Генерално војна се добива со артилерија и бомбардирање, ракетите се за специјални операции, исто како и снајперистите во пешадијата.
Артилерија и бомби произведуваат колку што имаат потреба.
СУ-57 не верувам дека ќе направи некаква промена, исто како што не би направиле сериозна промена ни ф-16 кај Украина, или дури и Ф35 кога би ги добила од западот.
Сериозна разлика би направило кога би смееле да ги туркаат Аваксите, или западните сателити. Реалноста е дека овие работи им сметаат за воздушно да им влезат со се јајца. Без овие ќе може да им прелетуваат и со ТУ-95 над Киев, и тука лежи зајакот за таа воена супериорност која што ја бладате со другарите на темата. Единствениот начин за истата да се постигне е туркање на западните сателити и авиони, кое засега е недостижно, бидејќи ќе мора да влезат во директен конфликт и веројатно да ја избришат од постоење цела планета, а чисто се сомневам и во блиска иднина. Мислам дека е далеку поголема веројатноста за печурки низ Украина, отколку да ги чепнат западните летала и сателити.
Зависи која војна.
Оваа во Украина можеби, но не сите.
Азербејџан ја доби војната во Нагорно со употреба на паметна муниција (дронови, SEAD) и специјални единици, не артилерија.
САД ги добиваат сите војни со користење на авијација.
Русија ја доби војната во Грузија со користење на комбинација на брз копнен напад со воздушна поддршка.
Русија во Сирија ги избркаа исламистите со користење авијација.
Најголемо користење на артилерија имало во Прва СВ, и сега тука во оваа војна.
Да не се разбереме погрешно, во секоја војна се користи артилерија, дури и САД користеа артилерија во Авганистан, но во повеќето модерни војни, ни оддалеку не е толку битна и користена колку што се битни други системи.
Ф-16, Ф-35ката нема да направат некоја разлика во војната, имам повеќе пати пишувано на темава. Ќе направат повеќе штета, но ништо што би ја променила насоката на војната.
Е сега, Су-57 или слична платформа, можеби би направил/а разлика. Велам можеби, не мора да значи дека така ќе биди.
Доколку Русија најде начин ефективно да ја бомбардира логистиката на Украинците, (а тоа е со заобиколување или намалување на ефективноста на непријателските ПВО користејќи стелт) тоа би значело крај за Украинците многу брзо. Го имаме правено овој муабет, мислам со
@jamajka користењето на авијацијата е далеку поефективно од артилеријата. Прецизни напади со 200-500кг експлозив со различна намена (air-burst, cluster, bunker-buster) и сл. можат да направат многу повеќе од илјадници гранати.
Аваксите се добри за следење на движењата на Русите, рано предупредување и барање мети за Украинците.
И без Аваксите Русите не можат да летаат над Киев, бидејќи сепак Украина има не само стари советски ПВО, туку и посовремени Западни ПВО.