- Член од
- 16 април 2010
- Мислења
- 2.558
- Поени од реакции
- 1.503
A па ништо не е тоа, ние ова го имаме кај нас, посебно во тетовските селаЗападот шокиран: Либијците осквернавиле христијански воени гробишта
05
МАР 201203:08
Поранешни либиски бунтовници што во својата борба против Гадафи беа великодушно поддржани од Западот сега се свртеа против своите сојузници, напаѓајќи ги нивните воени гробишта и со чекани кршејќи ги христијанските симболи.
Длабок шок и гнев се реакциите на западниот свет откако поранешни либиски бунтовници во Бенгази нападнале и осквернавиле гробишта од Втората светска војна на оние што ги „ослободија од тиранијата“ на Гадафи, пренесува британски Гардијан.![]()
Видео поставено на Интернет од страна на самите напаѓачи ги покажува како шутираат и уништуваат надгробни споменици на британски и италијански војници што загинале за време на најсмртоносната војна на 20 век.
Истите тие што толку неодамна молеа за помош од НАТО за да го срушат режимот, сега со големи чекани рушеле крстови и кршеле надгробни камени на Воените гробишта во Бенгази. Биле уништени над 200 надгробни камени.![]()
Западните медиуми шпекулираат дека ова е казна за НАТО, или поточно за американските војници што ги запалија копиите од Коранот во Авганистан, инцидент што предизвика насилни протести во муслиманскиот свет.
На тие гробишта се закопани повеќе од 1.000 војници од целиот свет – Британци, Австралијци, Французи, Конгоанци, Виетнамци, Германци, Италијанци, Полјаци и Американци и други. Нивните гробови беа внимателно чувани за време на режимот на Гадафи. Но видеоклипот, снимен среде бел ден, покажува колку сурово и бесрамно тие се вандализирани од истите луѓе на кои им беше подарена власта од страна на Западот.![]()
Новата власт на Либија се извини за вандалскиот акт. Националниот транзициски совет изрази „длабоко жалење“ и најостро ја осуди случката, ветувајќи дека „вмешаните ќе бидат изведени пред правдата“.
Во меѓувреме Националниот транзициски совет никако да успее да ја придвижи земјата во насока на заздравување, а одредени аналитичари тврдат дека Советот е „шоу за медиумите“, а не вистински извор на моќ. Судирите меѓу симпатизерите на Гадафи и неговите противници сега прераснаа во меѓуплеменски судири. „Ослободената“ земја стана сцена за злодела од омраза, особено против националните малцинства.![]()
Oва во знак на благодарност.