Лакомците ја симболизираат издржливоста, агресивноста и трајноста на еден борец. Се што треба да поседува еден борец, го има лакомецот. Иако личат на мечки, не ги фаќа зимски сон, хиперактивни се, цицачи се, некогаш знаат да се хранат и борат и со дупло поголеми животни од нив што исто ја симболизира и храброста да се спротиставиш на поголемите од тебе, ако се најдат во опасност или нивните живеалишта се нападнати знаат да се борат и да дадат се од себе за да го одбранат истото до последниот здив, никогаш не се предаваат или бегаат, се борат до смрт, се сретнуваат и во руските тундри но и на многу карпести планини. Територијата на која дејствуваат се протега од 1500 до 2000 км2 што е преголема територија, ја симболизираат и Русија како држава со најголемо пространство во светот. Исто така се самци, не му треба многу гужва за да може само да се снајде и да преживее, уште една одлика на војникот. Се прилагодуваат на различни климатски промени и се во постојана битка со најголемиот нивен противник, а тоа е природата.