Женски сексуални дисфункции

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
1. Што е женска сексуална дисфункција(пореметување)?
Сексуална дисфункција е пореметување ке кај жените доведува до незадоволувачки сексуален однос. Најчести облици се:
- аноргазмија
- вагинизам
- диспареунија
- анафродизија

2. Што е аноргазмија? Изостанок на оргазам
Аноргазмија е израз за непостигнување на оргазам кое настаува со блокада и изоставување на оргазмичниот дел на половиот однос, а причината при тоа не е престанок на стимулација. Аноргазмијата е зачестена појава кај жените.

Кои типови на аноргазмија постојат?

Примарна: ја карактеризира недостаток од постигнување на оргазам во текот на целиот живот.
Секундарна: губење на оргазам иако жената во претходните сексуални искуства го доживувала.
Апсолутна: ако е невозможно постигнувањето на оргазам на сите можни начини на стимулација (полов однос со партнерот, ауто-стимулација, мастурбација...)
Релативна: оргазамот се губи само при одреден облик на сексуално задоволувње ( на пр. при однос со партнерот).
Ситуацијска: изостанок на оргазам во одредени случаи.

Кои се причини за аноргазмија?

Причини може да бидат:
Телесни: обично се причина различни болести на жлездите со внатрешно лачење (на пр. шекерна болест), невролошки и гинеколошки болести.

Психички: негативен однос према сексот поради културни или воспитувачки причини, негативни сексуални искуства во минатото, пореметување на односите со партнерот, неинформираност за сексот, страв од напуштање, страв од самосталност, чувство на сексуална вина поради различни склоности, монотонија во врската, недостаток на концентрација, депресија. Често е и стравот од губење контрола над чувствата и понашањето.

Телесни причини за аноргазмија: физиологијата на оргазмот е сложена, серија на рефлексни стискања на родницатасе вклучени. Секоја болест или повреда, или примање лекарства во тоа подрачје може да биде телесна причина која доведува до губење на оргазмот. Овие причини се поретки од психичките.

Може ли аноргазмијата да се лечи?

Да, и секогаш кога жената соработува се постигнува успех во 95% од случаите, што е голем успех со оглед на тежината на проблемот.
Како се лечи аноргазмијата?

Лечењето на аноргазмијата е насочено кон:
- дијагноза и лечење на можната телесна причина
- одстранување на негативните ставови и предрасуди за сексуалноста воопшто, а посебно за оргазмите
- подобрување на врската помеѓу партнерите преку подобра комуникација
- програма за подобрување на сексуалните можности која се состои од низа посебни вежби за ова пореметување

Во текот на првиот разговор со партнерите или само со жената, им се даваат информации за психолошката природа на проблемот и улогата на пациентот во лечењето. Низ програмот на лечење зената ке научи како да се концентрира на оргазмот, чувствата поврзани со него и како да го ослободи природниот одговор кој кај овие жени е потиснат.


3. Што е вагинизам? Болно стегање на мускулите на родницата

Вагинизам е болно стегање на мускулите на родницата кој ја оневозможува пенетрацијата на пенисот. Во некои случаи жените може да уживаат во предиграта дури и да постигнат оргазам, но ако нема пенетрација.

Кои се причини за вагинизам?

Повекето причини се од психолошка природа. Обично тоа се недостаток на комуникација или информации за сексот кои доведуваат до страв, потоа тауматски сексуални искуства, силовање, сексуално злоставување, страв од бременост, страв од инфекции или сексуално преносливи болести итн.

4. Што е диспареунија? Болка при полов однос

Диспареунија е појава на болка при полов однос. Вклучува различни степени на болка - од неудобност во родницата, до јаки болки при минувањето на пенисот низ родницата.

Кои се причини за диспареунија?

Причини може да бидат:
Телесни: болести на полните органи, оштетувања на слузницата од контрацепциски средства (кондом, дијафрагма, спермицидни креми, интраутерни влошки - спирали, итн). Честа појава е кај жените после менопаузата поради недостаток на хормони и последични промени на полните органи и намалување на влажноста.

Психолошки: грубост на партнерот, или незаинтересираност што причинува недоволна стимулација и предигра.

5. Што е анафродизија или недостаток на сексуална желба?

Анафродизија е израз за недостаток на сексуална желба. Тоа е општо губење на стимулација. Го означуваат недостаток на еротски чувства, сексуалниот однос е како казна за жената која пати од анафродизија. Оваа состојба причинува незадоволство и депресија, често жените смислуваат различни изговори за да избегнат сексуален однос. Причините се претежно психички: порекнување на успехот, уживањето, љубовта, страв дека ке бидат напуштени од партнерот, тешкотии во искажувањето на сексуалните желби итн.

6. Што може жената да направи во ваква состојба?

Препорачливо е жената која пати од сексуално пореметување да се посоветува со специјалист за полни пореметувања - сексолог. Решението е брзо и лесно кога проблемот е скоро настанат. Терапијата обично се спроведува во пар со партнерот. Битно е лечењето да биде пратено од сексологот цело време заради успехот. Сите женски сексуални дисфункции се излечиви во 95% од случаите.
Општо за сексуалните дисфункции кај жената
Половиот чин се состои од фаза на возбудување и фаза на оргазам. Пореметувањето на едната или другата фаза може да биде последица на органски или функциски причини, или и едните и другите заедно. Болестите кои ги оштетуваат невролошките функции, на пр. дијабетесот или мултипла склероза, можат да го оневозможат сексуалното возбудување. Локалните болести какошто се воспаление на вагината, внатрешниот слој на материцата, јајцеводите или јајниците, може да му сметаат на полниот чин поради болки, а исцрпувачките системски болести, како малигните тумори и болестите на срцето и крвните садови, исто така може да бидат штетни.
Но, психолошките чинители се почести причинителиза неуспех на полниот чин. Во таквите проблеми спаѓаат, дезинформираност, на пр. сваќањата дека сексуалното задоволство е нешто лошо, или чувството на вина поради претходно тауматизирачки случки, како што се инцест, силовање или несакана бременост. Покрај тоа, после операции во кои се одстранува материцата или дојката, жените сами себе може да се доживуваат како непотребни. Стравовите како тешкотии, депресија, умор и брачни и меѓучовечки расправии може да резултираат со губење на опуштеноста во фаза на возбудување, поради што родницата неможе да се навлажни и да ја овозможи пенетрацијата.
Жените со такви искуства може да бидат неспособни за остварување на нормален сексуален чин без стручно советување од фамиљарниот лекар, психијатар или сексуален терапевт. Губењето на оргазмот е посебен облик на сексуална дисфункција. Многу жени, во различна мера, уживаат во сексуалните контактии без оргазам поради задоволствотона блискоста во врската, поготово со саканата личност. Меѓутоа, на другите жени сексуалните односи со ретки оргазми или без нив се фрустрирачки и незадоволувачки. Во многу случаеви недоволната стимулација на клиторисот е причина за непостигнување на оргазам, што може да се поправи со прикладни совети и едукација на пациентите. Посебен поим е вагинизмот, ретка причина за болен сексуален однос кој се јавува поради болни замисли, застрашувачки или трауматски сексуални искуства.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom