Како да се освои и задржи женското внимание?

D

dirty angel

Гостин
Чекај, чекај..чекај.....како тоа 6 оргазма у 2 часа :eek: дај подобјасни малку???
Дечки не знам стварно што ви е толку чудно o_O. Па по 15 мин секс, и по 10 да кажеме паузи... за 2 саати некаде имаме доживеано 5 - 6 оргазми. Е сега зависи, тоа се десило на пр. коа не сме имале односи недела дена, за почесто може до 2-3. Не сум којзнае колку искусна (али не сум малолетна фала богу), но тоа е ситуацијава и ја споделувам со вас :P.
 
S

Stef Bachatero

Ти си нашла добро коњче за јавање(љубовник) ;)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Или тој добра женска :P...
Мажот е лидерот,жената столбот.
Без мажи вие сте само марионетка на своите емоции.
А без добар секс врската не прогресира.
Сепак за тоа се врските добар секс и добро јадење :)
 
W

Werther

Гостин
Мажот е лидерот,жената столбот.
Без мажи вие сте само марионетка на своите емоции.
А без добар секс врската не прогресира.
Сепак за тоа се врските добар секс и добро јадење :)
Стеф редовно ги читам твоите мислења и совети во овој подфорум и мислам дека многу ми помагаат.Секојдневно минувам низ љубовни потешкотии,но благодарејќи на твоите совети успевам да пројдам полесно.

Може ли некој совет за "корпите" да ми дадеш,мислам дека многу тешко ги доживувам.

Ти благодарам,однапред.
 
Корпите се дел од животот,исто како успехот треба секогаш да го прифатиш тоа и да го надминеш тоа.
Прво нешто што ќе ќе те прашам е што е проблемот со корпите?
Страв од одбивање?
Не си доволно добар за неа?
Се плашиш од својата сексуалност?
Тие прашања и твојата потсвест тргни ги на страна.
Потсвеста твоја е најголем алат за успех во било што дали е жени,дали е работа што сакаш да ја добиеш и позитивното мислење кон себе е правилниот начин на гледање на работите.
На крајот на денот секоја корпа што сум ја добил ми кажала дека таа личност не е за мене или дека мојата енергија не е како што јас мислам дека е.
Е тука е бељата а жените се суптилни суштества можат се да те осетат што сакаш,во рок од 5 секунди.
Тие се движат од емоциите и колку и да сакаш некоја да ти биде твоја без ти да се сакаш себе нема ништо да успееш.
Можеби си млад но сепак ќе доживееш поголеми разочарувања од некој корпи,а тоа ти е како тест за издржливост,на крајот на денот барем ти направила услуга со тоа што ти рекла не,да не си го трошиш времето на неа.
Како да го преминеш тоа е многу долг процес на учење и исклучување на емоциите кога се пушташ на некоја,биди си најнормален и се што ќе каже девојка не си го ставај при срце.
Емоциите не се за давање и тие треба да се заслужат.
Тоа што би ти препорачал е градење на личноста ти и да не слушаш многу совети од секој.
Pick up artist се многу манипулативни работи и дел од нивните работи ги користам,дел не зашто не се што ќе прочиташ функционира.
Почни со себе:
Погледни се во огледало и кажи си ги сите позитивни работи за себе и за таа девојка што сакаш да ја имаш.
Замисли дека секоја девојка те посакува и ти си баран човек,ако не си ти препорачувам да најдеш некоја работа што ја сакаш и да почнеш да се отвараш према сите луѓе.
Потоа запиши си на лист што сакаш од некоја девојка:
Каков карактер,како треба да изгледа,што прифаќаш кај една девојка,што нема да прифатиш и биди маж кога ќе ја премине таа линија биди спремен да ја замолчиш и да ја казниш со тоа што ќе се тргнеш и ќе и кажеш дека нема да ги трпам твоите драми и кучкести понашања,јас сум тој што ја води ситуацијата и јас одлучувам што ќе биде со нас,не обратно.
Работи што треба да ги подобриш:
1.Самодоверба
2.Хумор
3.Комункативност и луѓе
4.Статус
5.Да имаш барем 5 другарки што имаат добро мислење за тебе
6.Да си добар љубовник
7.Амбиција
8.Лидерство
9.Изглед
10.Стил
Последно нешто што ќе додадам е прави си ти како што си замислил и прави го тоа што сакаш,на патот на успехот ќе зграпчиш нешто.
И не се срами од тоа што си,но секогаш подобрувај се во секој аспект.
Тоа е мојот совет :)
 
W

Werther

Гостин
Фала ти Стеф,од кога почнав да ги читам твоите постови и совети на форумов,во врска со жените многу подобро ми оди.

Фала ти и продолжи да даваш вакви совети,на многу изгубени души им помагаат.
 
Вие не сте изгубени туку не сте се пронашле себе.
Секогаш ставај се ти на прво место,потоа се друго.
Тоа ми е професија да помагам на луѓе :).
Затоа сакам да сум тренер,зашто добро објаснувам и имам многу трпение :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Ќе те испозатвора бе чоек, не сме Холандија. :pos: Оваа нема ни 16.
то и се поени од трофеи бе.. 15. - не се години, А нек си расти таа, јас не и бранам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom