Пренди - колкава плата земаат вработените?

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Не е работата во трудољубивоста, во исплатливоста е. Не работи само тој што не мора да работи - се има пари дома, па се турка некако. Ако дојде ножот до коска, сите знаат да станат работливи. Или да се зачленат во некоја партија.
Ако некој нема избор и ниската плата ќе му реши по некој проблем, под услов патните трошоци да не се високи, па ќе чека подобра можност во блиска иднина. Потполно се сложувам дека во секоја смисла на зборот, дека плата од 6000 денари е мизерна плата (само како пример е бројкава- некои земаат и помалку). За секоја работа. Тие пари не овозможуваат живот, со нив не можеш ни сметки да платиш, ни храна да купиш. Но некој едноставно нема избор во моментот. Веројатно е добра и во оној случај кога некој сака да им се симне од грбот на домашните, да не ги молзи за вечер.
Од друга страна, во повеќечлени семејства, во кои работат и земаат пензија неколкумина (ете нека бидат тоа и плати/пензии од 6000 ден.), кои притоа имаат и нешто земја, па си произведуваат и дел од храната (а овие не се баш малку, ама сигурно ги нема во центарот на Скопје) можат да живеат така. Тоа не е некој живот, ама се живее. Но, мислам дека се работи за понижувачки износи, да се грбави човек за неколку илјади, по цел ден да биде изложен на сонце како денешново - тука нема ништо достоинствено, се работи за злоупотреба, за безмилосно искористување. Ама како што реков, ако некој нема избор ќе работи се`, за секоја пара.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Читам јас добро. Таму каде што си имам роднини вкупна плата им е ~12.000$ за двајца. Па споредувај ти и пробувај да најдеш нзс.
Познавам јас луѓе во Скопје, што од цвеќари на пазарче (оти направија деца прерано, па мораа да се снајдат) стигнаа до доста имотни и богати луѓе, се на свој грб, ни држава, ни родители им помогнаа, па што? Мислиш сите можат така?
Јас ќе работам за 6000, ако не можам подобро од тоа, зошто 6000 се подобри, од ,тато дај ми пари за цигари,.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.123
Поени од реакции
8.912
Воопшто не се омаловажувам сама себе, животот во Грција е 3 пати поскап него животот во Македонија.
Не е важно само колку пари зимаш, туку и колку треба од нив да потрошиш.
Во Грција кутија цигари (eve Davidoff нека биде) е 4 евра, во Македонија е 2, кај што сум сега, тука, кутија Малборо е 6 долари, во Македонија ти е 2... па што има врска што заработувам 1000 евра месечно, кога трошоците (најосновни, храна, цигари, хигиена) ми се 600?
Тоа ти кажувам.
Во Македонија 1000 евра значат многу повеќе, него во Грција. Гркот во Грција со 1000 евра живее, како Македонецот во Македонија со 200.
Барем споредбите да ги направеше со некои основни продукти за живот а не со цигари кои во Европа и Америка веќе ги сметаат како "луксузно добро".
Инаку да секако дека стандардот на грците е намален меѓутоа срамно е да се споредуваат со нас, ние можеме да се споредуваме со Бугарите. Неможеш да кажеш дека е полошо да зимаш 1000 евра плата а да имаш основни трошоци 900 евра или кај нас да зимаш 200 евра плата а трошоци за живот за една фамилија се 500 евра.
Искрено не ми е јасно како преживува пола држава
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Познавам јас луѓе во Скопје, што од цвеќари на пазарче (оти направија деца прерано, па мораа да се снајдат) стигнаа до доста имотни и богати луѓе, се на свој грб, ни држава, ни родители им помогнаа, па што? Мислиш сите можат така?
Јас ќе работам за 6000, ако не можам подобро од тоа, зошто 6000 се подобри, од ,тато дај ми пари за цигари,.
Аман веќе со тоа мама - тато. Ако имаш фамилија маж, деца дали ќе ти помогнат тие 6000 - секако дека не.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Од тоа што сите сакаат да бидат господа-луѓе и да клатаат врата и зимаат плата(со повеќе нули) ............ ни пропадна државата .......... познавам многумина(и со дипломи и без дипломи) кои седат дома, бидејќи несакале да работат никаква работа за испод 20 илјадарки ........ епа нека си дремат дома ......... јас неможам на 26 год. да им барам пари на мајка ми и татко ми за најосновни работи како за цигари на пр. и сл. и затоа работам и би работел било што, макар и чистач, бришач, амал и.т.н. што има тука толку срамно и понижувачки ............ епа неможеме сите да бидеме господа-фотељаши и немаме сите ’’сина’’ крв !
Што се однесува до родителите, без разлика дали имаат или немаат, сепак нема да бидат вечни, потребен е и сопствен труд !
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Аман веќе со тоа мама - тато. Ако имаш фамилија маж, деца дали ќе ти помогнат тие 6000 - секако дека не.
Секако дека ќе ми помогнат повеќе од 0.
--- надополнето: 10 јули 2012 во 07:40 ---
Барем споредбите да ги направеше со некои основни продукти за живот а не со цигари кои во Европа и Америка веќе ги сметаат како "луксузно добро".
Инаку да секако дека стандардот на грците е намален меѓутоа срамно е да се споредуваат со нас, ние можеме да се споредуваме со Бугарите. Неможеш да кажеш дека е полошо да зимаш 1000 евра плата а да имаш основни трошоци 900 евра или кај нас да зимаш 200 евра плата а трошоци за живот за една фамилија се 500 евра.
Искрено не ми е јасно како преживува пола држава
Не е битно, ете леб нека биде и млеко. Литар ипол млеко ми е 3 ипол долари. Во денари тоа е околку 180 денари. Во Македонија литар ипол млеко, е околу 80 денари.
Лебот, колку што е просечен кај нас, е 2.80 долари. Тоа се 150 денари.
Без оглед дали е стоката луксузна, ќе ја купам и во Македонија, и во Грција, и во Америка.
Цената се движи според стандардот, можеме да збориме како им е супер на Грците, кога цигарите ќе им бидат евро, лебот 50 центи, а ќе заработуаат 1000 евра месечно.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Секако дека ќе ми помогнат повеќе од 0.
Да речеме имаш мало дете и плаќаш да ти го чува жена, за да можеш на работа да одиш - 12.000 ден. А ти одиш на работа за 6000. Ептен би било повеќе од 0.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
ех, ти ги прочитав ставовите и уопште немам намера со тебе да се надмудрувам бидејќи гледам нема далеку да стигнеме со твојот ум.
Уште еден испит ќе магистрирам а заработувам 15 000ден месечно. Се ценам и сметам дека заслужувам повеќе, барем за уште 30%, дали треба да дадам отказ и да чекам од дома бидејќи се чувствувам деградирана?
И да, во меѓувреме барам цело време работа каде што мислам дека ќе дојдам до израз, ќе можам да напредувам и ќе бидам поплатена, ама јебига немам врски и не сум партиски определена :(
Дај боже сите да работиме и земаме плата во просек мин 12 000, но за жал вистината е поинаква...
Не, дај боже ти да земаш плата 12000 штом ти се доволни, а останатите кои сметаат дека вредат повеќе од едно :гомце: да земаат барем по 60 000. :icon_lol:
И џабе бараш друга работа каде што би напредувала, со вакво размислување ти самата си кажуваш колку вредиш и до каде можиш да одиш.:tapp:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Да речеме имаш мало дете и плаќаш да ти го чува жена, за да можеш на работа да одиш - 12.000 ден. А ти одиш на работа за 6000. Ептен би било повеќе од 0.
На пример, нема да плаќам дадилка, ќе го однесам во градинка.
И не, не реков дека се доволно. Но подобро 6000, од 0.
Со 6000 пелени ќе му купам, со 0 не знам што ќе правам.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
На пример, нема да плаќам дадилка, ќе го однесам во градинка.
И не, не реков дека се доволно. Но подобро 6000, од 0.
Со 6000 пелени ќе му купам, со 0 не знам што ќе правам.
Градинка е 2400 ден. Пелени за недела ипол 1200 ден. Пола ги потроши, уште нешто ќе купиш? Автобуска карта 1900 ден. Вода, стурја, интернет - госпо ќе плати... Другото се знае мама и тато?:eek: Заборавив а цигари??
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
На пример, нема да плаќам дадилка, ќе го однесам во градинка.
И не, не реков дека се доволно. Но подобро 6000, од 0.
Со 6000 пелени ќе му купам, со 0 не знам што ќе правам.
Па ти поарно работи беспари, ем подобро за газдата, ем нема да се чувствуваш посрано како кога ја земаш платата која веќе однапред е наменета за сметката за струја (ако стига)...
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
Не, дај боже ти да земаш плата 12000 штом ти се доволни, а останатите кои сметаат дека вредат повеќе од едно :гомце: да земаат барем по 60 000. :icon_lol:
И џабе бараш друга работа каде што би напредувала, со вакво размислување ти самата си кажуваш колку вредиш и до каде можиш да одиш.:tapp:
алооооо, ги прочита мојте претходни постови?
Значи муабетот ми е дека додека не најдам поубаво, нема да го испуштам ова затоа што е подобро од ништо!
Плус, за ситуации каде што немаат друг избор и се во лоша материјална состојба сметам дека и тие 12 000 не се за потценување.
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
алооооо, ги прочита мојте претходни постови?
Значи муабетот ми е дека додека не најдам поубаво, нема да го испуштам ова затоа што е подобро од ништо!
Плус, за ситуации каде што немаат друг избор и се во лоша материјална состојба сметам дека и тие 12 000 не се за потценување.
12000 не да се за потценување, за утепување се... Деградирање на личноста...
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
12000 не да се за потценување, за утепување се... Деградирање на личноста...
Не драг пријателе, деградирање на личноста е кога ќе чекаш некој друг да те издржува, работоспособен си но не сакаш да работиш за плата од 12 000!!!!!!!!!
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Градинка е 2400 ден. Пелени за недела ипол 1200 ден. Пола ги потроши, уште нешто ќе купиш? Автобуска карта 1900 ден. Вода, стурја, интернет - госпо ќе плати... Другото се знае мама и тато?:eek: Заборавив а цигари??
Малце надувани цени

Градинка 1500 денари.Памперси во вредност од 1200 денари или 120 пампесри.Рефус памперс еден е 10 денари,доволно за 1-1,5 месец.И автобуска карта е 1400 денари и ти остануваат пари за некоја сметка
А цигарите или ќе пушиш родео или ќе ги оставиш,на крај краева луксуз се,не се потреба
 

Kajgana Shop

На врв Bottom