5 години од смртта на Тоше Проески

Статус
Затворена за нови мислења.
R

Rigel Kent

Гостин
Според мене е одлично, одлични снимки има, разговори, баш ги опфаќаат сите аспекти од тоа што беше Тоше.
Делот со операта... знаев дека е одличен, вонсериски, ама ова ме остави буквално без збор.

Мартин Вучиќ НЕ го познав! Промена за 180 степени!!!!
Da ,site aspekti od negovata muzicka kariera gi opfatija.(y)
Inaku i jas odvaj go prepoznav Vucic , oslabnal premnogu
--- надополнето: 16 октомври 2012 во 23:45 ---
Nikogas nema da mu prostam na Noshpal sto go oblece vaka na Eurovision.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.781
Поени од реакции
22.922
Иако ретко го слушав, беше голем пејач, голем човек и вистински роул модел. Истото што го кажав и претчувствував a и се наѕираше во 2007ма непосредно после претрагичниот настан ќе го кажам и сега http://forum.kajgana.com/threads/Новинарите-се-ретардирани-Љиља-е-горда-а-Тоше-почива-во-мир.14127/page-4#post-1977938
Почивај во мир, иако за жал нема да те остават!
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Епа сеа,лесна му земја
Заеби холидеј,доста глумиш тврд типац.
Разбрав за смртта на Тоше истиот ден.Прв час физичко.Седнати сите да не запише наставникот.И ни кажува наставникот и сите ние ,,не бе Марче не зезаш,, . ама за жал не не зезаше,дури и он имаше солзи во очите а по насмеан човек од него нема.Требаше да бранам тој ден ракомет.бранев ама како да не бев таму,топките во мене одат а не ги гледам.
Паметам кога се запознав со него,имаше некој настап во полициската академија,мал бев ама бев пресреќен,имам и слика ама не е кај мене.Детенце малецко,со црвени обравчиња,застанато до тоше,а на Тоше до појас,и го гушка колку може.
исто паметам една емисија кога требаше да се донираат пари за некое девојче,кога тоше стана од емисија,отиде до банка,извади пари,и на рака му ги даде на детето :'(

тоше пријателе,почивај во мир,и ако си во можност,покажи му на господ што е ПРАв ангелски глас,а не тие неговите.
Цигарава ја палам во негова чест,ако не пушеше.
--- надополнето: 17 октомври 2012 во 00:16 ---

ајде ако ништо друго,барем по една виртуелна свеќа да запалиме за негова душа
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
5,10,15...50 да поминат истиот коб ќе остане.

Јас никогаш не сум ги сакала патетиките и затоа на нерви ми одат сите придавки кои ги користат за него повеќето кажани од луѓе кои во обидот да објаснат колку им фали и значел, само им даваат повод на овие аждериве, на кои сега социјалниве мрежи особено им се најдоа при рака за да фрлаат мизерни саркастични досетки на негово име. Катастрофа од народ.

Туку, ми се допаѓа како Игич секоја година му оддава почит на Тошка. Толку достоинствено, без патетика, како што заслужи човек како Тоше.

Човечина, легенда, ѕвер. Кога ми кажаа дека починал само една мисла ми одеше низ глава „сакам да го гушнам“. Мислам дека секој од нас ја имаше таа заштитничка мисла кон него, потребата да го вратат назад, да го зачуваат.

Чудо од човек, талент каков што нема да се види. Оние кои му замеруваат за дел од неговите песни, нека се запрашаат до кај стигна со 26, а колку квалитетни музички парчиња можеше уште да изваде. Па видете само на МТВ во колку жанрови го прикажаа.

Нејсе. Музиката ја ставам настрана. Една работа ми го кине срцето, што не дочека да ја најде својата поубава половина да има деца, да живее. Мака ми е за неговите родители, кои се душа од луѓе, со каков ли бол живеат тие не можам ни да замислам.

Никогаш нема да ја заборавам приказната за него што ја пишуваше веднаш по неговата смрт. Наводно, два дена пред загинувањето, Тошка се повлекол целосно во себе, не зборувал, не пеел низ дома, што било чудно за него. Кога го прашувале дали нешто не е во ред, не одговарал. А и по одржувањето на концертот во Скопје, на неговите на враќање кон дома во кола им викал „колку е убав животов, само да потрае“.

Што да ви кажам. Грутка во грло секогаш ќе стои заради него.

Е оваа песна можам да ја одвојам од него. Некако најмногу ми лежи на душа.

 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Игор Џамбазов за Тоше Проески : "Пријателе ќе се видиме наскоро сакале или не....но јас не верувам дека ќе дојдам таму каде што си ти.....ако фатам врски преку дедо Петре ќе биде лудо и незаборавно"..........
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Пет години поминаа а мене се` уште ми е тешко за зборувам (пишувам) за твојата смрт... Почивај во мир, твоето вистинско место е меѓу ангелите..
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.706
Поени од реакции
19.786
Најлошото тек сега иде.. кога вистински сме свесни што изгубивме, и тоа кој беше Тоше, таквите чисти срца не чукаат долго рече еднаш една многу блиска моја ...
Јас го запознав Тоше на Плаја Виста, згора на се човекот ми е генерација, тоа беше некој концерт кај тоа игралиштето, јас пошто бев таму цел ден, тој беше дојден порано и даваше автограми на една пластична масичка во сендвичарата... стоев немо без да се туркам, и ме погледна и ми рече: Девојче и ти сакаш автограм, а јас така збунета викам да сакам само немам лист.. ако не ти е проблем да ми се потпишеш на рака ќе биде кул, се насмеа само и зема еден маркер ми се потпиша на деснава ми рака и ми вика бар ќе ти трае неколку дена, не се мие така лесно... сувишни зборови, тага огромна, што и да се каже, направи сега, малку е, џабе е, ништо не го враќа, крвиво ми е ептен ми криво, што бар еднаш додека беше жив не го слушна она громогласно „ЕДЕН Е ТОШЕ, АЛЕА ЕДЕН Е ТОШЕ“.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
......Suza žene često krene,al' nebo zapiše samo kad muškarac zaplače.....
Toa bese Tose.

 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.827
Поени од реакции
8.482
Кога палеа свеќи на плоштад со денови после несреќата јас и другарми отидовме и се преправавме дека сме тажни. Се утепавме од мување девојки.

Иако не го слушав, секоја чест за дечкото. Права музичка легенда и можеби најпрепознатлив Македонски суперстар, а не ова копиите.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Кога палеа свеќи на плоштад со денови после несреќата јас и другарми отидовме и се преправавме дека сме тажни. Се утепавме од мување девојки.
Е, ова се вика немање осет:facepalm::facepalm::facepalm:
--- надополнето: 17 октомври 2012 во 13:06 ---

Ова се зборовите на Тоше Проески, кои неговите фанови нема да ги заборават и цитати кои секогаш ќе не сеќаваат на него.

1. Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно.
2. Човекот треба да биде инспириран, и го молам Бога да не ми ја зема инспирацијата за музиката и инспирацијата во животот.
3. Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.
4. Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.
5. Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.
6. Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.
7. Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.
8. Сакајте се! Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно.
9. Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.
10. Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.
11. За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо.
12. Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е сè дозволено - исто како во војната.
13. Сите ние луѓе, сме поврзани со некоја посебна сребрена жичка во својата душа.
14. Децата се дар од Бога и не можам да не им се радувам. Кога и да се до мене знам дека ме чуваат.
15. За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè!
16. Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.
Извор: Бркај работа
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.827
Поени од реакции
8.482
Зошто немање осет? Како машко сигурен сум дека Тоше ке го одобреше тоа. И он да бидеме реални и искрени се растури од мување тони девојки и девојчиња.

Не го слушав, не му ја сакам музиката али секоја чест на фраерот.
Мушки респект.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Зошто немање осет? Како машко сигурен сум дека Тоше ке го одобреше тоа. И он да бидеме реални и искрени се растури од мување тони девојки и девојчиња.

Не го слушав, не му ја сакам музиката али секоја чест на фраерот.
Мушки респект.
Се растури од мување, користејќи го талентот кој го имаше, а не на сметка на нечија несреќа или смрт. Има огромна разлика.
Ако навистина почитуваш некого, нема ни да ти падне на ум да муваш девојчиња ужалени од неговата несреќа.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.827
Поени од реакции
8.482
Ма јок.
Само ја искористив смртта на еден фраер како основа за почнување муабет. Еве јас кога ке умрам имате дозвола да ми ги мувате роднините и пријателките.

Сигурно не овулирале колективно типките на плоштад заради неговата смрт. Али она....„еее добар беше Тошката, штета така млад да отиде“ па на кафе и тако то.

Убаво си поминавме, што има лошо у тоа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom