mRnO
И по mRnO,mRnO
Ова е петто бебе што се родило во затворот изминативе 11 години, а затвореничката издржува казна од една година за напуштање дете
Машко бебе старо само неколку дена е принова во женскиот дел од затворот во Идризово. Мајката на новороденото бебе е осуденичка и е во затворот околу четири месеци. Таа треба да одлежи една година затвор.
Во тазе варосаната соба, во која мајката ќе ја издржува казната, беше наместено детското креветче, а беше донесена и детската количка. Кај персоналот и затвореничките се забележуваше радоста додека ги очекуваа бебето и мајката да пристигнат од болница.
- Од 1995 година досега ова е петта затвореничка што се породила додека одлежувала казна. Обезбедени се сите услови за мајката и за бебето. Затворот е должен да го гледа бебето до една година. Потоа Центарот за социјални работи го презема детето и го дава на чување во дом-семејство - вели Снежана Наумовска, социјален работник во затворот „Идризово“.
Иако често осуденички доаѓаат бремени на издржување на затворската казна, социјалниот работник ги советува да абортираат.
- Затвореничката што сега се породи издржува казна од една година затвор за напуштање дете. Пред околу две години се породила во болницата во Чаир. Дента кога излегла од болница го оставила бебето пред некоја продавница и избегала. Набргу беше уапсена и осудена. Кога дојде во затворот повторно беше бремена. Поради вакви и слични примери, ако затвореничката не е во поодмината бременост, ја советуваме да не раѓа. Мислиме дека така е најдобро бидејќи затвореничките најчесто се деликвенти и социјални случаи, немаат дом и нема кој да се грижи за нив. Тоа дете ќе израсне во дом-семејство, но кога ќе стане полнолетно, ќе остане на улица, само и напуштено - вели Наумовска