Здраво

  • Креатор на темата Креатор на темата musician
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јануари 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Го отворив ова прашање како тема и пред неколку часа но морав да ја затворам од премногу зафрканции од страна на некои луѓе што им е дојдено на заврканции, имам прашање на кое не сакам зафрканции, свирам гитара и планирам да се запишам музичко па би сакал да знам што професии ме поврзуваат со музичкото школо, повторувам пак, не сакам зафрканции, кој знае барем нешто и е информиран нека каже и ќе му бидам благодарен, а кој не е ич да не си ја троши тастатурата :wink: Благодарам однапред
 
Здраво.

Музичар или нешто поврзано со музиката, тоа зависи колку те бива. А моеш и да бидеш и тезгар по кафачи, кафини и останати угостителски објекти.

Повели и друг пат.
 
Искрено ако сакаш да се зафатиш озбилно (нижо - средно - вишо) ќе мора асално да загрееш столче. И да прифатиш тоа дека ако навистина не те бива ќе мораш да се префрлиш на пониско ниво, оти тукашните професори (за во МБУЦ Илија Николовски ти зборам) се со многу високи очекувања.

За тезгарење зависи колку си надарен за да побрзо ја сфатиш техниката на свирење на инструментот, можеш по овие маливе школи (Петков и слични), или ако не ти се даваат пари многу, можеш со другарче да се договориш да те подучува - не мења многу. Исто така ако добро запазуваш детали, можеш и преку ПС, има понекој добар штос да научиш.
 
Го отворив ова прашање како тема и пред неколку часа но морав да ја затворам од премногу зафрканции од страна на некои луѓе што им е дојдено на заврканции, имам прашање на кое не сакам зафрканции, свирам гитара и планирам да се запишам музичко па би сакал да знам што професии ме поврзуваат со музичкото школо, повторувам пак, не сакам зафрканции, кој знае барем нешто и е информиран нека каже и ќе му бидам благодарен, а кој не е ич да не си ја троши тастатурата :wink: Благодарам однапред

Со средно,нигде.
Со факс,можеш да завршиш во филхармонија,во камерен состав,професор во основно/средно можеш да си отвориш приватна школа,можеш да продолжиш во продуцентска куќа или слично.
За кариера како солист тешко.
p.s Коа Саладин вика загревање на столче мисли на 8 саати дневно за едниот инструмент и уште 6 за вториот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom