Дијанетика и Скиентологија

Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
Моментално немам време за опширен пост, па ќе ти пишам едно кратко за ова цитираново.
Нарконон огранокот на Скиентолошката црква е техника за лечење на зависноста од наркотици која има многу висок процент на успешност, за разлика од традиционалните методи со метадон и слични „држвани“ дроги.
Лично сум сведок на неколку луѓе на кои ова им помогнало.

Кога ќе имам време ќе ти напишам пост кој ќе биде одговор на твојот опширен пост погоре.

Браво за твојот труд да го најдеш и преведеш сето тоа.
Според мене и моите многу добри информации и сведоштва за НАРКОНОН имаш голема грешка за мислењето.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.364
Поени од реакции
7.543
Па не знам Васил Шишков дали пак се дрогира, ама колку што знам, не. Сепак ќе прашам еден другар, лично се знае со него.
Еден другар остана во преведувачката единица на ХЦДС во Скопје, мајка му е една од првите скиентолози во Македонија.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
Па не знам Васил Шишков дали пак се дрогира, ама колку што знам, не. Сепак ќе прашам еден другар, лично се знае со него.
Друг другар остана во преведувачката единица на ХЦДС во Скопје, мајка му е една од првите скиентолози во Македонија.
Можно е да се случи да слушнеш дека некој се излекувал поточно како тие што викаат не се излекувал пошо не бил болен туку дека го завршил програмот.Тие што го завршиле програмот се 1 од 100 биди сигурен и само заради тоа што не биле на тешки дроги туку биле во ептен почетна фаза на лесни дроги.Друга причинина на која што родителите најмногу веруваат во тој центар е тоа што на почетокот не им даваат никаква посета околу 1 месец, а за тој месец со помош на витамини минерали и незнам уште што не користат за кратко време им наметнуваат телесна тежина(ги дебелеат) се со цел за на првата средба со родителите да изгледаат што подобро. Од таму и тоа дека има некој ефект пошто тие што завршиле толку многу добро им е испран мозокот што после кажуваат дека биле на секакви дроги долг временски период.Во најголем дел од случаите тие што го завршуваат програмот ги оставаат на работа во центрите на нарконон и ги пракат во потрага по нови студенти.Значи прво што прават тие одат кај родителите на нивните пријатели и другари со кои заедно посегнале по најлошото нешто и ги убедуваат како тие успеале.Откако ке донесат одреден број на студенти следното нешто за нив е дека тие направиле нешто што не требе дека тие не знаат да работат и ги бркаат од работа.После толку време поминато во нарконон и толку многу потрошени пари за нивното лекување и на крај пак оставени на улица со помош на добрата психичка терапија употребена на нив искористувајки го исто така и нивниот слаб карактер истите пак посегнуваат по дрогата.Сето тоа функционира само на тој начин и цело време се вртат само тие едни исти студенти.А родител како родител кога ке разбере за неговото дете се ке направе и поверува само да најде некој излез од таа ситуација.Најголемото зло на денешницата значи полошо зло и од она што ние го знаеме (ДРОГА) е токму Скиентологијата и НАРКОНОН.Знам многу од нив кои и куќи и станеви и све продаваат само да останат во сектата да не бидат избркани.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.364
Поени од реакции
7.543
Темава е многу едноставна, или си ЗА или си ПРОТИВ. Трето е само доколку сеуште не си чул.
Кога нема да ме мрзи ќе напишам еден малку поопширен пост. Мрафка ме мотивираше.

п.с. Имам потпишано SeaOrg 1000000 years valid contract.
Ако најдеш поверодостојна информација, која јас сеуште не сум ја прочитал од член или противник на Скиентолошката црква те носам на пиво.
 
iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Моментално немам време за опширен пост, па ќе ти пишам едно кратко за ова цитираново.
Нарконон огранокот на Скиентолошката црква е техника за лечење на зависноста од наркотици која има многу висок процент на успешност, за разлика од традиционалните методи со метадон и слични „држвани“ дроги.
Лично сум сведок на неколку луѓе на кои ова им помогнало.

Кога ќе имам време ќе ти напишам пост кој ќе биде одговор на твојот опширен пост погоре.

Браво за твојот труд да го најдеш и преведеш сето тоа.
Jas ova ne go prevedov, a inaku istorijata kazuva drugo ne deka skientoloshkata crkva e tehnika za lecenje na zavisnosta od narkotici, vakvo nisto nigde nemam sretnato do sega.
 
iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Па не знам Васил Шишков дали пак се дрогира, ама колку што знам, не. Сепак ќе прашам еден другар, лично се знае со него.
Еден другар остана во преведувачката единица на ХЦДС во Скопје, мајка му е една од првите скиентолози во Македонија.
Inaku se e mozno pa ako najdesh nekoja druga informacija pisi da doznaeme poveke.
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Просто и едноставно-ПРОТИВ.
Нема што да повторувам,премногу луге пред мене кажаа,скиентологијата е само едно големо перење мозок.Ги искористува човечките емоции како слабост,за да го добие она што го сака.Пари и само повеке пари.Па премногу е тоа очигледно,ама како што рекоа погоре,кога некој е во неволја,ке направи се само за да се извчече.Тогаш веке не размислува со мозокот,заборава на сите негативни работи што предтоа ги слушнал за скиентолозите,почнува во него да работи само паниката и инстинктот за преживување и со тоа се предаваат.После работата е лесна.
Единствено нешто што може да ги заштити лугето е едукација,или на крај екстремна мерка-забранување на скиентологијата како неприфатлив општествен елемент,кој ултимативно им носи само страдање на лугето.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
Темава е многу едноставна, или си ЗА или си ПРОТИВ. Трето е само доколку сеуште не си чул.
Кога нема да ме мрзи ќе напишам еден малку поопширен пост. Мрафка ме мотивираше.

п.с. Имам потпишано SeaOrg 1000000 years valid contract.
Ако најдеш поверодостојна информација, која јас сеуште не сум ја прочитал од член или противник на Скиентолошката црква те носам на пиво.
Под услов ако и ти пиеш пиво со мене.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Јаооооо......

Ете имало тема....супер таман навреме да ве предупредам...

Кај Италијанска амбасада(на тротоарот до Бамбус Оаза) стои обично едно машко и врши анкета за тоа дали и колку сте среќни и задоволни од вашиот живот...

(Пред околу еден месец)
Јас, еден колега и една колешка си идевме од фах....и кога на веќе споменатото место....данг ни се појавува еден дечко со нотес у рака и ни вика да не анкетира.....и ние онака на заебанција си викаме ај да видиме шо чудо е сеа воа(се плашевме да не има камери околу :vozbud:) и така дечкото почна со неговата анкета....

Ни постави три безвезни прашања од типот:

...Ако сте на пуст остров што би понеле со себе...и бла бла од тој тип....и нормално ние дававме(вклучувајќи ја и колешката) најперверзни одговори(нормално) бидејќи не сме до толку исчукани да се занесеме со филозофирање на такви прашања.....

И кога наеднаш дечкото вика сега дојдете со мене.....и јас си реков е дури сеа ја наебавме...ама за беља колегите ми беа радознали и сакаа да видат кај ќе не носи....И дечкото не однесе во една адвокатска канцеларија до Италијанска амбасада...и таму....:

Директорска фотеља на која седеше преееејака женска(не е сликовит зборот ама тоа е) и уште една женска која имаше улога на хостеса....

Откога се запознавме ни подели по 50тина флаери со прашања и тралала и не праша дали знаеме што е тоа скиентологија......и колегите мои рекоа дека не се запознаени со поимот.....и нормално женската ми се обрати и мене со истото прашање и јас како од пушка и реков:

ПА ТОА Е СЕКТА...

И таа....-"(она циничното) хух секта...а од каде тоа дека скиентологијата е секта?"
И ја и викам...-"На Discovery имам гледано емисија за ова"
И таа продолжи со нејзиниот цинизам...-"Хахаха значи треба сите да им веруваме на дискавери и нивните скептични емисии"

И јас за да ја опраам ситуацијата реков -"Не не,нормално дека скиентологијата не е секта,тоа само јас го кажав како Diсovery им ја прикажува оваа наука на луѓето"

И нормално по ова следеше муабети од типот дека секој различно ја прикажува оваа "наука" и дека не треба да веруваме на секакви сугестивни емисии....

И за крај рече-"Сега сте слободни и одговорете на прашањето на флаерите и донесете ги одговорени ние сме отворени за вас".....
А мене ми се обрати-"А ти дечко сега ќе останеш и ќе те однесеме во една темна просторија со свеќи...хаха секта...(пак цинично смеење заедно со нејзината хостеса).."
И така конечно излеговме од таму и во првата корпа ги фрливме прашалниците и флаерите(вкупно околу 100тина).......

За информација.....третманите вклучуваат суми од типот:

Сеанса за психичка стабилизација-9000денари
Продолжителни тестови на претходно направените сеанси-15000денари..

ух доволно кажав.....но за крај мора да додадам дека денеска си идев по истиот пат и замислете таму на тротоарот стоеше истиот дечко со нотес во рака(тоа беше мотивот за постот)......ПАЗЕТЕ СЕ :uvo:
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Тончи, се надевам дека гледаше "Јади Бурек". Гостинот (поранешен зависник кој ја надминал зависноста) спомна и за безобразноста и дрскоста на скиентолошките НАРКОНОН, спомна дека биле и забранети во бааѓи земји.
 
Dobro e sto ne informira, i podaleku od toa toa e ludilo, pazete s
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.364
Поени од реакции
7.543
Јас досега за 8 години откако знам дека постои скиентологијата во Македонија не сум имал никакви проблеми со луѓето :)
Сум имал убави искуства, и сум се дружел и сеуште повремено се дружам со некои од тие луѓе (хех, сите се веќе бифши членови, вклучувајќи ме и мене).
Мене ме однесе во ХЦДС мојата професорка по Англиски од основно, најдобрата професорка по англиски што досега ја имам видено.

Би се вратил само за да направам една работа. Purification Rundown, или процес за прочистување на телото од сите отрови и штетни материи кои се насобрале во телото за време на овој живот. На времето чинеше 1200 марки, сега не знам колку е, но сите што го направиле викаат дека вреди. Полесно дишат, имаат повеќе енергија. Имам видено како на луѓе им исчезнуваат некои чудни флеки од телото (кафеави или црвени дамки по кожата, „од раѓање“). Оние со кои највеќе се дружев после Пјуриф со помалку алкохол ги фаќало (дел од парите веднаш им се враќаат на тој начин, ЉОЉ).

Организациската структура е доведена до совршенство. Точно се знае кој што треба да работи и колку треба да сработи, и на кого поднесува извештај итн.

Од филозофска гледна точка, во скиентологијата Л.Р.Хабард ги собрал сите оние работи кои ги научил од источните филозофии и ги подредил по некој редослед и со свој речник подоцна сето тоа го спакувал како една единствена филозофија.

Инаку системот за извлекување на финансиски или човечки ресурси е усовршуван со текот на годините додека Хабард бил жив, но и понатаму се модофицира од следбениците во горниот ешалон.

Под нив се членовите на Saint Hill .... ух забораиф што беше уште во СХ, ме мрзи да гуглам и SeaOrg. Тоа е всушност столбот на Скиентологијата. Си Орг настанал откако борбата за протерување на Хабард од УСА била во силен замав и тој отпловил по Атлантикот за да се консолидира. Постојат многу написи по нет за што се случувало и што се „случувало“ на тој брод, но денес СиОрг поседува цела флота во која главен е бродот FreeWings.
Копнени центри има низ целиот свет, најблизок е тој во Будимпешта. Таму и требаше да одам се додека не се предомислиф во последен момент.
Инаку во центрите фунционираат како манастирите во христијанството, малку модифицирано.
Членовите работат многу, има дрес код, хмм што друго...
Право на стапување во брак имаат откако ќе станат ОТ2. Пред тоа немаат право на никаков сексуален однос.

Кога сум веќе кај ОТ степените. Тие следнат откако тетанот (единката) ќе стaне Clear. Или единка без аберации (ги отстранила целосно од себе). Прв клир во Македонија е сестрата на Мони Дамевски, човекот кој ја донесе во Македонија скиентологијата и близок соработник на Милчо Манчевски. Македон4е наместо да си зјапал во јаката женска да си ги разгледал сликите од страна ќе си видел слика од Мони со Џон Траволта.

Е сега ОТ степените не ги разбирам баш, посебно не знам зошто се 15 кога има 8 динамици на човековото опстојување (првично биле 5).
1 динамик - тетанот (единката, егото, како сакате викајте се :) )
2 динамик - сексуални партнери и потомците
3 динамик - луѓето кои ве опкружуваат
4 динамик - човештвото општо
5 динамик - целокупниот жив свет на планетата
6 и 7 динамик не ми текнува баш конкретно на што се однесуваа,
8 динамик - божество, или бесконечност, претставен преку легната 8ца.

И за крај да го оставам најдоброто, Скиентолошкиот аудитинг. Процес кога тетанот се враќа назад на временската лента на која се запишани сите сеќавања, најчесто на некој немил настан. Процесот го насочува обучен аудитор кој ја тера единката да се соочи со настанот повторно и повторно се додека не се отстранат сите негативни емоции во врска со тој настан.
Некој погоре имаше напишано дека е процес на поставување на глупави прашања кои ги одговараш со затворени очи притоа држејќи лименки во рацете поврзани за некоја чудна машина.
Но ова е навистина корисна работа. Ми отсрани страв од пешачење ноќе (којшто го стекнаф после една опасна тепачка).
За жал ова е прилично скапо. Јас го добив беспари по сплет на околности.

И втората добра работа која никако да фатам пак да ја правам се асистите, или помагање на повредено лице преку соодветна масажа.
Забрзува опоравување од повреди, лечи акутен замор. Девојките со кои се дружев ги имаа научено дечковците да го прават тоа за кога им е циклусот да немаат ПМС и болки.

Толку сега за сега, ако ми текна уште нешто ќе допишам.

п.с. Мистичен, никогаш не отидоф во Нарконон, така да не можам ништо да кажам. Само знам дека по кажување на Васил имаат прилично строг режим на функционирање со пациентите. Така да не би ме изненадило некое размазено детиште да се жали за ова или она. Такво момче во ЈНА најверојатно би имало барем еден обид за самоубивство, ама ова е веќе друга тема.
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Добро,а зошто сето тоа се плака толку скапо?
Нели Скиентологијата вика дека се грижи и ги сака своите членови?
Каква е таа грижа,кога им се цедат сите финансиски средства?
Што ке ми е мене чистење од сите отрови на телото,ако немам после да си купам за јадење или го изгубам покривот над главата?
А факт е дека тоа и се случува,нели?
Не благодарам,ке си останам со моите отрови во мене,ке си го задржам правото да се оженам кога сакам,а не кога некој морон ке реши дека ја сум clear...ха,не гледам никаква корист за мене од целиот тој процес,само едно големо финансиско и трудовно искористување.
Колку смешно,работиш и плакаш за тоа што работиш.Еееееееееееј....
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Пизду матер, Мони Дамевски да ти кажува кога смееш да се ожениш...и ти да го слушаш, треба да си ретардињо.

А анализирајте им го пристапот и ловот на новите регрути. Колку преварантски, анкети, стрес тест, тест за интелегенција, тест кур се тресе...

И нормално, има и луѓе кои се толку очајни, луѓе кои се на патот кон дното и кои бараат излез во секоја јадица и наседнуваат.

И во самата биографија, Мони си признава дека бил толку депресивен и со психички проблеми, се мкнел по психијатри, кркал таблетки...и тогаш...тантарататааа...ја открил Скиентологијата.
 
Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Не фала.

Веќе сум член на Првата Црква На Зину.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom