Во 2005та направив сообраќајка со колата која причини само материјална штета. Не бев крив во случајот затоа што другата кола имаше нерегуларна сигнализација т.е. нефукнционална. Регистрацијата на мојата кола имаше уште еден ден валидност, значи сеуште беше регистрирана колата. Дојде полиција, направи записник и се разотидовме.
Фраерот со кого се судривме, „повлекол конци“ и во полицискиот записник било презапишано дека мојата кола била со измината регистрација. Тоа го дознав кога ми стигна писмо со пресуда, а покана за на суд мене не ми стигна, ниту некогаш го добив, иако треба „лично на рака“! Пресудата која ја доделиле во мое отсуство била да ги покријам „сите трошоци“. На сообраќајката, со кола Сузуки Свифт, штетата на сузукито беше скршен штоп и изгребано крило, а во пресудата стоеше „материјална штета во вредност од 35.000 денари“.
Еве сега после три години, ми дошол денес дома извршител кој ширел закани дека ако не го платам она што го должам + камата во рок од три дена, се на се околу 1100 евра, ќе ми земале покуќнина, со присуство на полиција.
Прашањето ми е:
Може ли јас да им се наебам на мајката нивна што ги родила овие олоши и како?! Од правен, или од друг аспект.
И како да утврдам дали шабанов навистина е назначен за тоа, или ми прават фора некои преваранти?
Штета што не ме затекнал мене дома господинот извршител што се пувал ко дома да е...мамицата...