Употребата на марихуана поврзана со зголемен ризик на рак на тестисите

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Баш сакав да го постирам написов, само што го преведов, ми ја затворивте темата :nesum: Затоа еве само нека си прочитаат сите што се тепаа за "добрите" својства на марихуаната.
УПОТРЕБАТА НА МАРИХУАНА ПОВРЗАНА СО ЗГОЛЕМЕН РИЗИК НА РАК НА ТЕСТИСИТЕ

Ризикот е зголемен особено кај честите и/или долготрајните корисници
Честата или долготрајна употреба на марихуана може значајно да го зголеми ризикот кај мажите за развивање на најагресивниот тип на рак на тестиси, според студијата на Фред Хатчинсон Центарот за Истражување на Рак (кој е еден од најдобрите центри во светот). Резултатите од студијата се објавени на интернет на 9 Февруари во списанието Рак.
Истражувачите откриле дека уживателите на марихуана во време на дијагнозата било поврзано со 70% зголемен ризик од рак на тестисите. Ризикот бил особено зголемен (околу два пати поголем од ризикот кај оние кои не употребуваат марихуана) кај уживателите на марихуана кои пушат најмалку еднаш неделно и/или биле подолготрајно изложени на супстанцата почнувајќи во адолесценцијата.
Резултатите исто така покажале дека поврзаноста со употребата на марихуана може да се ограничи на несеминома, брзо растечка малигна болест на тестисите која има тенденција да се појави рано, помеѓу возраст од 20 и 35 години и е одговорна за околу 40% од сите случаи на рак на тестисите.
Од 1950тите, инциденцата на двата главни клеточни подвида на рак на тестисите, несеминома и семинома-почестиот, поспоро растечки вид кои ги напаѓа мажите во нивните 30ти и 40ти години-се зголемил за 6% годишно во САД, Канада, Европа, Австралија и Нов Зеланд. Во тек на истиот период, употребата на марихуана во Северна Америка, Европа и Австралија се зголемила во ист сооднос, што е еден од повеќето фактори кои ги натерале научниците да дојдат до таков заклучок и да ја сфатат поврзаноста помеѓу факторите.
Воспоставените ризик фактори за рак на тестисите вклучуваат и семејна историјата на болеста, “неспуштени” тестиси и абнормален развој на тестисите. Се верува дека заболувањето започнува во матката, кога некои фетални клетки (оние кои подоцна ја произведуваат спермата) не се развиваат соодветно и стануваат ранливи на малигност. Подоцна, во текот на адолесценцијата и созревањето, се верува дека изложувањето на машките полови хормони ги поттикнува овие клетки да станат малигни.
“Исто како што менувањето на хормоналните вредности во адолесценцијата и созревањето може да ги поттикнат овие клетки да станат малигни, исто така е познато дека пубертетот е отворен прозорец за можности во чиј тек начинот на живот и факторите во средината исто така може значајно да го зголемат ризикот од рак на тестисите” вели Janet R. Daling, еден од авторите на студијата, епидемиолог и член на Одделот за Јавно Здравје во центарот.
“Тоа е соодветно со наодите од студијата дека зголемениот ризик од несеминома-тип на рак на тестисите е исклучително често поврзан со употребата на марихуана во возраста пред 18 години”.
Хроничното изложување на марихуана има многубројни спротивни ефекти на ендокриниот и репродуктивниот ситем, примарно намалувајќи го квалитетот на спермата. Други можни ефекти се намален тестостерон и машка импотенција. Бидејќи машката неплодност и лошиот квалитет на спермата исто така се поврзани со зголемен ризик од рак на тестиси, ова понатаму ги потврдува резултатите дека употребата на марихуана е ризик фактор за болеста.
Daling прв пат ја доби идејата да ја истражува можната поврзаност помеѓу употребата на марихуана и ракот на тестиси пред околу 8 години, кога присуствуваше на предавање на Универзитетот Вашингтон на кое биле изложени наодите дека само два органа, мозокот и тестисите, имаат рецептори за тетрахидроканабинол, или ТХЦ, главната психоактивна компонента на марихуаната. Од тогаш е откриено дека и други органи имаат ТХЦ рецептори, вклучувајќи го срцето, матката, слезенката и клетките на имунолошкиот систем.
Машкиот репродуктивен систем исто така природно произведува хемикалија слична на канабасиот за која се мисли дека има заштитен ефект против ракот. Авторите претпоставуваат дека употребата на марихуана го пореметува овој анти-тумор ефект, што е уште едно објаснување за поврзаноста на марихуаната со зголемениот ризик од ракот на тестиси.
За статистичкиот дел на студијата, биле интервјуирани 369 заболени мажи на возраст од 18 до 44 години. Им биле поставени прашања околу употребата на марихуана, како и за другите навики кои би можеле да бидат поврзани со употребата на марихуана, вклучувајќи го пушењето и конзумацијата на алкохол. И покрај другите статистички контролни фактори, како и други ризик фактори, како што е семејна историја на болеста, употребата на марихуана останала како значаен, независен фактор за рак на тестисите.
Според Националниот Институт за Рак, ракот на тестиси е многу редок, земајќи 1% од случаите на рак кај мажите. Ракот на тестиси е најчеста форма на рак кај мажите на возраст помеѓу 15 и 34 години и е најчест кај белците.
 

Dzim keri

profesionalec
Член од
24 февруари 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
eee ne sum znael za vakov rak
ke mora da ja otkazam marihuanata:pos2:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
не мора да си медицинар, бара само малку општо образование :smir:
Ленс Армстронг е еден дечко што возеше точак, да не речам велосипедист, кој беше дијагностициран со рак на тестисите, се избори со болеста и сега промовира борба против рак преку организацијата Livestrong. Веројатно ги имаш видено оние гумени алкички што сите многу љубеа да ги носат, а 90% немаа појма што значат. :)
Како и да е, барем изгуглај пред да почнеш да исмеваш нешто, ми беше поентата на коментарот :smir:

mi teknuva ama ne mnogu i ne sum po struka medicina da gi znam site bolesti
:toe:
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Искрено, не ме сваќај како да ти пљукам по темава, ама, иако не сум пушач, нити уживател на маријана. а планирам, искрено, да пробам..
Стварно, има толку поише причини кој би ме спречиле да пробам одколку рак на тестиси!!

И, на крај краева, типците заболени од рак на тестиси коа дуваат шо викаат? Ме боли цеф или ме болат јајцава? :uvo:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не бе, таман работа :) и на темата за пушачи имам зборено. после кога ќе ви дојде јајцето под газот (ете, така да се изразам поедноставно) ќе се чудите :smir:

Искрено, не ме сваќај како да ти пљукам по темава, ама, иако не сум пушач, нити уживател на маријана. а планирам, искрено, да пробам..
Стварно, има толку поише причини кој би ме спречиле да пробам одколку рак на тестиси!!

И, на крај краева, типците заболени од рак на тестиси коа дуваат шо викаат? Ме боли цеф или ме болат јајцава? :uvo:
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Неколку news-flash информации:
-Живееме на планетата Земја
-Воздухот ни е толку загаден,што само едно вдишување го зголемува ризикот за болест.
-Водата за пиење се намалува секој ден,а и таа што е останата континуирано се контамира и се уништува екосистемот во неа.
-Секојдневно ја ебеме нашата мајка Природа во газ,паразитираме врз нејзините плеќи и тоа го наплаќаме со уште поголема деструкција.
-Монетарниот систем не прави роботи кои живеат и умираат за безвредни листови хартија секојдневно,сметајќи ги за божество.
-Спиритуелноста и алтруизмот се оддамна заборавени апстракни именки.
-И најтрагично од се,покрај сите овие срања што ги правиме континуирано,ја одмавнуваме главата настрана и се концентрираме на тоа како некое растение МОЖЕЛО да го зголеми ризикот од рак на тестисите?
Arent we all so good as a human race?
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не бе, таман работа :) и на темата за пушачи имам зборено. после кога ќе ви дојде јајцето под газот (ете, така да се изразам поедноставно) ќе се чудите :smir:
Ко шо ти кажав, не сум пушач, али причините поради кој никогаш неам ставено цигара у уста се сесема дргуи, не се од здравствени разлози. Едноставно ми е клошарски и под ниво да давам пари за воздух, едноставно бесцелно..
А, и, искрено, иако одлично си ја отворил темава, чисто неверувам дека некој воопшто ќе размисли околу тоа.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Аман го напнавте со ова за штетните влијанија. Ако нејќете да дувате тогаш не го правите тоа и никому ништо!
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
квазиинтелектуализам кој опасно се граничи со привидна длабокоумност (кога веќе избираш да нафрламе без врска ствари) :smir: секако дека човекот се фокусира на проблемите кои се наоѓаат во неговото поле на интерес. полето на интерес на овие научници е ракот на тестиси и влијанието на марихуаната врз тоа. полето на интерес на други е како радијацијата ја зголемува инциденцата на леукемија, на трети како да се намали загадувањето, на четврти како да се зголеми проституцијата и профитот од неа :smir:
не може да се ограничуваш со тоа "имаме поголеми проблеми, па ај сега да ги заборавиме овие што ни бодат очи". не е како целиот свет да се занимава со проучување на ова. сарказмов ти пропадна некако :smir:

Неколку news-flash информации:
-Живееме на планетата Земја
-Воздухот ни е толку загаден,што само едно вдишување го зголемува ризикот за болест.
-Водата за пиење се намалува секој ден,а и таа што е останата континуирано се контамира и се уништува екосистемот во неа.
-Секојдневно ја ебеме нашата мајка Природа во газ,паразитираме врз нејзините плеќи и тоа го наплаќаме со уште поголема деструкција.
-Монетарниот систем не прави роботи кои живеат и умираат за безвредни листови хартија секојдневно,сметајќи ги за божество.
-Спиритуелноста и алтруизмот се оддамна заборавени апстракни именки.
-И најтрагично од се,покрај сите овие срања што ги правиме континуирано,ја одмавнуваме главата настрана и се концентрираме на тоа како некое растение МОЖЕЛО да го зголеми ризикот од рак на тестисите?
Arent we all so good as a human race?
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
сарказмов ти пропадна некако :smir:
Не,туку ти не успеа да го увидиш.
Поентата е дека има толку штетни работи околу нас,(кои бај д веј,сами сме ги предизвикале или креирале),што во споредба со нив,марихуаната(и тоа што може таа да го направи на вашите ташаци),е инфериорна ствар.
Тоа ми беше коментаров околу статијава.
А инаку,неам никаков проблем со твоето поле на интерес и никаква намера да го дефокусирам.
не може да се ограничуваш со тоа "имаме поголеми проблеми, па ај сега да ги заборавиме овие што ни бодат очи".
Ако си информирана доволно,ние и навистина имаме ПОГОЛЕМИ проблеми од овој.
Не викам да го заборавиме него,туку само сугестирам да се сконцентрираме малку повеќе на оние поголемите...бидејќи некој вешто успева да ни го оттргне вниманието од нив,насочувајќи не кон нешто многу поневажно.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Алтернативе, супер статија и фала ти што си имал трпение да ја преведеш. Сега уште да најдат џанкерите време, трпение и отворен ум за да го прочитаат и разберат и сите ќе бидеме среќни. Но, за жал видовме уште на почеток обид за релативизирање на резултатите од ова истражување.

Фабулос, не се обидувај да го свртиш вниманието и да ги намалиш резултатите на фактите наведени погоре. Ако ти пречат сите тие работи што ги наброја, имаш соодветни теми каде можеш да дебатираш и изразиш револт. Тука се дискутира за нешто друго.

Ако ти се бендисува да дуваш никој не ти брани, меѓутоа да велиш дека сето ова истражување е неважно и дека марата е инфериорен проблем споредена со она што се случува околу нас е во најмала рака обид за откупување на сопствената совест. Тоа ти е исто како пушач да каже, абе ајде, рак на бели дробови е неважно и инфериорно во однос на што се` има на светов.

Фактите се тие и немој да затвораш очи пред нив. Отсега па натаму, кога ќе ја величаш марата немој да заборавиш да додадеш и дека го зголемува ризикот за рак на тестиси. Само така ќе ти се признае дека си реален и непристрасен, се` друго поинаку од тоа само ќе те стави на листата "надувани" до небеса.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Не пробуев да го оттргнам вниманието од проблемот.
Ако предизвикува рак на тестисите,добро,нема шо да спорам.
Сакав да посочам на сасвим други појави,кои немаа врска ни со марихуана ни со рак,уште помалку со тестиси,али изглеа тоа е оф-топик.
Whatever,dont smoke it,it causes testicular cancer.
Може вака,Pearl?
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Вака сега јас сум разбрал дека штити од рак на дојките кај жената а дека е карциномен до сега немам слушнато
 

Kajgana Shop

На врв Bottom