Зрзе

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Зрзе е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Во историјата Зрзе се споменува уште пред 14 век како Мали Мисир, а подоцна и како Зорба. Економијата се базира на производства на тутн, житни култури, на здрава еколошка храна, месо, сирење, итн.

88086505.jpg


Ова село сместено во подножјето на Даутица, за жал ја доживува судбината на бројните македонски села, во кои животот полека замира. Но и покрај тоа останува надежта дека условите ќе се променат, а животот ќе се врати.

46947030.jpg


Тоа ќе биде доказ дека некои работи се вечни, дека некои работи опстојуваат за да нè потсетат на она што сме, а тоа не е можно без доказ за она што сме биле.

kultura-stibera%20i%20zrze.jpg


Симбол на тоа опстојување и доказ за нашиот културен континуитет е манастирот Зрзе кој се наоѓа на 34 километри северозападно од Прилеп, на 1000 метри надморска височина во подножјето на планинскиот масив Даутица. Многупати бил уништуван и обновуван, а денес е подготвен да ги прими и воодушеви со својата местоположба и со чувство уредениот простор, бројните посетители.

zrze1.jpg


zrze-church.jpg


Овој манастирски комплекс распослан над бигорната карпа и вткаен длабоко во неа е особено интересен за македонската јавност.
Пред да се извршат најновите истражувања, се претпоставувало дека монашкиот живот тука постои од четиринаесеттиот век. Меѓутоа денес првобитните ископувања покажуваат дека внатре во бигорната карпа постоел монашки живот уште во деветти век. До сега се откриени бројни артефакти кои се доказ за тоа.
Следна фаза во постоењето на овој манастирски комплекс претставува изградбата на црквата „Свето Преображение“ од монахот Герман, во четиринаесеттиот век за време на владеењето на цар Душан. Тоа се дознава од фресконатписот на јужниот влез на црквата. Во неа се наоѓаат две мошне значајни икони (т.е. нивни копии) на Богородица Пелагонитиса и Исус Христос. Оригиналите се чуваат во Музејот на Македонија. Според преданието чудотворната икона три пати го менувала местото на кое била поставена според црковните канони. Затоа денес се наоѓа на десната страна на иконостасот што е вистинска реткост во христијанствто.

50550241.jpg


Денес манастирскиот комплекс е составен од црквата „Свето Преображение‘‘, црквата „Св. Петар и Павле“, кулата на камбанаријата, монашките конаци и други помошни згради.

48097161.jpg


На еден од ѕидовите на црквата „Св. Петар и Павле“ има икона на овчарчето, кое според легендата го спасило манастирот од налетот на Арнаутите.



55494002.jpg



 
Facebook групата нели е овоа.....мојата чудесна земја Македонија....btw nice има ногу места за кој шо немаме појма дека се наогат на територија на Македонија а уште помалку дека има шо да се виде на тие места.
 
Какво е на сликивеее!!! Разгледница човече...
На многу места сакам да отидам низ државава. А и си планирам една мини турнеја кај и да е...

Инаку мислам дека ги отвараме очите полека и се ослободуваме од синдромот "туѓото е подобро".
 
Facebook групата нели е овоа.....мојата чудесна земја Македонија....btw nice има ногу места за кој шо немаме појма дека се наогат на територија на Македонија а уште помалку дека има шо да се виде на тие места.
Каква фејсбук група? Ни фотките ни текстот не е од никаква група, туку од Гугл.

Инаку, Зрзе веќе се наоѓа мојата долга "мора да се посети" листа со интересни места од Македонија. Бил ли некој од вас во Зрзе? Со што е најдобро да се иде таму? Има ли каде да се преспие?

Видео:
 
Секоја чест Македонка, уште еден прекрасен пост за нашата прекрасна Македонија, и нејзините исконски градови - места :)
 
Леле колку сакам да одам овде, планирам многу време, само не знам не можам да најдам заинтересирани кои ќе ме дружат во планинскиот туризам, не знам како оди таму со спиење, колку пари како да стигнам дали може да се стигне со автомобил, оти имам слишнато дека патот се уште не е направен.
 
Јас сум била и навистина е преубаво.Се спие во манастирски комплекс,надвор се пафта скара,ладничко...абе уживање.И ајде договорете добра екипа,па да направиме некој викенд,на наш начин :)
 
Ех и јас сум бил тука, навистина местото е прекрасно, обожавам така стари македонски градби као тој манастирот опколен во прекрасна природа со редка вегетација.....си носевме и weed што навистина направи местото да изгледа како да си се вратил во минатото :)
За спиење незнам дали има место да се преспие во манастирот, инаку ние спиевме во куќа која беше на еден мој пријател пријател..
 
Сум бил неколку пати, кога и да имате прилика мора да го посетите. Природа, духовна атмосфера, за погледот да не зборувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom