Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Соседите што го откажаа парното ги вивнаа сметките

Регулаторите со соломонски одговор. Топлификација не е виновна за високите сметки, туку соседите што се откажале од нивните прескапи услуги. Ако сакаат фер сметки, корисниците требало на свој трошок да си набават распределители и за тоа да платат уште по 250 евра.
(y)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Соседите што го откажаа парното ги вивнаа сметките

Регулаторите со соломонски одговор. Топлификација не е виновна за високите сметки, туку соседите што се откажале од нивните прескапи услуги. Ако сакаат фер сметки, корисниците требало на свој трошок да си набават распределители и за тоа да платат уште по 250 евра.
(y)
imase emisija x/o pravobranitelot kaza deka zakonski e DOZVOLENO toplifikacija da ja raspredeluva potrosenata energija na drugit potrosuvaci......znaci si gi koristat dupkite u zakon...znaci nekoj drug e kriv..............pratenici vlada i slicno................
--- надополнето: 19 јануари 2012 во 14:17 ---
Некој викаше дека плаќаме најефтина струја, некој вика една од најскапите!
http://www.time.mk/cluster/d011d3ee1c/index.html
dodaj mu na toa 33 angazirana moknost.....i voala prvi sme.....najskapa struja.............
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
Соседите што го откажаа парното ги вивнаа сметките

Регулаторите со соломонски одговор. Топлификација не е виновна за високите сметки, туку соседите што се откажале од нивните прескапи услуги. Ако сакаат фер сметки, корисниците требало на свој трошок да си набават распределители и за тоа да платат уште по 250 евра.
(y)
тоа е точно... како се откажуваат соседите од зградата, така цената иде нагоре... ме мрзи пак да пишувам зашто, веке 3-4 пати го објаснував ова... ке го побарам и ке квотирам...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
Протести има или нема? Ако нема добро е.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
716
еве го појаснувањето....

....ај ке ви појаснам и зашто се толкави сметките кога скоро пола ке се исклучат... во потстаницата има пумпа која бутка одреден број на литри топла вода. после нејзе има сензор на влезна температура кој мери колку е топлата вода уствари топла, после има водомер еден кој служи за мерење на истата литража т.е. кубици на вода пројдено, и на крај има уште еден сензор кој ја мери излезната температура, онаа што се враќа назад кон топлификација. сите овие 3 точки на мерење запишани и поврзани со едно дигитално склопче се уствари оној склоп што они го велат КАЛОРИМЕТАР и според кој се добива финалниот број на топлински калории потрошени преку таа подстаница. е сега, на крајот од месецот би требало, да се соберат сите грејни квадрати во зградата, па да се поделат со потрошената енергија и се добива финална пресметка за цена на греење по квадрат. понатака за секој стан има колку се грејни квадрати и се множи со цената добиена претходно од квадрат и така ја добивате сметката за греење...

ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА НЕКОЈ КЕ СЕ ИСКЛУЧИ ОД ТОПЛИФИКАЦИЈА? па лесно е за објаснување, пумпата и понатака си ја друка истата колична на вода, сензорите и понатака си мерат исто НО бројот на грејните квадрати се намалува... ако е тоа еден до 2 стана од зграда која има да речеме 30-40 стана нема ни да се примети, ама ако е скоро половина е тогаш е сериозен проблемот... истите параметри истата снага се исто ама скоро напола грејни квадрати и така расте цената. значи топлификација, со поставувањето на калориметрите си се заштити самата себе да има што помали губитоци кога некој ке се исклучи........
само што јас како човек инволвиран во греењето, а и фирмите како мене, знам т.е. знаеме и дека топлификација не игра фер... кога ке се исклучи одреден број на проценти во зградата, тогаш за да не се деси да добијат “соседите“ високи сметки, треба за ист толкав процент да го намалт протокот во подстаницата во зградата, а они не го прават тоа... зашто? затоа што вака можат да продадат и наплатат поголема топлинска енергија, т.е. со сила ти ја утупуваат и со сила ти ја наплаќаат... да не кажам нешто по грдо...
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
тоа е точно... како се откажуваат соседите од зградата, така цената иде нагоре... ме мрзи пак да пишувам зашто, веке 3-4 пати го објаснував ова... ке го побарам и ке квотирам...
Сите пари што ги зимаат за свеќи да ги трошат. Толку имам да кажам. Да не ти ги кажувам моите маки тука, со 18 степени топлина во станот требаше да плаќам 4100 денари месечни за парно.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Еј абе уште се заебавате со крво-пијците а ?

Остајте тие предавнички муабети , восхитувајте му се на ацета :) бидете малку патриоти мајката

Е ова е МАКЕДОНЕЦ НЕ ВИЕ
 
Член од
9 ноември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
6
Соседите што го откажаа парното ги вивнаа сметките

Регулаторите со соломонски одговор. Топлификација не е виновна за високите сметки, туку соседите што се откажале од нивните прескапи услуги. Ако сакаат фер сметки, корисниците требало на свој трошок да си набават распределители и за тоа да платат уште по 250 евра.
(y)

Е, сега друг проблем.Соседите се откажаа, ама се префрлија на струја. Се оптерети мрежата и наше маало во Аеродром секој ден по 4 часа нема струја, пукаат осигурувачи во трафото. Сега, демек, ЕВН крива!? А преку чиј грб оди сето ова? Тешко си на нас!
 

The_LiGhT'

Stop DISCRIMINATION
Член од
29 април 2009
Мислења
587
Поени од реакции
123
Можна нова методологија за формирање на цената на горивата


Владата веќе барала од ОКТА да се смени делот од купопродажниот договор со кој е утврден начинот на формирање на рафинериската цена на горивата. Вицепремиерот Пешевски вели дека се чека новиот менаџерски тим во рафинеријата, со кого Владата очекува преговори за измена на методологијата. Иако цените ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика, конечниот збор околу ова ќе го има ОКТА, која заедно со државата е потписник на купопродажниот договор.

- Ние баравме да се започнат разговори, во ОКТА имаше промена на менаџерскиот тим, но оттаму бараа рок поради измена на менаџерскиот тим. Откако ќе се избере новиот менаџерски тим, ќе седнеме и ќе видиме кои се можностите за измена на договорот, вели вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Владата очекува евентуалниот потврден одговор од ОКТА да ги намали ценовниот шок што од почетокот на годината го предизвика скокот на цените на енергенсите. На поскапувањето реагира и Сојузот на синдикати, кој бара заедно со Регулаторната комисија да одлучува за цените.

- Ќе побараме средба со Регулаторната комисија за енергетика со цел да ни се објасни начинот на пресметување на зголемувањето на струјата, парното греење и другите енегенси. Ќе ја активираме идејата пред донесувањето на клучните одлуки кои влијаат врз стандардот на работниците, одлуките на Регулаторната комисија за енергетика да бидат разгледани и на Eкономско-социјалниот совет, вели претседателот на Сојузот на синдикати, Живко Митрески.

Од први јануари поскапеа струјата, парното во Скопје, гасот и бензините, а се очекува ова да предизвика и раст на цените на основните производи.

Znaci pak zavisime od grcite...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Сега со оваа санкциите кон Иран ќе плаќаме по 2 евра од литар.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.716
Поени од реакции
12.145
Зашто тогаш толкави цени на бензинот ако нафтата е околу 100 долари (нели беше и 120 и 150), а доларот не е качен за цели 20-25% него како овде што пишува, слабее. Некој си игра со нас
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Не ебат во здрав памет, кога беше нафтата на берза 147$ кај нас бензинот беше иста цена како сега. Ама сега нафтата е 110$ а цената на литар бензин иста 80 денари.

По која логика оди РКЕ стварно незнам. Само го подргреваат лонецот, кај и да е ќе му прекипе на овој народ, па ќе запали и влада и парламенти и се што е од власт!

И кај наоѓа Окта да купува од најскапата нафта северно морскиот бренд што е за 10 долари поскап од нумекс на пример. Може некој да го објасни ова?
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Сега наредната корекција треба да намали цената на нафтата, доларот паѓа.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Дизелот поефтинува за два, бензинот поскапува за 0,5 денари

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат во просек за 1,72 отсто. Единствено поскапува Еуросуперот БС-98 и тоа за половина денар.

Цената на Еуросуперот БС-95 ќе остане непроменета, односно и натаму ќе се продава за 79,50 денари за еден литар, додека новата цена на Еуросуперот БС-98 ќе изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Еуродизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,00 денари, со што новата цена ќе изнесува 70,50 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство поевтина за 1,50 денари, со што цената на овој вид на гориво изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,097 денари за еден килограм и новата цена на килограм мазут сега изнесува 45,043 ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom