DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.344
Поени од реакции
57.965
Следи еден тазе филм, доволно контроверзен и двосмислен за да го дискутираме тука. Знам дека го имаат гледано само неколку членови до сега така да ќе стои некое време, додека се собере кворум.

Значи: Rubber (2010)

Кој не се изјаснил за EYES WIDE SHUT, слободно нека пишува и за тоа.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.509
Поени од реакции
33.674
Следи еден тазе филм, доволно контроверзен и двосмислен за да го дискутираме тука. Знам дека го имаат гледано само неколку членови до сега така да ќе стои некое време, додека се собере кворум.

Значи: Rubber (2010)

Односно јас, ти и металхамер? :pos:

Вчера го изгледав филмов и незнам зошто ни од каде позитивни импресии. Секоја логика во самиот мене ми наведува лошо да го оценам филмот, ама.. :) Интересен концепт плус двосмисленоста, тука е баналноста и на крај хоророт. Убав склоп и со сосема доволно времетраење. Повеќе би било потење. За приказната, шо да кажам.. Како што почна мислев така ќе заврши без да се кхм приказните. Мислев тоа со публиката е ставено за да се пронајдеме, додека тие ги кажуваа причината зошто да го изгасиме, reverse psychology ово оно, не тера да го гледаме до крај. И како по дефулт, крајот го краси делото. Утре повеќе елаборирање, сега ми свири уште во мозокот карневалската атмосфера и не ми текнува на детаљи од филмот. :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.344
Поени од реакции
57.965
Мене ми се чини дека два филма се во прашање. Ова е филм за снимање на филм, т.е. за уништување на филмот од оние кои го прават и тотална негрижа за публиката која го гледа. Значи, филмот е за група луѓе (режисер, продуцент, актери итн...) кои снимаат филм за една гума што се тркала и прави бељи. И покрај тоа што режисерот им кажува дека филмот течел добро но оди во погрешна насока, тие тотално го игнорираат, со цел побрзо да завршат (да скратат трошоци, да ја завршат работата итн...) Дури и кога им кажува дека филмот не е готов и има уште материјал да продолжи, да биде повозбудлив, тие си заминуваат. Филмот е украден од режисерот и склопен од луѓе кои не се доволно компетентни. Публиката се разбира добива болки во стомакот.

Можеби најмногу симболика има сцената во која шерифот им објаснува дека ништо не е вистинско, но трупот на жената е обезглавен. Сепак, тој им вика: дај размрдајте ја малце :pos: Овој момент на некој начин означува немање чувство на луѓето кои ги прават филмовите, дека публиката треба да се соживее со филмот, навистина да почувствува дека тој што го убиле е мртов и тн... а не да се одвојува од филмот (убава симболика со двогледите).

Како ми се виде мене, ова е нискобуџетен филм за комерцијалните филмови, т.е. за негрижата кон нив од луѓето кои ги прават.

Исто така, одлична воведна цена.

И јас, немам појма што оцена да му дадам, меѓу 2 и 9 е. Беше необично искуство во секој случај :)
 
Член од
17 октомври 2009
Мислења
148
Поени од реакции
10
Aпсолутно се согласувам. Тоа и е поентата на филмот, суштината, а голотијата,масоните,дрогата и слично е само маска. Сите сцени во филмот, се така направени за да го прикажат енергетското поле на Том,за да го прикажат крадењето на енергија и онеспособување на човекот , на големата ,,сцена,,. Сметам дека филмот од многумина е погрешно перцепиран , затоа што всушност ја прикажува целокупната животна сила и моќ на еден навидум обичен човек,кој започнува полека преку сопствената кожа,да ги запознава манипулацијата и нераскинливата врска меѓу аурите (пр.јаката љубов и соединетост меѓу него и жена му ,во моментот кога таа му кажува дека силната сексуална привлечност кон дечкото од морнарицата,предизвикувал истовремено зголемување на чувствата кон Том и нежност).
Извонредно прикажан е цел ланец на одземи енергија,дај енергија, спушти се до најдолу и врати се во живот преку безграничен извор на сила-безусловната љубов.
Абре гледам ушче ве лажат америве .. кое енергетко поле на Том ? какво крадење на енергија? во која сцена имаше прикажано безусловна љубов и нежност ? Сте прочитале на интернет некоја препорачана статија па че солите памет .. не ми е јасно како вака .. барем ние .. оваа генерација треба да размислуваме појќе .. цел филм е перење мозок и прикажување на благодетите кои ги имаат .. ебате филмот .. ебате масони .. и крајот беше прајслес .. каков крај .. Томов и вика - и сега, сега како че продолжиме , а оваа му врајча - че продолжиме да се ебаваме .. прајслес .. ТХЕ ЕНД
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
ama i ti bajagi si lazen od amerive...zoshto mesto besceneto -prajsles...ili the endot...mi zalicuva na tipot sho mrazel crnci i rasisti
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Абре гледам ушче ве лажат америве .. кое енергетко поле на Том ? какво крадење на енергија? во која сцена имаше прикажано безусловна љубов и нежност ? Сте прочитале на интернет некоја препорачана статија па че солите памет .. не ми е јасно како вака .. барем ние .. оваа генерација треба да размислуваме појќе .. цел филм е перење мозок и прикажување на благодетите кои ги имаат .. ебате филмот .. ебате масони .. и крајот беше прајслес .. каков крај .. Томов и вика - и сега, сега како че продолжиме , а оваа му врајча - че продолжиме да се ебаваме .. прајслес .. ТХЕ ЕНД
Не ја гледаш позадината на филмот, сите сцени беа поврзани една со друга , а крадење на енергија имаше во сцените каде што жена му флертува со постариот господин, кога му кажува дека би напуштила се за мажот од морнарицата, кога дознава дека проститутката има СИДА итн . Цел филм е за енергијата, како човекот реагира на одредени инстанци и како се создава единство на еден циклус ,една автореференција која е заокружена со процесот на вистинска љубов,таа вистинска љубов го одржа енергетското поле на Том. Крајот -сега ќе продолжиме да се е*еме ,всушност значи дека циклусот и натаму ќе продолжи ,дека сеуште не е завршен и дека нема да заврши се до смртта на една единка.
Ова не е америчко гледање на филмот,ова е мое гледиште на филмот , америчкото побарај си го на Google и ќе видиш какви рецензии има , а ти очигледно не си го сфатил филмот, што е и нормално ако никогаш претходно не си бил запознаен со принципите на крадење и давање енергија.
 
Принципи на крадење и давање енергија со примеси на секс, дрога и болни умови ??
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Принципи на крадење и давање енергија со примеси на секс, дрога и болни умови ??
Сексот е еден од природни начини на кои луѓето се релаксираат и добиваат енергија (покрај тоа што сексот е основна човекова потреба исто како и гладот и жедот), дрогата конкретно не ,но затоа наркоманите општо е познато дека се едни големи црни дупки без енергија - што значи секогаш се обидуваат да исцрпат нешто од околината,создаваат напнатост и се повеќе се дел од денешното секојдневие.Си имал прилика да видиш семејство на наркоман?Јас да, и можам да кажам дека скоро сите се исцрпени,уништени , без волја и надеж дека нивното дете некогаш ќе биде исто како и порано .Ете вака крадат енергија злоупотребувачите на дрога .
Болни умови? Каде виде болни умови во филмот ? За кого конкретно мислиш? За обредите на масоните (што и да се)? Дефинирај ми болен ум ,мислиш ментално, на која психолошка болест мислиш конкретно, и кажи ми жити се кај ја виде во филмот?
Оргиите не ми се воопшто чудни,се кладам дека на многу луѓе им се скриена фантазија , а и нивната намена не беше за да сите тука се чудиме-лелее што е ова,ни во порно филм не сум го видел, туку сосема друга ,ако ти текнува Том отиде на ,,забавата,, само затоа што пијанистот всушност му кажа за тоа , сексот го влечеше,и како што спомнав и погоре ,му требаше енергија преку тоа, беше празен ,исцрпен од случувањата неколку часа претходно.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.626
Поени од реакции
18.107
Aпсолутно се согласувам. Тоа и е поентата на филмот, суштината, а голотијата,масоните,дрогата и слично е само маска. Сите сцени во филмот, се така направени за да го прикажат енергетското поле на Том,за да го прикажат крадењето на енергија и онеспособување на човекот , на големата ,,сцена,,. Сметам дека филмот од многумина е погрешно перцепиран , затоа што всушност ја прикажува целокупната животна сила и моќ на еден навидум обичен човек,кој започнува полека преку сопствената кожа,да ги запознава манипулацијата и нераскинливата врска меѓу аурите (пр.јаката љубов и соединетост меѓу него и жена му ,во моментот кога таа му кажува дека силната сексуална привлечност кон дечкото од морнарицата,предизвикувал истовремено зголемување на чувствата кон Том и нежност).
Извонредно прикажан е цел ланец на одземи енергија,дај енергија, спушти се до најдолу и врати се во живот преку безграничен извор на сила-безусловната љубов.
Мислам дека премногу филозофски и генерално го истумачи филмов. Ова толкување може да се примени и за дузина други филмови со слични тематики. Суштината лежи во самиот наслов, Eyes wide shut или поточно сон. Главната финта во филмот е да определиш кога тој сон започнува а кога завршува. Ако се сеќаваш на разговорот помеѓу Бил и Алис, по забавата на која тие присуствуваа, Алис започна расправија околу флертувањето и поентата и беше да не биде толку сигурен во неа дека таа му е целосно верна. Притоа му кажа за фантазиите кои ги имала за одреден морнар кој го видела во хотел додека заедно биле на одмор, и дека доколку тој и понудел нешто таа би била спремна да изгуби се, и мажот и децата, макар и за една ноќ. Е ова е клучен момент во филмот, ова искажување на Алис всушност ја инспирира подсвеста на Бил кој започна да го сонува она што му се случуваше во текот на ноќта. А сонот започна точно во моментот кога заѕвони телефонот и Бил беше повикан да ја утврди смртта на некој негов пријател. Одтогаш Бил почна да добива разни понуди за секс и се уствари понатака се вртеше околу секс, тоа беше неговата подсвест која што беше полна со љубомора и желна за промискуитет, желна тој да спие со друга жена за да се одмазди за зборовите кои му ги кажа жена му. Постојат и други елементи кои укажуваат на тоа дека се работи само за сон. На пример кога пристигна на забавата на Илуминатите, проститутката Аманда го позна веднаш преку маска дека е баш тој, доктор Бил. Потоа на почетокот кога на забавата на Циглер, Бил флертуваше со двете манекенки, тој ги праша - Каде ме носите девојки - а тие одговорија - Онаму каде што завршува виножитото. Ако се сеќаваш, авантурата на Бил почна кога тој отиде да си купи костум од Rainbow Fashion, се тоа се знаци кои му ги дава неговата подсвест во сонот, сигурен сум дека ќе најдеш и други знаци кои укажуваат на тоа дека се работи за сон доколку внимателно го гледаш филмот. Кога сонот завршува Бил ја гледа маската на креветот, на перницата до неговата жена. Тука маската ја симболизира вината, грижата на совест која што Бил ја носи во себе поради помислата да ја изневери својата жена, поради тоа тој почнува да плаче и и раскажува се, во тој момент сонот веќе заврши. Па дури и на крајот кога тие двајца разговараат Алис му кажува на Бил дека - Без разлика дали е ова сон или не, постои голема вистина во сево ова. Значи ова е филм кој генерално се занимава со брачната врска, со моногамијата и со верноста. Па дури и лозинката за влез во куќата беше Фиделио што на латински означува верност или лојалност. Меѓутоа тоа е површинската приказна под која се крие другата приказна на која Кјубрик алудира, а тоа е приказната за една заедница на богати и моќни луѓе чие постоење се шпекулира и токму Кјубрик сакал преку филмов да ги опише нивните начини. Овој филм е доста метафоричен и двосмислен, баш последниот дијалог го докажува тоа, тој дијалог се однесува и на двете приказни.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.509
Поени од реакции
33.674
Премногу IMDb.. :)
 
Да ти кажам искрено, доста интересно ти си го протумачил филмот, а и скоро на истите сцени алудираш ,што е доказ дека навистина тие сцени биле кликот во филмот ,а доколку било сон (секако Кјубрик не може да ни каже дали тоа му било поентата или не ),сепак не значи дека поентата со енергијата не е таа. Да речеме ,хипотетички дека било сон , каде тука пак се вклопува сонот на Алис во која таа буквално дава ретроспектива на вечерта што Бил ја помина (секако дел метафорички), а последниот дијалог да , се однесува можеби на две приказни, ама споени во едно ја дава целината на јамката во која е поставен овој брачен пар во текот на целата приказна. Филмот да, се занимава со брачната врска ,но и дава многу убаво, необично гледиште од агол на две споени души кои како да се поврзани со невидлива нишка,што воедно ја покренува и целата лавина на емоции,реакции,случувања,кои јас би ги нарекла енергетски промени. Можеби има и други филмови во кои може да се примени вакво гледиште,но ретко кој филм толку луцидно и толку реално го прикажува ова поле .Кјубрик знаел да направи ремек дело, а овој филм е токму тоа. Бај д веј ,моето гледиште за филмот не е филозофско-езотерично е.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.626
Поени од реакции
18.107
Премногу IMDb.. :)
Не гледам ништо лошо во тоа да се консултираш со ИМДБ, јес да и тие рецензии од ИМДБ се инспирирани од едно типче кој го има гледано филмов милион пати и до детаљ го има изанализирано во едно дело кое може да се класифицира и како книга http://www.jeffreyscottbernstein.com/kubrick/images/Notes_on_EWS.pdf

Да ти кажам искрено, доста интересно ти си го протумачил филмот, а и скоро на истите сцени алудираш ,што е доказ дека навистина тие сцени биле кликот во филмот ,а доколку било сон (секако Кјубрик не може да ни каже дали тоа му било поентата или не ),сепак не значи дека поентата со енергијата не е таа. Да речеме ,хипотетички дека било сон , каде тука пак се вклопува сонот на Алис во која таа буквално дава ретроспектива на вечерта што Бил ја помина (секако дел метафорички), а последниот дијалог да , се однесува можеби на две приказни, ама споени во едно ја дава целината на јамката во која е поставен овој брачен пар во текот на целата приказна. Филмот да, се занимава со брачната врска ,но и дава многу убаво, необично гледиште од агол на две споени души кои како да се поврзани со невидлива нишка,што воедно ја покренува и целата лавина на емоции,реакции,случувања,кои јас би ги нарекла енергетски промени. Можеби има и други филмови во кои може да се примени вакво гледиште,но ретко кој филм толку луцидно и толку реално го прикажува ова поле .Кјубрик знаел да направи ремек дело, а овој филм е токму тоа. Бај д веј ,моето гледиште за филмот не е филозофско-езотерично е.
Сакав да кажам дека премногу филозофски си објаснила нешто што може да се нарече желба за прељуба или желба за одмазда изразено преку сон.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Сакав да кажам дека премногу филозофски си објаснила нешто што може да се нарече желба за прељуба или желба за одмазда изразено преку сон.
Не е желба за прељуба и за одмазда ,туку обид да се прекине љубовна врска,преку кратко задоволство и секс, што на крај и двајцата ќе сфатат дека нивните души се до тоа ниво поврзани ,што секој таков обид ,би имал контраефект ,односно би ги носел на уште повисоко ниво на љубовта (ова е принципот на взаемно снабдување со енергија кај двајца што се сакаат безусловно).
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.344
Поени од реакции
57.965
Јас морав да го сменам насловот на темава со друг филм за да ви текне да дискутирате, а? :)

Продолжете...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom