Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
грешиш за статистиката. не може да очекуваш да биде иста во земји со комплетно различно општество. оној дел кој би можел да биде ист е бројот на успешни/неуспешни/абортуси со компликации, бидејќи тој релативно помалку зависи од фактор општество. не може да биде ист бројот на абортуси во земја во која луѓето ги имаат сите услови за да ги одгледаат своите деца (како шведска, германија, сад) и во земја во која на пример родителите немаат работа и би требало да живеат сите од пензијата на бабата и дедото. исто како и за старосните групи, сигурно дека тука ќе биде поголем бројот на млади луѓе кои абортираат заради неедуцираност, економски проблеми, нерешени животни прашања, а во другите земји ќе биде поголем бројот на жени над 40 зашто веќе имаат 3-4 деца и не им се чува уште едно дете на 40 и нешто години. не можеш и не смееш да се држиш како слеп за стап цело време за еден ист аргумент. да, жените имаат право на избор, се работи за нивно тело, но, не, не смее абортусот да се претвори во средство за контрацепција. ако веќе се запнуваш по западните земји-интензивна едукација на младите, кампања за контрацепција (не антиабортус кампања со полуглупи изјави) и проблемот ќе биде решен.
Статистиката се однесуваше на број на абортуси кога тоа беше неллегално во америка и од кога се легализираше. И бројката беше идентична. Значи кој и да сакал да абортира абортирал и кога било со закон забрането. Исто ќе биде и кај нас само што ќе се абортира или во диви клиники или во соседните земји. Да се помачеше да ја видиш статистиката ќе знаеше за што зборувам.
Никој не рекол дека не треба да има едукација на младите, тоа е нешто што го баам цело време. Ако сакаме помал број на абортуси ни треба секусално образование да биде воведено до седмо оделение.
Проблемот со абортусот никогаш нема да биде решен, барем не се додека некој не свати дека не треба да се меша во правата на другите луѓе. Законот за абортус поминал во уставните (врховни) судови во сите земји во кој е дозволен и таму стручни експерти од сите области ги кажале своите стручни ( и не, не полуглупи) мислења.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
имаш увид во македонската статистика? со што била бројката идентична? со бројот на нелегални абортуси во македонија? КОГА абортусот бил нелегален во македонија? полека малку. полуглупи се изјавите во АНТИАБОРТУС кампањите. ЧИТАЈ пред да изреагираш како паун :smir: те цитирав тебе исклучиво заради статистиката. не заради другите мислења, со кои се слагам. и, од страна, што немаше врска со твоите мислења, додадов дека не смее абортусот да стане средство за контрацепција. take it easy, dude :smir:

Во Македонија секогаш била легална. Затоа може за пример да се земат другите земји. Америка била меѓу првите кои дозволиле абортус па пак и кога било забрането се правеле. Единствено што е намалено со дозволата на абортусот се конпликациите кои настанале од него. Ако во тоа време не можело да се запре абортирањето денеска тешко дека ќе се успее. А дали слоганите се полуглупи тоа важи и за двете кампањи, со таа разлика што кампањата против абортусот е воглавно базирана на лажни или извртени факти.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
во право си, јас во ниеден момент не реков дека не си :) во америка до ден денес има држави во кои е забранет абортусот. и во тие во кои е легален, има луѓе кои седат пред клиниките за абортус и протестираат, ги имам видено со свои очи, исто е како и по филмовите што ги претставуваат. имам видено и луѓе кои во аптеките стојат пред контрацепцијата со маица со лого prolife и "за себе" коментираат дека абортусот и контрацепцијата се еретички. тоа е оној дел за кој реков дека е полуглуп. и факт е дека целата кампања и на едната и на другата страна се базира на "факти" кои одговараат само на едната или на другата страна. и не реков ниеднаш дека треба да се забрани абортусот. комплетно се согласувам дека забранувањето само ќе доведе до поголеми компликации. и поскапувањето, за кое разбрав дека е решение во македонија, ќе доведе до отварање на полулегални ординации во кои нестручни лица ќе извршуваат абортус. не е решение забранувањето. ама бидејќи веќе кажавме се околу решението, не би тупела понатаму :smir:

Во Македонија секогаш била легална. Затоа може за пример да се земат другите земји. Америка била меѓу првите кои дозволиле абортус па пак и кога било забрането се правеле. Единствено што е намалено со дозволата на абортусот се конпликациите кои настанале од него. Ако во тоа време не можело да се запре абортирањето денеска тешко дека ќе се успее. А дали слоганите се полуглупи тоа важи и за двете кампањи, со таа разлика што кампањата против абортусот е воглавно базирана на лажни или извртени факти.
 
Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Пошо темава е прежвакана веќе 150 страници, нема потреба да ги повторувам и другите, само ќе посочам кон "манифестот" за акцијата која ќе трае уше денес и утре.

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
не е добро што кај нас абортираат без проблем,не мора ни да закажеш,одиш си вршиш работа никој не те прашува,нити ти прави проблем. затоа има многу абортуси,каде е разговорот со психолог,разговор со лекар?повекето установи ова го немат+мегу младите сексот не е веке табу тема како порано,па редно е да им се воведе сексуално образование ако не како час,да биде како кога учев јас во средно,доагаа доктор и психолог после часови и ни држеа предавање-
младите да се едуцираат,тоа е најважно,како да се заштитат,за да не дојдат до абортус,стварно е греота толку абортуси да има.
Го подржувам ставот дека жената има право на своето тело,нормално,но строго го осудувам абортусот и ништо на светов нема да ме разубеди дека тоа е решение.
 
Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Програма за сексуална едукација во средните школиња има направено уше гооооодини наназад, ама треба стари дртала да предаваат и да ги учат децата на апстиненција, така се заебаа во Хрватска. Има мал милион дечки што имат завршено ПИЕР едукација за сексуално образование (неформално. правилно користење на кондом, видови на заштита, советување, итн. итн. итн) ама не можат да предават во средни школиња, од причина што ќе бидат премногу "либерални". Спомни секс пред брак или истополов однос и професорката ќе те фрли низ прозор. :D

Ама ако, имаме ние веронаука во школињата. :P
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Абортусот е право на секоја жена и е признаен од 195+.
абортус имал и ќе има.
Не треба да се работи на забрана на абортус, треба да се работи на создавање на функционални фамилии, кои , се разбира, ќе си имаат деца, најдоброто нешто.
И не креирајте глупи пропаганди. Ако сакате да знаете како женска би ви дала па да почнете со процесот за деца правење..прашајте.
 
Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Точно.

Смешно е како конзервиве мислат дека абортусот *~МаГиЧнО~* ќе исчезне. Ќе почнат луѓе по подруми да брцат игли за плетење и закачалки. Важно да се раѓат бебулиња, не е битно дали фамилиите се финансиски моќни да ги гледат.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

А малкумина тоа го знаат т.е дека игли за плетење, гранки, закачалки и слично било алат за абортус во времето кога истиот бил забранет и доста од жените подложени на квазиабортусот умирале или во најдобар случај само останувале неплодни.
 
Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Umiraat i do den denes. Ima dosta devojki sto na skrisum, od sram ili nesoglasuvanje so nivnite roditeli toa go pravat, cesto pati i sami, bez nikakvi poznavanja.

Rezultatite, vo najmala raka, se cesto pati tragicni.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Umiraat i do den denes. Ima dosta devojki sto na skrisum, od sram ili nesoglasuvanje so nivnite roditeli toa go pravat, cesto pati i sami, bez nikakvi poznavanja.

Rezultatite, vo najmala raka, se cesto pati tragicni.
Е за таквите рекле порано... некој за ум, некој од ум.
 
Член од
22 јули 2005
Мислења
2.198
Поени од реакции
11
Сум за абортус,недај боже да ми се деси некоја беља на овие години,бива сешто се случува,што да праам да го родам?на 18 години не би чувала дете сигурно. Сум дефинитивно за абортус.
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Ок... Нека го забранат абортусот...
АМА

кондомомати или како и да се да има на секој факултет, хотел, по улици, по свегде и секаде и нормално да бидат БЕСПЛАТНИ

апчињата за контрацепција да ги препишува матичен гинеколог и да бидат БЕСПЛАТНИ или со евентуално мала партиципација

Апчињата day after да се продаваат по пониски цени и евентуално да се запишува продажбата во книшката ( за да не се претерува)

неможеш ти мене да ми прокламираш абортус а да не ми помогнеш да не стигнам до него...

просечна цена на квалитетен кондом ( пример дурекс) е 30/40 денари

просечна цена на апчиња за контрацепција е ( не сум сигурна точно) нешто помалку од 1000 денари

просечна цена на day after апчињата е околу 800 денари

ќе речете поевтини се сите тие тие него абортусот... не гледајте така... подобро да се спречи него да се лечи ама спречувањето нека е попристапно...
кога кондомите ќе ти ѕиркаат од секој ќош ќе почнеш да ги користиш и нема да се вадиш на муабети: немам пари, немам каде да купам или слично

така мнооогу мноооогу повеќе ќе се намали стапката на абортус него со овие бесмислени кампањи и плакати со абортусот е убиство... тоа е чиста глупост и џабе трошење пари... чак што више мене не ме ни потресуваат , ни замислуваат ... ме оставаат апсолутно рамнодушна во последно време
 
Е бесплатни. они ќе поскапат. Како иначе ќе расте наталитетот. Нели гледаш дека е во опаѓање, особено кај посиромашното население. Вака богатите ако сакаат секс ќе си купат, а за тие што немаат пари нема секс или ќе чуваат деца па да видам дали ќе паѓа наталитетот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom