Woow dobra analiza napravi nemam zborovi :nesvest: copy-paste od wikipedia
Temava mi se cini barase "vasi impresii", mislenja,analizi...sto e i celta na sekoj forum.Daj ako nemate svoe mislenje za nekoja tema poarno ne pisuvajte odkolku da pastirate od net i da se pravite mn pametni
Инаку,книгава ја читав одамна...така да може нешто и да згрешам,но воглавно ова е моето мислење:
Да ремек дело,психичка добра анализа,класика,бла бла...сите го знаеме тоа...мислам за Достоевски станува збор.
Но едно нешто мн ме изнервира во книгата и незнам зошто никој не го потенцира.
Расколников се решава да ја убие старицава,се согласувам,никаква е,ова она, некако го оправдуваме убиството,но како го оправдуваме убиството на другата жена-којашто беше сиромашна ми се чини и воопшто не беше ни слична на бабиштето??Оти тоа никаде не е разработено??Никаде не ја ни спомнува нејзе,таа е едноставно колатерална штета. Цела книга се кае што ја убил старицата којашто заслужила да умре,а оваа другава што била само на погрешно место во погрешно време е колатерална штета,таа не се зема предвид,акцентот се става на никаквата старица што има пари и суровото општество што ги штити богатите луѓе, а ги угнетува мизерните и бедните. Зарем и тој не е ист како општеството,со тоа што ги запоставува бедните и мизерни мали луѓе како неговата колатерална штета??Преку тупење во целата книга зошто ја убил бескорисната старица што не засужила да живее,а другата не е битна,запоставена е,битно е во преден план да се стават овие луѓе и општеството,а тоа што тој не е воопшто подобар од нив,не менува ништо. Мислам газиш се пред себе за да си ја оствариш зацртаната цел,ситните луѓе,мизерните,не се битни,воопшто,а баш како таков се претставува и тој самиот,со тоа што не ја удостојува со своето каење и измачување,а таа мн повеќе го заслужува...апсурдно!Јес да општеството го направило таков,но нели е тоа поентата на книгата,тоа да го потенцира и искритикува?Па зошто е тогаш таа запоставена?
Така да,се на се,мн ме изнервира книгава!
А за тоа дека се добро обработени негови психички патења и каење,човечката психа,да,се согласувам,но само ако беше изоставено другото убиство во книгата.А вака како што е приложено во делото,хмм,не.Кога јас би го сторила неговото злосторство,мн повеќе ќе се измачував за непотребната жртва отколку за бабиштето. Се чудам што никој не го искритикувал тоа до сега,но можеби јас скроз поинаку размислувам од другите и не сум во право,а може и сум го пропуштила каењето за неа во книгата (но мислам дека не е така,и дека не е нешто посебно спомната,ако грешам поправете ме,сепак одамна ја читав книгата како што реков), но рековме свое мислење,ова е моето мислење,не се наапувајте фанови на книгава, поздрав...:helou: