Затворен планинарскиот дом „Копанки“

  • Креатор на темата Креатор на темата V1kTo.Or
  • Време на започнување Време на започнување

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Локација
West
Претседателството на Планинарско-скијачкиот клуб „Пелистер” од Битола, на синоќешната седница донесе одлука да го затвори планинарскиот дом „Копанки”.
FEF656E3312725498649A183215A1CE1.jpg


Ваквата одлука раководството на планинарскиот клуб „Пелистер” ја донесе во знак на револт поради пријавата што клубот ја добил од Управата за јавни приходи од Битола бидејки наводно продавале чај без фискални сметки.

Во планинарско скијачкиот клуб „Пелистер“ кое функционира како Здружение на граѓани се крајно револтирани, затоа што наводно некој ги пријавил во УЈП дека продаваат чај без притоа да издаваат фискална сметка.

- Ваквата одлука навистина не ни е логична. Домот „Копанки“ од УЈП го „третираат“ како кафеана. Него исклучиво го посетуваат планинари, кои кога се одмораат по долгите планинарења се освежуваат со чај. Добар дел од нив пијат чај дури и бесплатно. Овој дом сега го посетуваат, кога има снег. Кога ќе се стопи снегот тој најчесто е празен и никој не го посетува. Оттаму не знам зошто е ваквата одлука на УЈП - револтирани се во планинарско скијачкиот клуб, кои се цврсто решени


дека доколку УЈП остане на ваквото барање да го затворат Домот.

Покрај толку неправилности што владеат низ земјава , за време на туристичка сезона е затворен планинарскиов дом .
Инфо :
Доколку барате чај освен планинскиот таму друг вид не постои :D
Извор http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=174EFF90D4892B41A97AA067287F4482
 
Навистина се безобразни, точно е дека ебано законски се во право, и тоа закон кој сами си го наметнале и си го имплементираат ама е претерано да се штампаат пријави за планинарски дом каде што егзистирањето на домот зависи од неколку ентузијасти.
 
Исто се е затворено и на Стрежево од истиве причини...

Па мајко му стара зад планинарските домови растат тревки за чај, тоа треба да е промет од македонски производ? :eek:

Едноставно немаат луѓето сенс за туризам, никогаш не уживале во планината и мора да најдат начин на кој ќе се покажат... Жално :(
 
Затоа баткана у комплексон у Сарај ни каса, ни официјално вработени, ни било што. На клоци ги избркаа од УЈП. Ги остаија записник да напраат и ги чекаа пред кола 2-30 души и кини записникот или не си идеш жив.
Е не, зашто бе он да плаќа за Скендербег 2014? Нека плаќаат овие чај што пијат у некоја колиба тамо богу иза леџа.
 
Жално!
Конечно се среди стазата и жичарата и сега ова.
Не знам на кој му одговараше да пушти инспекција кога конечно нешто мрдна од мртва точка на Пелистер. На некој сигурно.
 
сега нека проверат дали на неолица даваат фискални. живо горам од желба да знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom