Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Порта

Знаеш, во животот на секој човек доаѓа момент кога се поставува прашањето "да се биде или не". Не велам дека немам избор пријателе, но би било многу полесно да беше "земи го ова или она" отколку "земи или остави", многу полесно ќе беше "да се биде ова или она" отколку "да се биде или не".
Но тоа е тоа, имам само една порта пред себе.
Знам, ќе беше многу полошо да бев ограден со 4 ѕида без порти, но просто не верувам дека човек може да остане без избор. Всушност, како и би влегла во таа зандана, преку што?
Богами, мора да има излез, како што мора да има и влез.

Но, јас стравувам, мастилово бледнее драг пријателе, по ѓаволите, оваа дилема не е решлива со "петка-глава"! Зошто да не ризикувам? Но, од друга страна, од каде да знам што се наоѓа на другата страна? Веројатно е неповратен билетов за влез во друг свет преку портава - граница? Ама знаеш што? Да бидеме искрени, здружени стравот, чекањето и неизвесноста ќе ме уништат.
Човек мора да ризикува некогаш.
Инаку ќе го глода јанѕата заради пропуштената шанса, ќе го идеализира "другото" и ќе се критикува себеси.
Ќе одам, пријателе. Ќе минам низ портата, можеби оттаму ме чека слободата со раширени раце. Држи ми среќа.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Колку те посакувам... Вриштев одвнатре, по телото ми гореа размачкани желби, сите страсти, голема потреба да те испијам за момент... Ти си толку прекрасен, кога те држам во прегратки, кога ни се споени усните, се плашам дека едноставно ќе исчезнеш... Ќе исчезнат твоите бакнежи насекаде по мене, мојата опсесивност кон твоите очи, нашата дискусија сведена на момент кој несмасно ни се лизна низ прсти. Сакам сега да плачам и пеам, да и играм и стојам, сакам се`! Не е ли таа мисла исто така филозофска? Нема ли тоа да ме убие? Зарем нема и ти тоа да го сториш? Секое твое движење е меморирано во мене, сите зборови, песни, бакнежи... Беше ли тоа алкохол или душа излезена од друга душа? Беа ли тоа разоружаните мозочни клетки, кои не можеа да се борат против тебе? А и не сакаа... Дојди пак низ некоја порта, ми требаш...
 
V

[vladimir]

Гостин
Одиме понатаму низ животот, отвараме многу порти. Многу често без да знаеме што и како ќе ни донесе животот, се обидуваме да се пробиваме низ него.
Како испаѓа на крај - немаме шанса да согледаме.
Пристрасни сме и неискрени - секој човек се срами пред себе и нема доволно храброст да согледа дека можел повеќе, подобро и поубаво.
Некако, сите самозадоволни и самобендисани си мислиме дека нам ни е најдобро и можело да биде бетер. Во духот ни е онаа народната ќути, трај, не кревај глава, може полошо да не снајде! Се уште доживуваме парадоксално.
Наместо интуицијата и емоциите да се заменат со знаење и разум, ние мачоистички и горди сме подготвени да талкаме низ лавиринти како експериментални глувци по сиренце на излезот, отколку сопствената гордост да ја замениме со поглед нагоре, со надеж втемелен на нашите знаења и вештини - но, што е тука е!
Многу порти во жвотот, секоја со своја приказна секоја со свој лавринт..но само една е вистинската од таа порта го имаме клучот.
Кој има среќа да ја пронајде блазеси му, јас сеуште трагам....
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Сакам да ја отворам и да зачекорам надвор, во светот кој го гледам на делчиња, исечкан со орнаментите на портава. Се протегам на прсти, се ребрам од напор да ја отворам. Не, не ми е лошо, зад мојот грб се протега долга леа со лалиња и зумбули, а две-три дрва прават убава ладовинка. Сепак се напрегам да отворам. Надвор од портава тече животот и јас сакам да се влеам во него. Морам да ја отворам! Морам!
 
С

Сатори

Гостин
Портата на Виктор, мојот ветер ...

Јас би била стара девојка која што седи на една голема розово фарбана клупа за да ви ја доловам сликовитоста и контрадикторноста која што лежи во сите големи и мали јами кои што се поставени како пречки во оваа приказна.
Затворете ги очите и замислите си го следново:

Because Im easy come,easy go,
A little high,little low!

Тие што ме познаваат додека ќе го читаат текстов ќе ја разберат суштината на она што се крие зад зборовите на обични а сепак спектакуларни песни како оваа неговава.
Значи, еден чекор кон патот на портата беше доволен за да влезам во најголемото казино на светот, со сите лесно купени курви и сите убави дами што ги држеа рацете на богатите коцкари, сите дојдени за да се продадеме себеси за што е можно повисока цена.
Секако, битното е она дека по сите правила на светот, мораш да купиш нешто за да се продадеш за што е можно поповолна цена и тогаш одиш во најголемата светлечка дупка на која што некогаш си налетал, the one and only, КАЗИНО~ПОРТА!

But now Ive gone and thrown it all away-
Mama ooo,
Didnt mean to make you cry-
If Im not back again this time tomorrow-
Carry on,carry on,as if nothing really matters!

Веројатно на незапознаениот читател ова и нема да му биде доволно јасно, освен ако не е екстремно интелегентен, па со тоа да си ласкаме и јас и вие дека сме нешто попаметни од толпата, кога во суштина секој сам за себе ќе мисли дека добро ја разбрал метафората за портата.Но, да не должиме со моите лични размисли за овој текст кој што и вака и така расправа за тоа колку лесно се даваат луѓето на продажба за ситни пари, емоции и неколку трепкања од зелено-сини очи за дополнителни поени кај рулет масата, упс, грешка во пишувањето, мислев да пишам костенливи.
So as the little me saw the wind, се веќе имаше поинаква конотација, дуваше во правец на казиното а јас веќе одев на најсигурниот пат на светот, од оние што можете да ги најдете во Рајската градина пред Ева да го поебе Адам со јаболкото, како и да, дуваше силно, најсилно до сега, морав да го оставам патот и да влезам да се коцкам.

Too late,my time has come,
Sends shivers down my spine-
Bodys aching all the time,
Goodbye everybody-Ive got to go-
Gotta leave you all behind and face the truth!

А ти знаеш колку многу среќа имам, замисли добив ...

***

Трагедијата која што си ја везев на големата црна мантија секогаш изгледаше убаво од далеку кога не и се познаваа лошите потези направени со иглата и сите дупки што по грешка сум ги направила.Се сеќавам дека по некое време добивање и голема среќа изглегов низ големата врата и дојдов тука.
Тука, далеку.
Ги склопив очите додека паднав на колена пред ПОРТАТА и сите солзи кои што ми го земаа здивот не ми правеа голема разлика за тоа каде и како ќе завршам.Најголемата клетва на мојата природа, замок без огледала и апчиња.
Живот креиран според кршењето на правилата, нормите, догмите, создаден во илузијата на совршенството кое што е моментално задоволство на големината во себе и на крај часеви по музика и чудни барокни симфонии за да имам сила да побарам да ме пуштат да влезам внатре.
Среќа!
Хех, цел живот проклето многу среќа!

Пред да стигнам ме фатија за да не паднам, пред да се поклонам ми дадоа да бирам на кој ќе му се поклонувам во внатрешноста на она што го сметав за туѓо.
Ајде, слободно раскини го она што те јаде внатре, за да можеш ти да го изедеш и да се претвориш во црн пепел во ликот на страшно животно!

Мир и спокој и четри килограми воздух во боца за да си го запечатам животот зад портата!
Не сакам надвор, сакам внатре!

***

Ќе зајде сонцето и сите птици ќе умрат на гранките, не знам дали воопшто заминав пред да седнам на фарбаната клупа, можеби и тоа се случи пред да се појавам во црната мантија.
Кожата.

 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Имаш лепило во очите, по цел ден вдишуваш неостик. Ти се допаѓа и мирисот на бензин. А обожаваше и кога жена ти ги лакираше ноктите па стоеше здрвен некое време додека те замајуваше мирисот. Изострен сенс за мирис, навистина. Луѓето ги препознаваш по парфемот што го користат, ги распознаваш на километар. Се одлучи да ја читаш „Парфем“ на Зискинд и си ја чуваше под перница некое време, потоа ја мирисаше хартијата пред да заспиеш. Некој би рекол дека си психопат. Но не. Ти за себе велиш дека си уметник. А никако не можеш да влезеш во светот на уметниците. Не грижи се, се тешиш со тоа дека тие секогаш постхумно стануваат славни. Веројатно истото ќе се случи и со тебе.

Шараш со очите и ги кршиш прстите, предизвикуваш звук што ја руши длабокоумната тишина. Ги сакаш ваквите утра. Сам си, а не си осамен. Исполнет си и не бараш ништо за возврат.

Шеташ по собата. Нема никаков мирис, само ја слушаш кавгата на комшиите до тебе и тивко се насмевнуваш, па да, тоа е нивната секојдневна утринска рутина.
Запалуваш цигара. И ете го повторно тоа сладострастно чувство.

Земаш хартија и пенкало пред себе. Пишуваш. Сакаш да напишеш еден обичен текст кој веројатно никој и нема да го прочита. Важно е да се задоволи сопственото алтерего. Чкрташ. Препрочитуваш. Го кинеш листот. Земаш друг. Сакаш да пишуваш за тоа како светот не те прифаќа, како не можеш да влезеш во големите уметнички кругови, како си потиштен на маргините на опшеството.
Пенкалото врши тортура врз белата хартија, најпосле со големи букви најгоре запишуваш: ПОРТА.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Беше 3 часот по полноќ, кога таа за последен пат го бакна нејзиниот маж. Полека ја тргна неговата рака, која цврсто ја прегрнуваше, стана од креветот и замина. Го остави сам, и покрај се’ што беа поминале заедно, и покрај се што планираа да имаат. Мислеше дека така е најдобро. Утрото тој беше разбуден од полициските сирени, кои како луди фучеа на сите страни. Излезе на балконот, притоа мислеќи дека таа е во бањата. Погледна надолу, но се’ што виде беше група на луѓе собрани во купче. Полицијата пристигна, и ја расчисти толпата. Одеднаш, отровна стрела го прободе во срцето, а очите не можеа да поверуваат что гледаат. Тоа беше таа. Легната на тротоарот, со вирче крв околу нејзината прекрасна плава коса. Тој, остана неподвижен од страв и неверување. Болката му го стегаше срцето, како предатор кој штотуку зграпчил млад плен. Зашто?! Зашто токму таа?! Зашто токму сега?!, беа прашањата ои цело време му се вртеа во главата, пропратени со грдата слика која засекогаш му го промени животот. Поминаа неколку години. Тој навидум беше истиот човек, меѓутоа внатре во него живееше темнина и тага кои полека но сигурно го уништуваа. Никогаш не ја дозна причината за нејзиното самоубиство. Беше рано наутро, кога тој тргна да го посети нејзиниот вечен дом. На излегување, нешто го подзастана. Се врати неколку чекори наназад, и осторо се загелда себе си во огледалото. Гледаше, незнаејќи од која причина, и неможејќи да го отргне погледотот се замисли. Одеднаш како бледа слика, позади него се појави таа, беше насмеана, со ведар лик и поглед исполнет со среќа. Нејзиниот одраз во огледалото го погали него по грбот. Тој, се’ што осети беше само еден ладен ветар како му поминува по вратот. Одеднаш му текна. За се беше виновно огледалото. Таа секогаш кога и да се погледнеше јасно нагласуваше дека чувствува некој студ и болка. Меѓутоа тој не придаваше големо значење на таа нејзината желба. За само неколку секунди, неговиот поглед се исполни со презир и незадоволство. Сфати дека огледалото е виновно за нејзината прерана смрт. Полуде. Влезе во бањата, и го испи првото шишенце со апчиња кое му дојде при рака, чувствувајќи се виновен за нејзината смрт. Неговто тело го најде домарот на зградата, кој веќе неколку дена го немаше видено. Погребот заврши. Се’ се врати во нормала.
По неколку недели, станот беше преуреден, и даден на продажба. Луѓето кои го купија, беа еден млад пар, кои штотуку започнале да си го планираат животот. Во станот променија многу работи. Меѓутоа нешто остана исто. Огледалото сеуште стоеше на истото место, иако младата девојка чувствуваше дека има нешто необично во огедалото, не давајќи му голема важност на тоа...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
,, Мерлин.... Мерлин... Мерлин....,, се разбуди со тешките мисли кои и висеа во главата поради огромното количество на алкохол кое го испи на вчерашната забава. ,,Кажи што сакаш Боб?,,
,,Имете закажано снимање во 10 часот... а пред вратата се папараците... овој пат неможите да се сокриете. А Џон е болен како што знаете!
,, КОј е Џон глупаку?,,
,, Џон госпоѓице... вашиот шминкер... ви кажувам... овој пат неможете да им избегате на папараците.,,
,, Okejj... Оди избркајги дури да се нашминкам и да се облечам,,.
Боб излезе но нејзината нервоза стануваше се поголема. Требаше да се соочи со огледалото. Нејзиниот стар пријател стана нов непријател. Или можеби нејзината старост е нејзин најголем непријател- си мислеше Мерлин. Моето лице веќе се распаѓа... неможам повеќе вака. Зарем јас сум осудена на ваква судбина? Или можеби се преценувам. Хах... едно е сигурно... сите ме сакаат мене.
Стана од креветот и полека се движеше низ собата и седна на столчето пред огледалото. Во собата беше придушено, темно поради дебелите завеси кои беа навлечени на прозорците. Ја запали столната ламба и остана запрепастена. Ја спушти главата поразително. Солзите почнаа да течат. ,, Ми треба цигара, пијалак. Господе кај се моите цигари.,, Викаше се дури не ги најде ставени во мијалникот во вецето. Пак седна пред огледалото. Се гледаше во одразот со задлабочен поглед. Почна да става пудра. Ставаше и ставаше и ставаше. Но не можеше да го прикрие изгледот на чудовиште кое продолчуваше да ја победува нејзината убавина. ,, Боооб.. Боб,, викаше колку што може повеке. ,,Кажете госпоѓице,,.
,, Не одам денес на снимање. Неможам Боб сфатиме.,,
,, Но морате. Инаку ке ве исфрлат од филмот. Ставете некоја голема шапка, некоја шарпа и да одиме. Ке закасниме,,
Почна да плачи. Да ги трга чаршафите од креветот кои сега беа веќе црвени од виното кое го пиеше претходната вечер. Почна да удира по зидовите. Ја зеде чашата и ја фрли во огледалото. Тоа се распарчи на делчиња како што се расоарчуваше нејзината кариера. Боб ја гледаше смирено и почна да ги собира делчињата од огледалото. Фрустрацијата дојде до кулминација. Ја отвори вратата од куќата и почна да вика. ,, Ако ме сакате ваква ваква и ке ме добиете. Смрдени едни. Мислите дека сте поубави од мене а.,, Боб ја слушна и одма излезе да ја собере. Папараците неможеа да добијат повеке. Флешовите светкаја од сите страни. Кариерата на мерлин дефинитивно заврши. Легна на креветот и без да забележи Боб ги испи сите апчиња за спиење. Си помисли : Сепак грдотијата е посупериорна од убавината. Таа трае. И заспа.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Огледало


Мрсни пори, лој, бледа скоро пожолтена кожа, нерамнина... Косата исто таква. Пак ги закова очите за огледалото откако ја заврши ,,онаа" работа со четвртиот вечерта. Некогаш првата дама во интелектуалните редови, сега лидерка во собите на влажна сексуална закоравеност... Огледалото гледаше се`: нејзините сјајни солзи, преплетени нозе со кој и да е, банкнотите и една малечка кафеава лузна на нејзината десна рака. Настаната од тепање, а и од згрутчена болка. Во туѓа земја, туѓото огледало го впиваше секој еден момент од животот на оваа остарена пожолтена некогашна интелектуалка. Толку пати сакаше да ја пресече кожата со стакленцата од огледалото, да го спои реалното со трансцедентното за да ја снема засекогаш ... Но немаше храброст. Мораше да живее. Еден ден, ќе собере пари за сопствениот погреб.


****

-Супер си, ко за стара кокошка... Колку?
- Дваесет долари.
Во тој момент очите на ќерка и` во огледалото го видоа летот на двете зелени банкноти... И посака ударот на вратата што се` затвараше зад гостинот да го скрши огледалото...
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Во иднината гледам светлина која не изгледа толку далечно. Мојата рака преминува преку неа, дозволувајќи ми да сватам дека е само илузија. Нажалост.
Вртејќи се на десната страна во полусонот забележувам лице на мало девојче чии очи се црни и јасно ја покажуваат темнината на нејзината душа . Таа вриснува. Срцето ми затрепери на чуден тон , и наеднаш.. Се разбудив .
Станав , погледнав наоколу , истата соба со истата личност во неа.
„Добро утро сонце, лош сон?“ првите зборови кој затреперија во моите уши.
„Добро утро . Да лош сон , треба да престанеме да гледаме хорор филмови.“ беа првите мои кажани зборови , помалку чудно изговорени поради фактот дека грлото ми беше суво . Потоа следеше секојдневното прашање и утринската паника
-„Колку е саат?“ прашав јас со бледо лице.
-„10:30“ ми одговори со насмевка
-“Каснам на работа !! “ рипнав од креветот и започнав да ги соблакам пижамите додека таа ме гледаше зачудено и насмеано.
-„Душо, недела е, не си денес на работа“ ми кажа со голема насмевка на лицето .
Јас се насмевнав и се наведнав да ја бакнам , па продолжив да се облекувам.
Отидовме во дневната на доручек , пржени јајца и сок од портокал. Колку класично Американски изгледаше тоа.
„Убав ден“ прокоментирав
„Што , немаш ништо попаметно да кажеш па го коментираш времето ?? “ ми кажа насмеано
„Не ме зезај , уште сум нерасонет“ реков јас поспано.
„Па ајде да идеме на кафе во град , ме мрзи мене да правам , а според изразот на лицето гледам дека и тебе те мрзи“ изговори она , како таа помисла да и беше дел од божествен план.
„Добра идеа “ не успеав да докажам и ми звонеше телефонот , а на него мајка ми веќе започна да зборува „ Сине , дојдете на ручек ќе дојде и брат ти и баба ти и дедо ти “
Јас го ставив прстот на слушалката и ја прашав „Сакаш да одиме кај...“ а она само кимна со главата непрашувајќи каде, најверојатно поради гласното зборување на мајка ми веќе чула . „Добро мамо ќе бидеме таму до 3 , ајде чао“
Потоа отидовме на кафе и и го раскажав сонот , она само се смееше .
Ми зборуваше за тоа каде планира да го поминеме летото , а јас задоволно слушав како нејзините планови се поклопуваат со моите .
Стигна 14:50 и ние тргнавме накај моите . Стигнавме последни , сите веќе беа седнати на масата. Тука следеше редовното зезање на моја сметка „Кај си до сега , секогаш касниш , да не ја туркаше колата до тука?“ .
Седнавме на масата , се развија многу дискусии на многу различни теми . Времето едноставно летна , веќе е 19:00. Излеговме од станот на моите и отидовме кон нашиот стан . Одкако влеговме она застана пред огледалото и започна да ги вади обетките додека јас дојдов позади неа и ја гушнав. Моите раце беа на нејзиниот стомак и она тивко кажа „Клоца син ти, го чувствуваш?“ . Јас потврдно кимнав со главата и погледнав задоволно кон огледалото и видов слика на совршенство . Одеднаш започнаа некакви чудни иритирачки звуци да зуат во моето уво , просторијата започна да се тресе и нашите одрази во огледалото започнаа да стареат се додека не го видов сопствениот леш спроти мене .


Се разбудив повторно , овојпат испотен и збунет. Погледнав кон мобилниот , 08:23 часот , Понеделник, работен ден. Имав 20 минути да се спремам , во 09:00 требаше да сум на работа . Отидов во тоалетот да се измијам и се погледнав повторно во огледалото .. Овој пат сам , овој пат гледајќи тажен човек . Човек кој е далеку од сите , далеку од самиот себе ...
Човек кој е далеку од личноста која ја сонуваше.
Кога само одразот во огледалото би бил совршен како на сонот, кога само ние би биле заедно, се додека не останеме лешови ...
Двајца вљубени лежат во ковчег... Заедно и вечно.
„Огледалце, огледалце мое , кажи ми на светот најтажен кој е“
Мојот одраз стоеше таму за да докаже дека огледалото не лаже....
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Неколку минути празен одраз. Бадијала скокам по бини, продавам насмевки и нудам звуци за неколкучасовното препотување во актерски занес...Кога огледалото дома ми е празно, празно. Ме нема мене во него, ами лик на некој што не го познавам.
Криви шишки, дамки на лицето. Опасно ме лаже овој израз!
Има нешто каде што грешам... Зјапам и нема ни инспирација, барем рефлексија на некои замотани делови, каде што имам отисоци од прстите на вратот. Ничии. Од никого. Тешко...Поглед без поглед без јаснотија... Мртва визија која запнува во ходникот.

Земав залет, со тупаница свиткана како срцев мускул, го скршив на ситни парчиња. Во крвавата рака останав Јас. А остатоците се распрснаа по подот.
Излегов.
 
С

Сатори

Гостин
Ја вадам цигарата од табакерата и ја пушам музиката за да ја исполни собата и застанувам да се смешкам.
Се обидувам да се сетам како се викаше девојката вчера, знам дека оваа имаше црна коса или беше црвена, не ми доаѓа нејзиниот лик во мислите, само знам дека пушеше Boss и дека ја испратив да си оди дома пред да се отрезнам како што треба.
Веројатно не се ни сеќавам на неа, ниту на тоа колку сексот бил добар или не.

Гледам ливче со број веднаш на масата, кога успеала да го остави, не се сеќавам ни на тоа.Низ глава ми минува мислата дека си ветив пред два дена дека ќе се откажам од туѓи женски гради, пак си го прекршив ветувањето.
Уште еден дим за да го изгубам видот.
Го вртам бројот и слушам ало:
-Како се викаш?
-Виолета.
-Хех, океј.Црвена или црна?
-Црна.
-Супер, еј, Виолета, знаеш ли дека имам девојка?
-Не.
-Океј, како и да е, имењачка си ми.Сакаш да одиме на кафе?
-Кога?
-Во 2.
-Каде?
-Чекај ме пред клубот од вчера.
Го затворив телефонот и пробав да си ставам вода во чашата без да се натопам.Неуспешно.

Се придвижив до плакарот за да го сменам фустанот.

Огледало, оххх, кога се префарбав црна?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
О Г Л Е Д А Л О

Како сум по мистичните нешта, дојдов до сознание дека во огледало можеш да ги видиш своите претходни животи. Без многу размислувања и предрасуди, со голема возбуда застанав пред моето големо и тркалезно огледало.
Иако мојот тренер по Јога ме предупреди гледање во огледало да не го правам во доцните часови јас сепак сакав баш тогаш.Така ми беше по возбудливо,по мистично и неизвесно.Но секако дека добив уште неколку предупредувања и тоа дека ќе забележам дека мојот лик во огледалото ќе избледе,а откако ќе избледе себе ќе се видам како костур,ќе го видам мојот череп, баш онакви какви што се во кабинетите по медицина.Сета таа приказна ми изгледаше смешна,некако претерано застрашувачка и воопшто не ме обесхраби да го пробам тој експеримент.Но, морам да признам дека ми делуваше и застрашувачки.Но, како со обожавање сакам да гледам хорор филмови и тоа со доста застрашувачка содржина,филмови кои не се баш препорачливи за луѓе кои имаат слаби нерви, кои лесно би можеле да добијат срцев напад,за мене тоа беше како да гледам хорор,но во главната улога ќе бидам самата јас.Ајде, лесно ќе ја одиграм својата улога во филмот,што е тоа за мене,јас која сакам возбудувања до таа граница што адреналинот ќе ја надмине нормалната граница,што значи дека во старт ја надминав кочницата за да се откажам од експериментот.Но,следува уште нешто.
Исто така бев предупредена дека во огледалото ќе видам како мојот лик ќе се преобрази и во други ликови.Смешно,навистина смешно.Како можам да видам и други ликови освен мојот лик,можеби малку со искривена слика,но сепак ќе сум јас таа што сум?Што тоа значи,значи дека ниту оваа не ми претстави препрека за да се осмелам да застанам пред огледало и да почнам да истражувам,да се уверам дали тоа е лага или вистина.Ништо друго не ми преостана освен да појдам по вистината и конечно застанав пред огледалото.
Малку тешко ми одеше со концентрацијата додека се гледав во огледалото,но не поради самата концентрација туку поради тоа што очите ме печеа па морав да прекинам.Откако се смири непријатната реакција на очите повторно застанав пред огледалото.Моите очи трепереа што е и нормална појава.Настојував во исто време да се гледам и во двете очи,но одеше тешко.Се сетив на зборовите на мојот тренер по Јога дека и во таква ситуација треба да продолжам да гледам,дека самите очи ќе се наместат.По некое време забележав дека успеав и бев многу среќна оти ќе можам да продолжам со експериментот.Подоцна забележав дека моите очи како да станаа едно,всушност се споиа и во огледалото видов само едно око ,како окото на киклоп токму каде се наоѓа анја чакрата,тогаш го забележав онаа бледење на мојот лик,нешто како густа магла,но и по најмала попуштена концентрација и возбуда се тргаше.Бев возбудена од самото сознание дека во експериментот имало вистина.Мојата упорност одеше до таа граница каде успеав мојата глава да ја видам како костур,баш онаков страотен со оние црни дупки во пределот на очите,дури и јаболчниците ги видов,а усните беа само темна сенка.
По неколку минутно гледање во черепот почнаа да се формира лик.Мојот лик се измени и тоа многу добро видов дека е машки лик,со густи црни веѓи,застрашувачо злокобни очи од кои зрачеше злоба.Косата исто така беше црна и доста долга,а лицето прекриено со голема и долга брада.Верувале или не,јас се уплашив од страотниот ликот што го видов во огледалото се прашував како е возможно мојот лик да го видам како возрасен маж кога јас сум жена?
Од еден друг мој пријател,но за жал тој веќе е починат скоро шеста година дознав дека ликот кој го имам видено во огледалото е лик од мојот претходен живот,но тој лик не сум јас туку тој лик всушност е задржан во мојата потсвест,лик кој во некој мој претходен живот сум го сретнала.Но се запрашав зошто беше току зол,дури во себе почувствував еден таков студ што мислев дека крвта лед ми се стори,но и за тоа добив некој колку толку приближен одговор.Како мојот пријател...сепак има нешто штом го спомнувам,но кој да го разбере тој свет,но ете нека му е лесна земјата,тој на исправен,јас на лош пат.
Значи како мојот покоен пријател се занимаваше со некои мистични работи ми објасни дека јас сум живеела некаде во Франција и дека сум била слугинка во неговиот замок.Во замокот имало многу деца,а јас многу сум ги сакала тие деца,сум ги чувала,но тој како бил многу злобен, зло намерен и сум имала многу страв од него.Но за разлика од него,неговата сопруга ме штитела и со неа многу добро сум живеела.Можеби оваа е и вистина,од каде да знам,но сепак визијата на мојот покоен пријател за човекот ми остави голема сугестија.Ист тој лик,барем мислам дека е, по одамна го видов и во едно списание и дека бил некој кој живеел во Франција,дури го имаше сликано до својот замок!?Сепак се држам до тоа дека е коинциденција,или пак самата се убедувам дека е, колку да не збудалам.
Гледав уште многу други ликови во огледалото,но се беа машки ликови,и се прашував зошто?И на тоа добив одговор од мојот покоен пријател.
-„Можеби во твојот минат живот си била машко?„
Како и да е, оваа гледање во огледало уште повеќе ме привлекуваше,ми беше искушение да продолжам,но веќе бев подготвена и недозволив да се заплашам ма што и да видам во него.Но,овој пат беше комична слика.
Во огледалото се видов како мајмун,типичен оругутан,ми одеше да праснам во смев,но гледав да се концентрирам на ликот.Неверојатно,зарем во мојот претходен живот сум била мајмунка?Верувајте,и сега кога оваа го пишувам ми доаѓа да се смеам.
Последен лик што го видов во огледалото беше по питом лик,но сепак машки лик.
Имаше чудно потшишана коса,каде шишките беа рамно пресечени,под права линија откривајќи му го неговото високо чело.Косата како да беше многу мазна и права,ликот ми личеше како да е некој монах или така нешто.Одговорот за овој лик не го добив од мојот приател,за жал тој веќе беше починат.
Моето искуство со огледалото едвај чекав да му го пренесам на мојот тренер по Јога,кој свати дека сум убедена и уверена во мистичните тајни на огледалото,па затоа ми предложи заедно да испробаме уште еден експеримент.Само да знаете колку бев возбудена и едвај чекав да почнеме,да го видам следното изненадување.И двајцата застанавме пред големите огледала,всушност пред тие огледала ние трениравме Јога.Стоевме еден до друг и по негово барање требаше да се гледаме еден друг во очите,и со големо нетрпение го прифатив и тоа изненадување.По некое време успеав да ги видам неговите трансформации,некогаш по јасно,некогаш по магловито и не јасно.Во еден даден момент во огледалото го видов дека е обезглавен,на неговите раменици ја немаше неговата глава.Бев збунета,трепнав за да сликата исчезне и повторно продолжив.Но,сликата беше иста,повторно беше обезглавен и ми личеше како во оној филм„Обезглавениот јавач„По некое време,да кажеме по половина час прекинавме со гледање во огледалото и секако сакавме да слушнеме еден од друг како сме поминале.
Јас онака збунето го прашав:
-„А зошто во огледалото неможам да ја видам твојата глава,како да е отсечена„?
Тој се насмеа кажувајќи дека тоа и сакал да го постигне,всушност јас да го видам обезглавен давајќи ми сугестии додека ме гледал во очите и затоа јас сум го видела обезглаен.
Си помислив колку е моќна сугестијата на човекот,а уште колку е помоќно самото огледало,навидум обично огледало,но всушност дали огледалото е само огледало или нешрто по моќно?
Идеата за гледање во огледало прерасна во секојдневица дури и користев прилика да ги гледам и другите ученици по Јога.Како некои огледала беа на самиот плафон од просторијата каде трениравме Јога,јас секој момент кога вежбите беа во лежечка положба ги гледав некои од членовите.Нај чуден и нај голем впечаток ми остави една од членот која во огледало ја видов како вештерка од оние цртани филмови,иако истата беше многу убава девојка.
Оваа искуство го соопштив на мојот тренер,кој истотака се обиде девојката да ја види во огледало.За мое и негово изненадување и двајцата видовме ист лик во девојката,лик на вештерка.Направивме и една пародија за ликот на девојката дека можеби во минат живот и била некоја вештерка.Се разбира за оваа тајна на огледалото знаеме само јас и мојот тренер,што би било кога останатите членови би дознале?Таа наша тајна никогаш и не ја дознаа.


Кога поминувате покрај вашето огледало запрашајте се дали ликот што го гледате во него всушност сте вие,или во тој лик има и многу други ликови.Кој е храбар и упорен нека јастави на искушение својата судбина во судбинското огледало,можеби ќе ви открие и многу нешта.


Даница Петровска„09„
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
-Каде?
-Чекај ме пред клубот од вчера.
Го фрлив телефонот на растурениот кревет и се погледнав во огледалото со задоволна насмевка..знаев дека ќе се јави порано или подоцна.
Почнав да се шминкам за следната средба со неа.
Го чекав ова премногу долго за да имам во глава совршена слика за тоа како треба да изгледам на средбата што следеше..

Беше 2:15..ја здогледав како се приближува.Можев да ги почувствувам нејзините очи како поминуваат по моето тело..
Ми се доближи,ме зграби за глава и ме бакна..
-Дрско,помислив..ми помина сцена од синоќешната забава со неа..се насмевнав едвај забележително..
Тргна накај клубот.
-Застани-реков
-Зашто?
-Сакам да ја паметиш оваа вечер..
-Оди во мојот стан,еве ти ги клучевите..една пијачка и доаѓам.

Веќе бев во нејзиниот стан.Мирис на цигари,расфрлана облека и растурени шминки..Слики од некои нејзини добри времиња.
Влезе низ вратата,мирисаше на вотка..Имаше вкус на вотка..
-Рече една пијачка..
-хахаха..Да мамо!
-Ти реков дека сакам да ја паметиш вечерва..
-Не се лигави,ми треба секс ако неможеш тоа да го направиш излегувај..
-Секако дека можам...

И се доближив и почнав да ја бакнувам..фустанчето што го носеше само падна од нејзе..или можеби она го соблече...не се сеќавам веќе..
Легнавме на креветот скоро голи..
-Почекај-реков низ воздишки и станав
-Што ти е пак сега?
Отидов до чантата и ги земав лисиците
-Сепак си била добра-ми рече.
-Ти реков дека ќе биде ноќ за паметење.
Ја врзав за креветот и продолжив со акцијата..
-Имам уште едно изненадување за тебе.
Отидов пак до чантата и го извадив пиштолот.Го вперив во нејзиното голо тело.
-Не ме палат такви работи глупачке.
-Знам,добро знам што те пали...Всушност знам се за тебе..
Ги знам сите девојки кои си ги собрала,сите мажи..сите афери..цел твој патетичен живот ми е одлично познат..Те сонувам,мислам на тебе..И ќе те убијам..
-Која по ѓаволите си ти и што сакаш?
-Мислиш освен да патиш?Твојот живот!
Ја извадив глупавата црна перика и ја фрлив на подот.Имав црвена коса ама она не се сеќаваше дека синоќа периката ми падна.
Неќев да влезам во клубот зашто ќе ми го најдеа пиштолот.
-Се сеќаваш на Сања?!?Ми беше сестра.А ти ја искористи за една од твоите бурни вечери и утредента раскажа се за тоа.
И го уништи живото и се самоуби..ЗАРАДИ ТЕБЕ НЕМАМ СЕСТРА!
-Не сум јас виновна што сестра ти била тенка во мозокот.
-Да знаеш само колку сум среќна што ќе те убијам..Што ќе те нема на светов.Барем нечиј живот ќе биде поубав без тебе..
-Јас веќе сум мртва..

Истрел
 

Kajgana Shop

На врв Bottom