Дијанетика и Скиентологија

D

Daedalus

Гостин
До која ,фаза, стигна? Зошто се откажа?
Зошто ,поверува, на нивната религија, секта, или што и да е?
faza, nekade predklier......spored nivnite kriteriumi
poveruvav zosto kvazi ideologijata na Skientologijata izgledase primamlivo spojuvajki gi dinamicite na zivot zaedno so potsvesta(reaktivniot um) itn. i nepoznavajki ja neurobiologijata i naukata dovolno, bev naiven i poradi licni problemi za koi ne preferiram da zboram :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222

Не те прашувам за личните проблеми, нормално.
Дали имаш(е) некои бенефиции?
 
D

Daedalus

Гостин
Не те прашувам за личните проблеми, нормално.
Дали имаш(е) некои бенефиции?
Плацебо да, реални бенефиции не. Секако не ја сметам Скиентологијата за дотолку опасна иако како секој култ ги има вообичаените негативности кои се карктеристични за култовите.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Плацебо да, реални бенефиции не. Секако не ја сметам скиентологијата за дотолку опасна иако како секој култ ги има вообичаените негативности кои се карктеристични за култовите.
Па не прашав од тој аспект. Поназад на темава, прочитав, не така фини приказни.
Верувам дека со некои од членовите кои пишуваа, и лично се познаваш.

Во кој момент престана ,,да веруваш,,? Со оглед на тоа што бараат (како што кажаа членовите) доста големи суми на пари, а со тек на време, бараат и откажување од основните биолошки инстикти (како сексот, на пример), колку време тоа не ти беше ,,сомнително,,?
 
Кога престанав да верувам најискрено? Кога го прочитав артиклов http://www.skepdic.com/dianetic.html

Од сексот не бараат откажување....не знам од каде тоа :pos:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Кога престанав да верувам најискрено? Кога го прочитав артиклов http://www.skepdic.com/dianetic.html

Од сексот не бараат откажување....не знам од каде тоа :pos:
Бараат, бараат :) Читни наназад. Кога стигнуваш до одреден статус, и тоа било потребно :)
 
D

Daedalus

Гостин
Бараат, бараат :) Читни наназад. Кога стигнуваш до одреден статус, и тоа било потребно :)
абе види секој на формуов може да пише што сака:) Бар во ниедна книга на Хабард, ниту пак во практикувањето на Скиентологијата не постои забрана за секс. Напротив, промовирањето на користењето на вториот динамик како што скиентолозите милуваат да го нарекуваат делот со репродукција и секс, е огромно, се смета за здраво и Дијанетиката се бави со прекинување на јадара јадара енграми што го блокираат истиот или го стимулираат премногу до состојба на манијакалност, според скиентолозите. Според таа логика, многу од скиентолозите не би требало да бидат женети и мажени што не е случај со Скиентологијата. Додека постојат работи кои навистина се точни како делот со парите, лагите кои ги промовираат за постоење на тетан, реактивен ум итн, исто така одредени верувања како тие дека Скиентологијата забранува секс, дека скиентолозите убиваат луѓе и пуштаат закани итн итн. се митови и мисконцепции за Скиентологијата...Секако дека не оспорувам дека можеби постојат такви случаи, но тие не се поврзани со Скиентологијата како верување, и со сите Скиентолози, за такви работи постојат закони...
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Бараат, бараат :) Читни наназад. Кога стигнуваш до одреден статус, и тоа било потребно :)
Хабард се излегна од ОТО. Таму малиот Рон заедно со Џек Парсонс научи да практицира секс магика, и потоа дел од тоа што го научи таму одлучи да го имплементира во сопствениот култ.
 
Колку што сум информиран црквата одбива било каква поврзаност на Хабард со ОТО.
Знам дека имал контакт со нив и го проучувал нивното верување, но колку како и дали практикувал нивни ритуали останува анегдотално. Скиентологијата нема некои ритуали кои се карактеристични за ОТО колку што сум информиран, ако имаш конкретни примери за практикување на секс магика во Скиентологијата, пиши...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Моментот кога решив да се откажам од скиентологијата беше кон крајот на 2005та година. Требаше да заминам за Будимпешта во Sea Org-от кој беше надлежен за јуно и источно од Унгарија. Таму требаше да бидам графички уредник на изданијата кои ќе се печатат на македонски јазик, и плус уште неколку задолженија.
Откако неколку членови на ХЦДС Скопје беа одбиени при барањето на виза, дојде мојот ред да се обидам. Кога стигнав пред амбасадата забележав дека во мене не носам пари за банкарски провизии, и тргнав да си одам пешки кон дома. Размислувајќи по пат ги ставив на кантар од една страна работење цел живот за скиентологијата да ги прави луѓето подобри, притоа живеејќи како монах, а од друга страна да се обидам самиот за себе да створам некаков капитал и материјални добра. Во донесувањето на одлуката малку помогна и тоа што недела две пред да одам во амбасадата фатив девојка. Доколку заминев во Будимпешта требаше да заборавам на такви работи се додека не стигнам до ОТ-2 нивото на развој на мојот тетан.
И си реков, фак дис шит, ќе бидам себичен.

Е после тоа стана интересното. Кога почнав да комуницирам со луѓе кои се борат против скиентологијата. Повеќето беа со некои неосновани факти (оние кои никогаш не стапнале во ХЦДС) и оние кои точно знаеја што е и како е, и ми ги посочија сите негативни страни на скиентологијата.

Напишано од Tonchie.
 
Вака, јас бев член 2008/2009 год., земав курсеви и вршев одреден активизам за Скиентологијата. А информации за Скиентологијата и Дијанетиката имав уште од 2004 година затоа што уште од тогаш се интересирав околу тие тематики.. Ги имам прочитано сите книги од Хабард, и тоа дека треба да се биде ОТ-2 ниво за да се има секс го немам сретнато во ниедна од истите. Можеби живеењето како монах било избор на Тончи, но не сакам да зборам во негово име. Дури Дино имаше девојка која работеше во Скиентолошкиот Центар. Имав прилично големи дијалози и дискусии со членовите, и никогаш не се спомнало забранување на секс или фаќање девојка. Дури и тој период имав девојка за која дискутирав неколку пати со одредени членови и немаше никакви забелешки околу сексот или слично. Можеби Тончи имал поразлично искуство со истите членови и не навлегувам во тоа. Што можам да кажам е дека Скиентологијата не проповеда ОТ-2 ниво на развој на тетан за да се има секс. Иако во Дијанетиката се спомнати одредени дисфункции околу сексот кои се "средуваат" со аудитинг, во Скиентологијата темата околу сексот е дека мора да биде хетеросексуален(останатите варијации се соматско/емотивни болести) и дека одредени енграми спречуваат здрав и добар секс. Дури семејството е една од најважните компоненти за човекот кога се работи за вториот динамик. Тоа е се што можам да тврдам. А дали во тајност Скиентолозите практикуваат други верувања, тоа не знам, не шпекулирам, а и да има такво нешто тоа е девијација на оригиналната Хабардова Скиентологија.
 
Дали пријателите (не знам како поинаку да ги наречам) го прекинаа контактот со тебе? Или имаше уште некој кој ,,размислува со своја глава,,?
 
Пријателите не го прекинаа односот со мене, дури и пробаа неколку пати да ме исконтактираат преку емаил за да се вратам и слично, со уште неколку досадни писма со содржина у стилот "Како си....Како оди животот. Дали студираш... бла бла". Јас прекинав контакт со нив. Неколку пати дебатирав за кредибилитетот на Скиентологијата, видов дека како и што очекував не ги задоволија моите барања за евиденцијата за лабораториските експерименти на Хабард, и видов не видов скратив. Писмо или слично ми немаат пуштено повеќе од година ипол можда. Знаат на една година по една телеграма со честитки да пуштат и покана за некој семинар, ама мислам тие автоматски идат на сите членови што ги има у компјутерот запишани, а ако не ме избришале....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom