- Член од
- 5 јануари 2008
- Мислења
- 532
- Поени од реакции
- 614
Воодушевена од мајсторското дело на генијалниот Достоевски ја отварам оваа тема со цел да го слушнам т.е. прочитам Вашето мислење за оваа маестрална книга. Пишете, според Ваше мислење која е пораката (или пак кои се пораките кои) која го носи ова дело, која сцена од книгата Ви остана најмногу во сеќавање, анализирајте ги ликовите како Вие сте ги сфатиле (дали Раскољников според Вас е еден обичен "криминалец" или е жртва на сопствената теорија за обичните и необичните луѓе, која е улогата на Соња Сејмонова, дали е таа спасител на главниот јунак). Што мислите: дали Раскољников се пронаоѓа во Лазар кој по 4от ден од својата смрт воскреснал. А и самиот Раскољников 4 дена лежел во својата соба и потоа ја запознава Соња. Дали Соња е неговата надеж, мост помеѓу него и Бога? ... Едноставно пишете ги Вашите импресии кои најмногу останале во Вашето сеќавање.
П.С. Се извинувам однапред ако ја немам добро поставена темата. Горе поставените прашања се само дел од оние кои самиот полифониски роман му ги (условно кажано) поставува на секој читател.
еве еден дел од цитатите кои најмногу ми се допаднаа
,,Сиромаштвото не е порок туку вистина"
,, Станете Сонце па тогаш сите ќе ве видат"
,, Секој човек би требало да има некое место каде што ќе може да оди"
,, Tајната на човечкиот живот не е во тоа само да живее, туку и зошто живее"
и др. Ако има некои цитати кои Вам ви се допаднале исто така напишете ги. :helou: