Зима иде, си треба грижа!

Статус
Затворена за нови мислења.
Јас да си спремам некој стандард гуми со 175/50 р13 не се вози по снег поготово ако се излизани :vozbud:
 
Ako go pocuvam uste eden mesec ke ostanam bez akomulator. Taka da sega ke si odi Audiot:smir:
 
Лани зимата си имав доста проблеми со дизелот. Кога падна првиот снег сабајлето неќеше да чуе да запали. Верглам но џабе. Си отидов со автобус и прво што направив купив нов акумулатор, но уште од старт грешка. Пак верглам верглам ништо, неќе да чуе. Закључив дека греачите се готови и покрај тоа што беа само 3 години стари. Пред да одам на мајстор се погоди топол ден си викам е сега е шанса да го запалам моторот. Идам верглам ништо, само дими и ништо. Земав пумпата за гориво надрукав верглам штак запали. Проблемот бил доводот за гориво односно самото гориво кое поради присуство на вода и гареж неможел да запали. Го стиснав го издував и после цела зима чакмак палеше. Така да совет до сите сопственици на постари дизелаши доколку дојде до сличен случај прво нека испуштат гориво па дур после може да земете греачи или нов акумулатор.
 
иде зима, обавезно да се провери водната пумпа да не тече!

плочките и дисковите исто така да се провератда не се изедени.
кога ке идете да купувате дискови, да барате Фремакс, бразилски се, имаат одлична цена и супер кочат.

ако некој сака да купи плочки, дискови, добоши, гуртни, водни пумпи, сетови за квачило, сајли за ручна, за квачило... нека пише порака, ке му објаснам каде има квалитетни и поевтини делови.
 
Јас стандардно LPR си зимам од кај Иџе и доста се квалитетни барем јас сум задоволен.
 
Јас стандардно LPR си зимам од кај Иџе и доста се квалитетни барем јас сум задоволен.

БОКИ, ЛПР плочките се страшно неквалитетни.
Тие се во суштина кинески, само ги пакуваат во Италија.

Нареден пат кога ке менуваш плочки, дискови или гуртни, пиши ми порака, ке ти кажам каде можеш да набавиш многу поквалитетни делови, по слична, ако не и поевтина цена.

кази ми шо кола имаш и колку си дал за плочките.
 
А да се советувате за плочки и други проблеми на темата за совети... пошто оваа тема првично беше наменета како потсетник за тоа што треба (горе долу) да се провери и замени на возилата пред почетокот на зимата.

Засега ја ставам под клуч, па ако имате некаков предлог, пратете ПП кај мене или колегата Џип, па ќе се собери се во едно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom