D
D_NazGUL
Гостин
ZIS-110 е лимузина произведена од ЗИЛ и за прв пат се појавува 1946 година. Моделот е направен според (за тоа време) далеку попознатиот 1942 Packard Super Eight. Користел 6 литарски, 8 цилиндричен мотор со 140 кс. Имал и седан и кабрио верзија.
Во суштина за време на Втората светска војна на Сталин му бил подарен еден Packard Super Eight, во кој тој се вљубил и наредил и ЗИЛ да направат ист таков модел.
Така се родила 110-ката.
Цели три години ZIS-110 била официјална парадна кола на Црвениот Цар. Исто така ови коли најчесто биле давани како поклон на други комунистички лидери како Мао Це Тунг и Јосип Броз Тито. Откако ZIL 110с кабриолетот на Сталин бил искористен при парадата на Хрушчов, истиот му бил поклонет на Енвер Хоџа.
Производството на овие коли е завршено во 1958 година со вкупно 2038 направени.
Една од овие коли, кои служеле како парадни коли на Сталин, е целосно реставрирана и е дадена (или ќе ја дадат) на продажба. Има поминато дури 1276км.
Мене ми фалат нешто ситно пари, ако има некој да спонзорира дај да ја купиме.
--- надополнето ---
А да и трошел негде 26л/100км - Шо било тоа за Сталин!