Marinka
~petit etoile dans mon coeur~
- Член од
- 7 март 2007
- Мислења
- 590
- Поени од реакции
- 2
Ајде малце да ги испромовираме нашите цркви и манастири. Постирајте слики, информации, легенди, приказни од старите и се слично што знаете за нив.
Еве од мене. Последно што бев беше Марков манстир. се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова река, на двесеттина км од СКопје. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија. Капијата на манастирот е искована од масивно дрво. Веднаш од десната страна започнуваат манастирските конаци и други помошни простории. Покрај конаците се наоѓа уште и фурна, казани за печење ракија, бунар со студена вода и мошне стара воденица која е сочувана како секавање на времето кога житото се мелело на таков начин. Името на манастирот е добиено по популарниот јунак Крале Марко. Црквата Св. Димитрија е изградена во 1345 год. за што сведочи натписот над јужната врата од внатрешната страна на црквата. Таа била обновена од кралот Волкашин, а наполно завршена и живописана од неговиот син Марко (меѓу 1366 и 1371-72 година). Во почетокот на XIX век во манастирот како негов игумен престојувал и работел македонскиот преродбеник и книжевник Кирил Пејчиновиќ. Основата на црквата е во форма на впишан крст во правоаголно протранство, со купола што се издига над централниот дел, носена од четири камени столбови. Нартексот е одделен со троделен отвор од наосот, а во неговиот горен дел се наоѓа слепа калота, јасно назначена и видлива на покривот. Црквата е ѕидана од делкан камен и тули кои се изведени во интересни шари, особено на олтарната апсида, во десетте декоративно изведени ниши. Кон црквата, од јужната страна, во подецнежниот период додадена е просторија во вид на параклис кој служел за крштевање и е изграден од слаб материјал. Од западната страна на црквата, во 1830 год., изграден е отворен трем ѕидан од делкан камен, за кој средства дал Хамзи-паша Скопски.
Меѓу зградите на конаците се наоѓа старата трпезарија која има форма на еднокорабна црква со апсида на северната страна. Ѕидовите на трпезаријата биле покриени со фрескоживопис.
Извор: Википедиа
Инаку околината е супер, рекичка, камења што светкаат, супер за друштво, скара и се слично. Црквата има и прекрасен двор со клупи, зеленило, па може да си поседите и да уживате во мирот кој го нуди околината.