па те прашав :)

The Bogomils had a system of altered traditional orthodox beliefs and rituals. The essence behind their teaching was a dualistic doctrine that the world is divided by God and Satan (good and evil). God rules the spiritual part of the world, and Satan the material. They regarded every material being to be the work of Satan. They also opposed established forms of government and church, which brought them close to modern anarchists

извор
Википедија не може да биде извор сама по себе, освен ако информациите што некој ги постирал таму не се поткрепени со соодветни извори (историски документи), извори кои што можат дополнително да се проверат.
На Википедија веднаш над текстов што го цитираше пишува:

Wikipedia напиша:
Source texts

Possible source texts for Bogomil doctrine include:
  • Pop Jeremya's "The Story of the Cross-tree" and "The Prayer against Fever"[17]
The possible Bogomil use of pseudepigraphic texts:
Ако кликнеш на тоа „Pop Jeremya“ ќе те однесе на следниов линк „http://en.wikipedia.org/wiki/Jeremiah_(Bulgarian_priest)“ каде што историчарот јордан Андреев пишува дека делата на попот Еремија (меѓу кои и Tale of the Cross Tree - наведеното дело како извор на богомислките доктрини) не се поврзани со богомилството, туку со некој поинаков поглед кон христијанството.

Wikipedia напиша:
Jeremiah was the author of a number of apocryphal texts, most notably Tale of the Cross Tree, and several fables. Due to their heretical nature, his works were included in medieval indices of forbidden books. According to Andreev, Jeremiah's works do not contain any traces of Bogomilism, but rather a different look at Christianity.[3][5]

Извори:
^ a bАндреев, јордан; Лазаров, Иван; Павлов, Пламен (1999). Кој кој е в средновековна Б'лгарија [Who is Who in Medieval Bulgaria] (in Bulgarian). Пет'р Берон. p. 177. ISBN 978-954-402-047-7.
^ History of early Russian literature Nikolaĭ Kallinikovich Gudziĭ - 1970 -"... Greek indexes but also those circulating in Bulgaria, particularly— and in considerable numbers— the Bogomil apocryphas, here attributed to Pope Jeremiah "
Затоа реков дека не е така едноставно и малку е потешко да се најде веродостојни историски извори за вистинските верувања на богомилите, со оглед на фактот дека нивната литература била запалена од православните, и повеќето информации што ги имаме за нив се од нивните противници - православните.

Еве на пример што вели за богомилите нашиот Кочо Рацин:

„Ке се зачуди ли некој кога ке чуе како кај нас у X век живеале и држале пламени проповеди таквиа лугје, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители от XVII в.?
...
Арно ама, ако далечното минало ги скри во темно тиа наши славни лугје, ако огинот и ножот, па пакозот и бесот на православните калугери и славјанските феодали ргна да го сотре споменот за ним — останала пак, во историата на човечката борба, светлата истина за богомилите. Чунки пак се навогја по некоа трага нимна! Останале клеветите и лагите на црковните отци, кои со това го бранеле мракот и власта на своите господари. Останале анатемите, повелите и законите, и индексите на забранените богомилски книги.“...
Напишано: 1939
Извор: Кочо Рацин „Стихови и проза“, „Култура“, Скопје, 1966, 180-195 стр.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Од истиот извор:

Кочо Рацин „Стихови и проза“ напиша:
1. Богомилите учеле дека господ не го создал небето, земјата и сичко што се навогја на неја, па и феодалното уредуење на светов.

2. Своите верни ги учеле да го мразат крстот, да не го целивајат, да не му се клањајат, чунки па крст Евреите го распнале Исус, човекот што учел најголемите вистини, па како може христианец да милуе крст?

3. Говореле дека причеста не е по заповед божја, не е тело и дух божји, ами, викале, „просто брашно и вода“ и „сок от винова лоза“.

4. За редот што владеел во црквата, за нејзиното уредуење со главатари, владици и разни јадачи, за нимниот раскош, за манастирите, калугерите и поповите, викале да се гјаволски, ги мразеле и плукале.

5. Стариот завет, пророците и сичко што они учеле, како и 10 заповеди од Мојсеа, не ги признавале како гјаволски.

6. Учеле, дека Исус Христос не бил роден от никаква богородица, ами от проста жена, и бил прост човек, дурмаджија, а Евреите го распнале на крст оти ги критикуел и учел што е вистина. Не веруеле да воскреснал, не признавале да има задгробен живот, и учеле, дека душата е искра от истината што се стива со пламењот – вечниот бог.

7. Ги некјеле иконите, ги фрлале от црквите, и ги сметале за прости штици. Викале, тија што се на ним не се светци ами прости човеци а само теле можело да мисли да е човек светец.

8. Не признавале никакво крштавање, ни со вода ни со „дух“.

9. Не веруеле да Христос правел чудеса и викале да е това сичко измислено от поповите.

10. Учеле дека феодалите и господарите не се от бога, никоа власт над човека не е от бога, и ги мразеле и нагрдуеле сите силници и јадачи на светов, и на секој роб му викале да не работи на господарот свој.

11. Сакале да се уреди општествениот живот на старохристиански и старославјански начин. Не признавале никаква власт и от сичко на веков највечку ја ценеле слободата на савеста и на човека.
Ете гледаме во што верувале богунемилите, ете гледаме дека тие не Го почитуваат Господа Иисуса Христа како Богочовек, хулат на светата Причаст, на светата Мајка Црква, на Пречистата Мајчица Богородица, на воплотувањето на Бога Словото...
И после ќе се чудиме зошто од коските на светиот крал Стеван Немања (кој со Божја помош ги гонел проклетите богонемили), во иночество Симеон, протекло миро... Тој не ги гонел јеретиците, ами ѓаволите во плот! И не за џабе светата рака на светиот презвитер Козма напишала, не се тие богомили ами тие се богонемили!
Најинтересно при Страшниот Суд ќе ми биде да ги гледам коалициите што против Црквата ќе ги направат ѓаволите, јеретиците (старите - аријанци, несторијанци итн и новите псевдохристијански и псевдопротестантски). Ама „С нами Бог, разумјејте јазики и покарјајтесја јако с нами Бог!“.

Во продолжение го приложувам и Синодикот на благочестивиот и благоверниот Болгарски цар Борил против триклетите еретици богонемили.

Борилов синодик напиша:
38 [45]. Поради тоа што селукавиот наш враг ја расеа по целата бугарска земја манихејската ерес, откако ја смеша со месалијанската, на оние, кои што се основоположници на таа ерес, анатема,

39 [46]. [На] поп Богомил, кој што при Петар, бугарскиот цар, ја прими таа манихејска ерес и ја распространи во бугарската земја, откако придодаде и дека Христос нашиот Бог се родил од светата Богородица и приснодева Марија само привидно и привидно бил распнат, а примената плот ја вознесол и ја оставил во воздухот, нему, на неговите минати и тековни ученици, наречени апостоли, анатема.

40 [47]. И на сите, кои што ја поддржуваат таа ерес, на нивните обичаи, нивните ноќни собранија и таинства и бесполезното нивно учење, како и на они, кои што одат со нив, анатема.

41 [48]. [На] оние, кои што се сакаат со нив и во еднодушие со нив јадат и пијат и земаат дарови од нив како нивни истомисленици, анатема.

42 [49]. [На] оние, кои што на 24-от ден од месец јуни, на Рождеството на Јован Крстител гатаат со влечење на плодови и вршат секакви скверни и подобни на паганска служба таинства во таа ноќ, анатема.

43 [50]. [На] они, кои што го нарекуваат сатаната творец на видливите нешта и го нарекуваат распоредител на дожд, град и на се`,што излегува од земјата, анатема.

44 [51]. [На] оние, кои што говорат,дека сатаната ги создал Адам и Ева, анатема.

45 [52]. [На] оние, кои што ги отфрлаат свештените писанија, што боговидецот Мојсеј, Илија Тесвитјанин и останатите свети пророци и патријарси ги примија од Бога, и кажуваат, дека тие се на сатаната, и тие, поттикнувани од него, го напишале она, што го напишале и она што го кажаа за Христос, и без да сакаат и по принуда говореле и поради тоа богомилите ги отфрлаат напишаните во Стариот завет книги и просијавшите во него свети пророци, анатема.

46 [53]. [На] оние, кои што велат дека жената зачнува во својата утроба со содејство на сатаната и оттогаш сатаната пребивава неотстапно дури и до раѓањето на младенецот, и не може да биде прогонет преку светото крштение, но само преку молитва и пост, на оние, кои што говорат така, анатема.

47 [54]. [На] оние, кои што го навредуват Јован Крстител, кога велат, дека тој доаѓа од сатаната, како и крштението во вода, и поради тоа го отфрлаат водното крштение и се крштеваат без вода,кажувајќи ја „Оче наш”, анатема.

48 [55]. [На] оние, кои што ги отфрлаат сите пеења во свештените и Божествени Цркви и од самиот дом Божји, каков е црквата, и кажуваат, дека треба да се пее само „Оче наш”, на било кое место да се наоѓаат, анатема.

49 [56]. [На] оние, кои што ги отфрлаат и навредуваат светата и свештена служба и целото светителско устројство, кога велат, дека тие се пронајдок на сатаната, анатема.

50 [57]. [На] оние, кои што ги отфрлаат и се потсмеваат на причестувањето со чесното тело на нашиот Господ Исус Христос, како и го отфрлаат и целото таинство, кое било извршено од Христа Исуса нашиот Господа заради нашето спасение, анатема.

51 [58]. [На] оние, кои што го отфрлаат поклонувањето на чесниот и животворен крст и на светите и свештени икони, анатема.

52 [59]. [На] оние, кои што примаат некого од тие еретици во светата Божја црква, пред нивно исповедување и проколнување на целата ерес, како што е кажано, анатема.

53 [60]. [На] Василиј Врач, кој што во Константиновиот град ја расеа таа триж проколната богомилска ерес при православниот цар Алексиј Комнин, анатема.”

извор:
http://orthodul.wordpress.com/2010/08/06/%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BA-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA/

На благоверниот цар Борил, на светиот Иларион Мегленски, на преподобниот Симеон Мироточиви, на праведниот презвитер Козма вјечнаја памјат!
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Од истиот извор:



Ете гледаме во што верувале богунемилите, ете гледаме дека тие не Го почитуваат Господа Иисуса Христа како Богочовек, хулат на светата Причаст, на светата Мајка Црква, на Пречистата Мајчица Богородица, на воплотувањето на Бога Словото...
И после ќе се чудиме зошто од коските на светиот крал Стеван Немања (кој со Божја помош ги гонел проклетите богонемили), во иночество Симеон, протекло миро... Тој не ги гонел јеретиците, ами ѓаволите во плот! И не за џабе светата рака на светиот презвитер Козма напишала, не се тие богомили ами тие се богонемили!
Најинтересно при Страшниот Суд ќе ми биде да ги гледам коалициите што против Црквата ќе ги направат ѓаволите, јеретиците (старите - аријанци, несторијанци итн и новите псевдохристијански и псевдопротестантски). Ама „С нами Бог, разумјејте јазики и покарјајтесја јако с нами Бог!“.

Во продолжение го приложувам и Синодикот на благочестивиот и благоверниот Болгарски цар Борил против триклетите еретици богонемили.




На благоверниот цар Борил, на светиот Иларион Мегленски, на преподобниот Симеон Мироточиви, на праведниот презвитер Козма вјечнаја памјат!
Kako ги гонел?
Сакаш да кажеш биле убивани од него со божја помош?
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Kako ги гонел?
Сакаш да кажеш биле убивани од него со божја помош?
Најголем дел ги протерувал од својата држава (како и останатите еретици) во Босна и им го конфискувал имотот, друг поголем дел се откажал од своето зловерие, и најмалиот дел од нив и завршиле на клада или пак добиле телесно наказание. Главниот водач во Србија си поминал само со пресечен јазик. Во законикот на цар Душан пропишано е телесно наказание.
Да нема забуна во времето на прогонот свети Симеон Мироточиви бил крал Стеван Немања.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Најголем дел ги протерувал од својата држава (како и останатите еретици) во Босна и им го конфискувал имотот, друг поголем дел се откажал од своето зловерие, и најмалиот дел од нив и завршиле на клада или пак добиле телесно наказание. Главниот водач во Србија си поминал само со пресечен јазик. Во законикот на цар Душан пропишано е телесно наказание.
Да нема забуна во времето на прогонот свети Симеон Мироточиви бил крал Стеван Немања.
Со помош на Бог?
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Нормално со Божја помош, исто онака како што со Божја помош Израилот ги победи Ог царот Васански и Сион царот Аморејски. Исто онака како што Бог ги сотре сите првенци Мисирски од човек до скот. Исто така како што Бог ги издави војските фараонски.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Нормално со Божја помош, исто онака како што со Божја помош Израилот ги победи Ог царот Васански и Сион царот Аморејски. Исто онака како што Бог ги сотре сите првенци Мисирски од човек до скот. Исто така како што Бог ги издави војските фараонски.
Тој бог е се само не е Бог....куртон би рекол.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Штета што немаме закон за богохулие, како секоја нормална држава...
Радуј се што не ги собираат лудите за секоја изјава, за друго немај гајле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom