Дијанетика и Скиентологија

Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
Zdravo Elena. Go izgledav celiot film Until Nothing Remains i mnogu mi se dopadna.

Imam dve prasanja do tebe , ako moze da mi gi odgovoris.

1. Bidejki ti si bivs skientolog i gi znaes rabotite najdobro, dali filmot e realna slika na ona sto e skientologijata ili ima nekoi delovi od filmot sto ne se bas avtenticni?

2. Sto se sluci i kako ja napusti skientologijata( ako ne e tajna)? Dali ti ja napusti ili bese ekskomunicirana?

Pozdrav do tebe:smir:
 
M

makedon^

Гостин
Како и секоја друга религија, и скиентологијата продава надеж за некои ефтини пари.

Само безнадежни луѓе можат да се приклучуваат кон такви организации.

Продавањето надеж во ова несигурно економско и политичко време е доста профитабилен бизнис. Впрочем, продавањето надеж не е ништо ново и се случувало низ сите периоди низ историјата. Ама мислам дека ние луѓето на денешницата имаме многу повеќе потенцијал и услови за да ги осознаеме ваквите расипнички измами и да почнеме да мислиме со наш ум, а не како слепци да се фатиме за стапот кој ни го подава некој што не го гледаме кој е.

Прво обидете се да прогледате, а откако ќе го видите тој што ви ја продава надежта, ќе се запрепастите.

Жално е што многу интелигентни луѓе паѓаат во вакви религии и организации.

Сепак сфатив дека интелигенцијата нема врска со духовната големина на еден човек.

Целта со постов ми е да кажам: уште една лага која треба да се отфрли!

Поздрав.
 
M

makedon^

Гостин
Уф .. како ефтини ... само да знаеш колку се скапи :)
За кој како. Некој плаќаат скапо, некои ефтино, но еден ги собира тие пари.

Скиентологијата е еден најнов религиски модел кој е создаден за да изгледа попривлечно за широката народна маса. Изгледа модерно но целта е очигледно јасна, пари.

Како што црквата собира пари така и овие. Само овие шо не продаваат свеќи и икони.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
@ElenaP кои луѓе се супресивни :smir: ? Што треба да направиш за да бидеш супресивен (освен да се откажеш од скиентологијата) и дали скиентолозите преземаат нешто против оние што ги обележале како такви?
 

ElenaP

Master Yoda
Член од
16 октомври 2009
Мислења
62
Поени од реакции
9
Скиентолошка Фер игра - Scientology Fair Game

@ElenaP кои луѓе се супресивни :smir: ? Што треба да направиш за да бидеш супресивен (освен да се откажеш од скиентологијата) и дали скиентолозите преземаат нешто против оние што ги обележале како такви?
Здраво Сабазиј,

Супресивни личности според скиентологијата се луѓе кои имаат една цел во животот да ги уништат и потиснат сите други и да ги стават под своја контрола. Секој кој напредува во својо живот е најголема закана за супресивецот. Па скиентологијата дава 12 главни карактеристики на супресивната личност, во стилот, лаже краде, извртува вистина, не може да заврши ниедан работа исл. работи што се општо прифатени за деструктивно однесување. Начинот на кој Хабард ја опишува супресивната личност е како што психијатарот опишува социопат. Ете најкратко објаснување и аналогија за да биде појасно.

Нормално Хабард мора да употреби милион зборови и друга терминологија за да биде оригинален и за да не биде поистоветен со според него „најголемиот непријател на човештвото“- психијатарот. оваа супресивна личност ја воведува во својата литература, откако самиот бива тужен и напаѓан и бркан од разни влади и психијатриски организации во светот поради измама, шарлатанство и ширење опасни идеи. И така во една од своите списи вели дека најголемите супресивци се психијатрите, медиумите, адвокатите и нели, владите на тие кокретни земји од каде е избркан како персона нон грата.

А еве накратко што е редовна рутина за справување со супресивни личности, посебно оние кои отворено ја критикуваат скиентологијата (сега се под таков масовен напад во судовите, медиумите, владите, Анонимус, што нормално немаат ресурси и можност да го прават тоа што порано го правеле, па најчесто само најмуваат приватни детективи).

Следи текст за нивните мерки контра Супресивците:

ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ВО ВРСКА СО „FAIR GAME” Т.Е. ФЕР ИГРА
Највознемирувачкото нешто од Скиентолошките директиви, наречено „Фер игра“(Fair game), означува право на секој Скиентолог да малтретира кое било лице кое е декларирано како СЛ (супресивна личност) односно SP (suppresive person), или е генерално антагонистичен кон Црквата.
Л. Рон Хабард го создава овој закон на „Фер игра“ во 1965г. Луѓето етикетирани како „супресивни“ можат да станат предмет на овој тип на „фер игра“ одмазда.
„Супресивната личност или група станува предмет на Фер игра. ФЕР ИГРА значи дека лицето, во иднина неможе да биде заштитено преку правилата, дисциплината и правата на еден скиентолог.“ Подоцна, во Декември истата година, Хабард ја реиздава директивата
Фер игра, со дополнителни појаснувања за да го дефинира опсегот на Фер игра. Тој става до знаење дека оваа директива се применува и врз не – скиентолози. Тој изјавува:
„Домовите, сопственоста, местата и престојувалиштата на лицата кои активно се обидуваат да ја супресираат Скиентологијата или Скиентолозите, се надвор од било каква заштита од Скиентолошката етика, освен ако не се исклучени од ова правило преку подоцна Етичка акција или амнестија... важноста на оваа Директива се проширува да ги вклуќи и супресивните не – скиентолози сопруги и сопрузи или родители, или други роднини или непријателски групи или дури и блиски пријатели.“ [1]
Како пример колку далеку бил спремен да оди Хабард, во 1965г. Размислувал да ја нападне IRS (Internal Revenue Service – Управа за јавни приходи во САД). На крај, Скиентолошката црква навистина ја напаѓа IRS, како и други американски и странски агенции, под името Операција Снежана (Operation Snow White). Тој им кажува на скиентолозите во неговата ХКК Директива од 2ри Април, 1965:
„ Доколку Управата за јавни приходи (со одбивањето на непрофитабилен статус на Основачката Црква на Скиентологија, Вашингтон ДЦ) продолжува со таков однос, или доколку FDA (Агенцијата за управување со храна и медицина) не тужи, ние секако може да им свикаме Комитењт за докази и ако најдеме дека се виновни, ќе ги етикетираме и ќе објавиме дека се Супресивна група и ќе станат предмет на Фер игра... Никој е е предмет на Фер игра, се додека тој или таа не тргне против нас.“
Во 1967г., употребата на „Фер игра“ беше уште повеќе проширена во друга ХКК Директива од Октомври 1967 (ХКК Др 18 Окт 67 Издание 4, Казни за ниски состојби), во која Хабард ги дефинира казните за секој кој се смета дека е во „Состојба на непријателство“:
„НЕПРИЈАТЕЛ - СЛ Наредба. Фер игра. Може да биде лишен од сопственост или повреден на кој било начин, од кој било Скиентолог без ризик од дисциплина за Скиентологот. Може да биде манипулиран, суден или лажен или уништен.“ Гуглајте го името Paulette Cooper и Operation Freakout за да видите што и имаат направено на оваа жена.
Толку за сега... Други прашања?

nemoras da imas lice :P
Точно, Анонимус движењето е направено со таа цел, носејќи маска за да не можат да те идентификуваат кога си на протест, употребувајќи прокси кога си на интернет, се со цел да избегнеш заплашување и закани.

Се повеќе луѓе бивши скиентолози, кои со години се криеле и дури не се ни произнесувале јавно дека се против скиентологија, сега во новиве услови се охрабруваат и излегуваат јавно против Скиентолошката организација.

Еве линк од списокот на овие екс-овци и нивните стории

Така да, нема потреба никој да им се плаши повеќе, толку се намалени бројот на луѓе во Скиентологијата и нивните ресурси што верувам за две три години ќе ги снема комплетно. Ама само ако продолжи да се зборува за нив во медиумите и луѓето проговоруваат за своите искуства, за останатите да не се зезнат и навлечат.
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
Zdravo Elena. Go izgledav celiot film Until Nothing Remains i mnogu mi se dopadna.

Imam dve prasanja do tebe , ako moze da mi gi odgovoris.

1. Bidejki ti si bivs skientolog i gi znaes rabotite najdobro, dali filmot e realna slika na ona sto e skientologijata ili ima nekoi delovi od filmot sto ne se bas avtenticni?

2. Sto se sluci i kako ja napusti skientologijata( ako ne e tajna)? Dali ti ja napusti ili bese ekskomunicirana?

Pozdrav do tebe:smir:


Elena, dali go vide mojot post? Pozdrav do tebe !:smir:
 

ElenaP

Master Yoda
Член од
16 октомври 2009
Мислења
62
Поени од реакции
9
Elena, dali go vide mojot post? Pozdrav do tebe !:smir:
Здраво Кинг Давид,

Ти ја видов пораката одамна ама се некако на брзање бев, се спремав за доаѓање во Македонија, па кога дојдов во Скопје со кого попрво да се видам и така, ретко на интернет.

Еве сега ќе ти одговорам на прашањата.

1. Во однос на германскиот филм Додека не остане ништо, таа е реалноста, односно како се одвиваат работите кога ќе навлезеш во Скиентологија. Кога си внатре во организацијата, секогаш на прво место се потребите на Скиентологијата, односно Продуцирај и само продуцирај од сабајле до доцни саати. А семејството крајната цел е да се приклучи и тоа на Скиентологијата ако не, на крајот секогаш доаѓа до прекин. Или нема да го гледаш по цели денови ионака поради работа, или тој што е антагонистичен кон скиентологијата од твојот живот ќе мора формално да се откажеш од него, пријател или фамилија. Не е важно. Доколку гледаш работи во самата организација кои не се во ред и се побуниш, или одбиеш да направиш нешто, ќе завршиш кај етичкиот офицер кој ќе ти назначи ниска етичка состојба, демек нешто не е во ред со тебе штом се буниш. И како едне чкор се бара од тебе да ги напишеш на лист сите твои тајни, гревови, скриени мисли, било што то обично не би го кажал на глас. Тоа мораш да го запишеш со точно време, место, и форма како што се случило до детал. и тие листови ги зима Етичкиот офицер и ги чува во папка кај себе. И демек тоа што го кажуваш на етичкиот офицер и на Аудиторот се чува доверливо, ама јас го начекав етичкиот офицер кој воедно тоа време беше и Директор на Хабардов центар, како скриен во ВеЦе со друг стаф си се расприкажуваат за тоа што јас сум го кажала во доверба. а да не зборам дека скоро сите од стафовите знаеја интимни работи за повеќето што доаѓаа и уплаќаа за курсеви и аудитинг, затоа што така полесно им удиравме на копче кога сакавме да уплатат за следна услуга. Папките со интимни детали им беа оставани така наоколу до пред некое време и завршуваа во еден подрум кој двапати беше обиван. Да не зборам дека во Хабардов Центар на неколку услуги беа повеќе славни личности од Македонската бизнис, шоу и политичка сцена. Една од пејачките беше паметна па тоа што го напиша за себе бараше пред неа одма да се искине штом го прочита етичкиот офицер, а не да стопи како краен запис и понатака да може да се искористи против неа.

Не знам колку знаете, ама во Скиентологијата се се чува, дури и само ако си купил книга пред 20 години, се чуваат твоите податоци и цела кореспонденција. Значи тие што биле на куррсеви и аудитинг и ги кажувале најинтимните работи, се се чува, ништо не се фрла, дури ни ако починал човекот папката не му се фрла туку само се означува како „мртва папка“. Ако некој станал критичен истотака папката се заведува во посебна категорија, а не со другите на кои им се праќа редовна промоција и писма.
Еве баш во Италија кои имаат најголем број скиентолошки центри во цела Европа, сега полицијата направи рација во Турин, и ги пронајде скриените папки кои центарот ги собирал и чувал за лицата кои биле критички настроени. Тука спаѓале и политички фигури и обични луѓе. Рацијата е направена откако еден од обичниве луѓе откако ја напуштил скиентологијата добил писмо од Скеинтолозиве каде му ги напишале некои од неговите интимни детали и му се заканиле дека истите ќе ги објават ако станел критичен.

Еве го линкот: прва страна- http://www.dimarzio.it/srs/modules/mydownloads/cache/files/63394287721386634236453733932777-scientology_52.pdf
втора страна- http://www.dimarzio.it/srs/modules/mydownloads/cache/files/49847739617672182187698355943236-scientology_53.pdf
и Google преведен текст каде во кратки црти се објаснува целата работа:

Веста е прилично долга и содржи интервју со поранешниот скиентолог кој работел 8 години во Торино Скиентолошката црква.

Клучните точки:

По неговото заминување, поранешниот скиентолог доби закани дека негоивите тајна и злосторства ќе бидат откриени. Ова би било непријатно, но повредил многу луѓе, лоши работи, и има спомени кои постојано го разбуди ноќе.

На ex-скиентологот има околу 50 години.

Еx-скиентологот објаснува дека COS (скиентолошката црква) има фајлови со интимни признанија направени за многу луѓе, како и тајните фајлови на непријателите Скиентологијата. Вториот тип на фајлов веројатно се чуваат во домовите на лицата соучесници.

Примери на непријателите, за кои има COS датотеки се поранешен спикер на парламентот Лучијано Виоланте , д-р Луиџи Сиоти, судијата Милан, и еден татко кој се обидува да ја ослободи неговата ќерка од Скиентологијата. Истражниот метод е да се најдат злосторствата на лицето и да се најдат непријателите на лицето. Во некои случаи, се користени платени приватни истражители.

Еx-скиентологот дава пример на еден човек кој бил уценуван со добивањето на анонимно писмо со неговите лични информации, вклучувајќи го и фактот дека тој уживал да носи женска облека.

Вториот тип на фајлови: Во организација Торино најмалку 20 години наназад се чуваат истите, и имаат речиси 20.000 папки, некои од лицата кои само купиле една книга. Досиејата чувани под клуч се однесуваат на персоналот, на лицата кои биле предмет на истрага , како и на "специјални операции".

Лучијано Виоланте се смета за непријател затоа што тој јавно ја нападнал Скиентологијата. А лажен новинар бил испратен да го интервјуира и било направено досие за изјавеното.

Луиџи Сиотие "бил истражуван", бидејќи тој јавно го критикувал Нарконон.

Сите информации составена од Торино COS се преведени и предадени во седиштето на скиентолошката црква во САД.

Еx-скиентологот спомнува жена- судија, родена во Торино, кој работи за канцеларија на обвинителот на Милан. Истрагата за нејзиното потекло вклучила наоѓање на нејзината дипломска теза, интервјуирање на нејзините непријатели, проучување на договори ко ги има дадено, и многу интересни работи биле пронајдени.

Датотеките најчесто се користат само за да се обезбеди знаење за луѓето, но информацијата е понекогаш објавена во печат или на интернет. Целта е да се убеди непријателот да се држи настрана.

Едно лице беше одговорно за составувањето на датотеки и ова лице исто така беше одговорен за опоравување на луѓе кои ја напуштиле скиентологијата.

Околу 700 лица се во Торино организацијата. Вработените во просек работат 3 или 4 години.

Приходите на Торино оргот (организацијата) се приближно 35.000 € неделно во просек, околу еден милион евра годишно.

Запрашан зошто проговорува за ова, поранешниот скиентолог одговори: "Бидејќи се срамам од она што бев и правев."

Запрашан дали тој се плаши, поранешниот скиентолог одговори дека тој се плаши повеќе од американските скиентолози отколку од италијанските бидејќи таму се случуваат мистериозни смртни случаи поврзани со скиентологијата.
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
23
ElenaP, imam prasanje za tebe ama odamna te nema na forumot. Se nadevam deka sepak ke go vidis prasanjeto i ke mi odgovoris.

Sakam da te prasam nesto vo vrska so brakot i Skientolozite. Kako sto mi e mene poznato, Skientolozite imaat mnogu kursevi i knigi za Uspesen brak, no kako sto gledam mnogu poznati skientolozi imaat po nekolku razvodi i brakovi. Kako togas se slucuva , sto tuka ne funkcionira i kako ke go objasnis toa ? Pozdrav! :smir:
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Јас досега за 8 години откако знам дека постои скиентологијата во Македонија не сум имал никакви проблеми со луѓето :)
Сум имал убави искуства, и сум се дружел и сеуште повремено се дружам со некои од тие луѓе (хех, сите се веќе бифши членови, вклучувајќи ме и мене).
Мене ме однесе во ХЦДС мојата професорка по Англиски од основно, најдобрата професорка по англиски што досега ја имам видено.

Би се вратил само за да направам една работа. Purification Rundown, или процес за прочистување на телото од сите отрови и штетни материи кои се насобрале во телото за време на овој живот. На времето чинеше 1200 марки, сега не знам колку е, но сите што го направиле викаат дека вреди. Полесно дишат, имаат повеќе енергија. Имам видено како на луѓе им исчезнуваат некои чудни флеки од телото (кафеави или црвени дамки по кожата, „од раѓање“). Оние со кои највеќе се дружев после Пјуриф со помалку алкохол ги фаќало (дел од парите веднаш им се враќаат на тој начин, ЉОЉ).

Организациската структура е доведена до совршенство. Точно се знае кој што треба да работи и колку треба да сработи, и на кого поднесува извештај итн.

Од филозофска гледна точка, во скиентологијата Л.Р.Хабард ги собрал сите оние работи кои ги научил од источните филозофии и ги подредил по некој редослед и со свој речник подоцна сето тоа го спакувал како една единствена филозофија.

Инаку системот за извлекување на финансиски или човечки ресурси е усовршуван со текот на годините додека Хабард бил жив, но и понатаму се модофицира од следбениците во горниот ешалон.

Под нив се членовите на Saint Hill .... ух забораиф што беше уште во СХ, ме мрзи да гуглам и SeaOrg. Тоа е всушност столбот на Скиентологијата. Си Орг настанал откако борбата за протерување на Хабард од УСА била во силен замав и тој отпловил по Атлантикот за да се консолидира. Постојат многу написи по нет за што се случувало и што се „случувало“ на тој брод, но денес СиОрг поседува цела флота во која главен е бродот FreeWings.
Копнени центри има низ целиот свет, најблизок е тој во Будимпешта. Таму и требаше да одам се додека не се предомислиф во последен момент.
Инаку во центрите фунционираат како манастирите во христијанството, малку модифицирано.
Членовите работат многу, има дрес код, хмм што друго...
Право на стапување во брак имаат откако ќе станат ОТ2. Пред тоа немаат право на никаков сексуален однос.

Кога сум веќе кај ОТ степените. Тие следнат откако тетанот (единката) ќе стaне Clear. Или единка без аберации (ги отстранила целосно од себе). Прв клир во Македонија е сестрата на Мони Дамевски, човекот кој ја донесе во Македонија скиентологијата и близок соработник на Милчо Манчевски. Македон4е наместо да си зјапал во јаката женска да си ги разгледал сликите од страна ќе си видел слика од Мони со Џон Траволта.

Е сега ОТ степените не ги разбирам баш, посебно не знам зошто се 15 кога има 8 динамици на човековото опстојување (првично биле 5).
1 динамик - тетанот (единката, егото, како сакате викајте се :) )
2 динамик - сексуални партнери и потомците
3 динамик - луѓето кои ве опкружуваат
4 динамик - човештвото општо
5 динамик - целокупниот жив свет на планетата
6 и 7 динамик не ми текнува баш конкретно на што се однесуваа,
8 динамик - божество, или бесконечност, претставен преку легната 8ца.

И за крај да го оставам најдоброто, Скиентолошкиот аудитинг. Процес кога тетанот се враќа назад на временската лента на која се запишани сите сеќавања, најчесто на некој немил настан. Процесот го насочува обучен аудитор кој ја тера единката да се соочи со настанот повторно и повторно се додека не се отстранат сите негативни емоции во врска со тој настан.
Некој погоре имаше напишано дека е процес на поставување на глупави прашања кои ги одговараш со затворени очи притоа држејќи лименки во рацете поврзани за некоја чудна машина.
Но ова е навистина корисна работа. Ми отсрани страв од пешачење ноќе (којшто го стекнаф после една опасна тепачка).
За жал ова е прилично скапо. Јас го добив беспари по сплет на околности.

И втората добра работа која никако да фатам пак да ја правам се асистите, или помагање на повредено лице преку соодветна масажа.
Забрзува опоравување од повреди, лечи акутен замор. Девојките со кои се дружев ги имаа научено дечковците да го прават тоа за кога им е циклусот да немаат ПМС и болки.

Толку сега за сега, ако ми текна уште нешто ќе допишам.

п.с. Мистичен, никогаш не отидоф во Нарконон, така да не можам ништо да кажам. Само знам дека по кажување на Васил имаат прилично строг режим на функционирање со пациентите. Така да не би ме изненадило некое размазено детиште да се жали за ова или она. Такво момче во ЈНА најверојатно би имало барем еден обид за самоубивство, ама ова е веќе друга тема.
ако е толку добро зашто не си останал во Скиентологија што те натера да излезеш?

ако сакаш психички и физички да се исчистиш од отрови и тешки мисли само физичка активност три пати во неделата било што и си како нов, ова од искуство ти го велам, не ти треба Скиентологија нити толкави суми за третмани, вака поевтино ќе поминеш. :icon_mrgr:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
ако е толку добро зашто не си останал во Скиентологија што те натера да излезеш?
И мене ме интересираше ова?
--- надополнето: Oct 1, 2011 9:40 PM ---
Се зачитав на темава... Ја имам прочитано книгата Дијанетика на Хабард и знаев дека се работи за секта ама ова овде што го прочитав е страшно. Не замислував дека на тој начин функционираат... страшно.

А мене не ми е јасно како членовите и понатаму остануваат членови? Разбирам дека работат на принцип перење мозок ама до толку некој да ти испере мозок и да ти забрани да родиш дете, нема смисла.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.352
Поени од реакции
7.489
ако е толку добро зашто не си останал во Скиентологија што те натера да излезеш?
Моментот кога решив да се откажам од скиентологијата беше кон крајот на 2005та година. Требаше да заминам за Будимпешта во Sea Org-от кој беше надлежен за јуно и источно од Унгарија. Таму требаше да бидам графички уредник на изданијата кои ќе се печатат на македонски јазик, и плус уште неколку задолженија.
Откако неколку членови на ХЦДС Скопје беа одбиени при барањето на виза, дојде мојот ред да се обидам. Кога стигнав пред амбасадата забележав дека во мене не носам пари за банкарски провизии, и тргнав да си одам пешки кон дома. Размислувајќи по пат ги ставив на кантар од една страна работење цел живот за скиентологијата да ги прави луѓето подобри, притоа живеејќи како монах, а од друга страна да се обидам самиот за себе да створам некаков капитал и материјални добра. Во донесувањето на одлуката малку помогна и тоа што недела две пред да одам во амбасадата фатив девојка. Доколку заминев во Будимпешта требаше да заборавам на такви работи се додека не стигнам до ОТ-2 нивото на развој на мојот тетан.
И си реков, фак дис шит, ќе бидам себичен.

Е после тоа стана интересното. Кога почнав да комуницирам со луѓе кои се борат против скиентологијата. Повеќето беа со некои неосновани факти (оние кои никогаш не стапнале во ХЦДС) и оние кои точно знаеја што е и како е, и ми ги посочија сите негативни страни на скиентологијата.

А сега ќе пренесам еден текст на Валентина Тодоровска објавен во Утрински Весник.

Научна фантастика што требаше да го спаси светот

Саентологијата е религија, филозофија и наука втемелена во верување и со практична примена, нешто како прирачник за ментално здравје

Многуте мистерии врзани за смртните случаи во саентологијата ја ставаат под знак прашање и трагедијата на Зорана Лебедик, која на Флорида беше на шестмесечна обука за идните предавачи-саентолози.

Што зборува саентологијата? Всушност, за да ги дознаете нејзините тајни, треба да посетите многу курсеви, а тие не се џабе.

Во квалификувањето и објаснувањето на саентологијата можеме да спомнеме неколку термини - религија, филозофија, наука втемелена на верување и на практична примена, прирачник за ментално здравје, бришењето на проблемите во комуникација, а седум милиони луѓе на планетава и' се приклонуваат, ја почитуваат и ја применуваат. Германските стручњаци за секти велат дека личност која еднаш ќе влезе во редовите на саентологијата има задача да ја почитува хиерархијата, а лидерите располагаат и со психата и со имотната состојба на нејзините членови. Пред неколку години, германската влада ја забрани работата на саентологијата, прогласувајќи ја за секта, по што следуваа реакции на тема - загрозување на човечките права.

Саентологијата од самото создавање ја следат приказни, скандали. Еден од првите скандали се случи во 1971 година кога новинарката Полет Купер ја објави книгата „Скандалите на саентологијата“, критички извештај за активностите на црквата и тоа најмногу поради лекувањето што го пропагираше неговиот создавач Рон Хабард. Имено, тој сметал дека детоксикацијата е многу подобра од сите дозволени и признаени медицински методи, а тоа значеше вистинска трагедија во неколку случаи - Лиза Мекферсон, припадничка на саентолозите, почина во 36. година затоа што не сакаше по сообраќајната несреќа да го продолжи лекувањето во болница, туку отиде на 17 дена детоксикација кај „своите“.

Уште еден пример е врзан за 46-годишен Германец Уве Стукенброк, кој 12 години боледувал од мултиплекс склероза, а откако им се придружил на саентолозите престанал да зема лекарства и починал. Во еден од скандалите врзани за скаентолозите е вплетен и Том Круз, иницијатор за отворање на New York Rescue Detoxification Projecta, контроверзната клиника на Менхетен, која по терористичкиот напад во 2001 година им нудеше програма за детоксикација на пожарникарите, полицајците и останатите работници. Наводно, поради несоодветно лекување, починал и синот на Џон Траволта.

Светот ја смета саентологијата за профитабилна организација, а во Америка, Канада и во Италија се осудени многубројни членови на саентолошката црква поради прикривање данок и перење пари. Постои податок дека во ФБИ во 1977 година има документи што велат дека постои мрежа што ги контролира своите членови.

Митот на саентологијата за многумина е врзан за научна фантастика на нејзиниот создавач Рон Хабарт, а главна саентолошка литература е „Дијанетика“, која ја нарекуваат - нивна религија.

Имено, верувањето е врзано за самото детство на човештвото, кога Земјата била окупирана од лошиот галактички император Ксену, кој се обидел да ја исчисти од таканаречените „тхетани“, духови што ги бркал на Земјата, а тие потоа добивале човечки ликови. Всушност, се' било на ниво на спиритуална енергија, а главна цел на саентолозите е да се исчистат од гнасотиите собирани низ текот на годините, од болестите... Освен тоа, саентологијата верува во реинкарнација, верува дека „тхетани“, се селат од едно во друго тело и затоа, на пример, кога ќе ви почине маж, не треба да тагувате, туку само да ја препознаете енергијата, сместена кај некој друг помлад човек.

Зборот саентологија потекнува од латинскиот scinetia, што во превод значи знаење и вештина, што доаѓа, пак, од глаголот scire - да знаеш и грчкиот логос, што значи збор.

Интересни се пишувањата и дискусиите врзани за саентологијата, денес можат да се слушнат најконтрадикторни, најразлични процени и судови, а саентолозите често истакнуваат за себе дека се религија на иднината и религија што ќе го освои светот. Прилично самоуверено, нели?!

Виновникот или таткото на ова учење, создадено во 1954 година, нејзиниот основач е писателот на романи на научна фантастика Рон Хабард (1911-1986). За него се зборува дека бил интересен тип, некаде го опишуваат и како сомнителна персона. Ама факт е дека Рон почина речиси во делириум, што се косеше со неговото учење и верување дека смртта е остварување, чистина, бистрина и разбирање на сите овоземски мистерии. Оние што и' се противат на саентологијата велат дека токму желбата да се избега од валканиот свет ги тера нејзините поборници во смрт, каде што ќе наидат на големо и чисто просветлување...

Но, уште малку за Хабард - познато е дека по многубројните патувања низ Африка, Азија, Кина, Индија и други земји, тој го запознал окултизмот, некои велат дека бил член на сатански здруженија (Ordo Templi Orientis), дека се восхитувал на црномагиски вештини на Алистер Кроули, ама не смее да се заборави дека студирал нуклеарна физика и математика. И покрај сите предрасуди, човекот беше вистински гениј да им го пренесе на другите своето мислење, беше многу сугестивен и знаеше како да заработи пари. „За да се збогатиш, треба да имаш своја религија“, велеше тој и така ја оствари својата мисија.

Опстани

Хабард вели дека целиот живот е раководен од една команда, која гласи опстани. Ама, на каков начин? Неговиот прв голем чекор кон такво нешто и следствено на неговата „Дијанетика“ е направен во 1945 година за време на Втората светска војна. Хабард, полковник во американската војска, наидува на 15 бивши воени затвореници, кои по изгладнувачкиот режим, не биле способни да апсорбираат протеин и покрај сите можни третмани.

Заинтригиран од ова, заклучил дека умот го контролира телото, а не обратно, и дека тој може да создаде ментални пречки. Ова станува првиот принцип во „Дијанетика“.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.671
Поени од реакции
11.713
Зарем Хабард не беше член во AMORC( Ancient Mystical Order Rosae Crucis ) и пријател со Џек Парсонс (научникот кој го создаде ракетното гориво, IX степен O.T.O.?) со кој велат дека имал магиска пракса (не сум запозанен дали бил иницијант во О.Т.О.)?

Зарем ова квази-учење не е извртено и нецелосно учење собрано од куп полутајни школи, од човек кој што разбрал колку што му давало профаното разбирање на поголемите мистерии на истите тие школи?
Мислам и дека е обвинуван дека ги искористил тајните на AMORC(ако имаат некакви тајни), нормално кастрирани и извртени според неговата фантазија за да го создаде овој култ... за некоја фантастична ( научна фантастика во овој случај) цел ...
--- надополнето: Oct 3, 2011 2:31 PM ---
тој го запознал окултизмот, некои велат дека бил член на сатански здруженија (Ordo Templi Orientis), дека се восхитувал на црномагиски вештини на Алистер Кроули, ама не смее да се заборави дека студирал нуклеарна физика и математика. И покрај сите предрасуди, човекот беше вистински гениј да им го пренесе на другите своето мислење, беше многу сугестивен и знаеше како да заработи пари. „За да се збогатиш, треба да имаш своја религија“, велеше тој и така ја оствари својата мисија.
П.С. Мислам дека светот уште 666 години ќе ги пишува зборовите црномагиски и Кроули во иста реченица :) (y) Јеееј :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.352
Поени од реакции
7.489
Хаха, не сум запознаен со ликот и делото на Кроули. Тоа ќе ја прашаш новинарката од Утрински :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom