Замина големиот д-р Дебејки

  • Креатор на темата Креатор на темата ***king***
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.778
Поени од реакции
1.882
Локација
Тука негде наоколу
НА 100-ГОДИШНА ВОЗРАСТ

Замина големиот д-р Дебејки

Д-р Мајкл Елис Дебејки се смета за татко на модерната кардиоваскуларна хирургија, а според многумина - за најголем хирург на 20. век

C491DAFC6007AA47AF7183CAC1CCB06E.jpg
Д-р Мајкл Елис Дебејки, светски познатиот доктор кој се смета за татко на модерната кардиоваскуларна хирургија и според многумина - за најголем хирург на 20 век, умре во петокот вечерта во Методистичката болница во Хјустон на 100-годишна возраст. Од болницата соопштија Дебејки умрел со природна смрт, но не и други детали, пренесе саботата Хина. Како почесен декан на Медицинскиот факултет Бајлор и хирург на Методистичката болница во Хјустон од 1949 година, Дебејки обучил илјади хирурзи низ неколку генерации, достигнувајќи статус на легенда неколку децении пред неговата смрт, објави во саботата "Хјустон Хроникл". Во текот на кариерата направил повеќе од 60.000 операции на шефови на држави, шоумени, деловни луѓе, но и на луѓе без титули и пари. Листата на славните пациенти е голема - од големата артистка Марлен Дитрих до понарешниот руски претседател Борис Елцин. Инаку, тој бил многу витален и оперирал дури и на 90 години.

Дебејки е роден 1908 година во Лејк Чарлс, Лузијана. Својот пионерски пат во лекување на срцевите болести го почнал како студент во далечната 1932 година. Хируршките процедури што тој ги разви и беа чудо во светот на медицината, денес претставуваат рутински зафати. Во 1963 година, во времето на Џон Кенеди, Дебејки ја добива Ласкеровата награда за клинички испитувања која се смета за американски пандан на Нобеловата награда за медицина. На почетокот на годинава Џорџ Буш му го додели Златниот медал на Конгресот на САД.



Слава нека му е!
 
Редок човек и гениј кој го задолжи човештвото. Според многумина, Дебејки е најдобриот хирург на сите времиња, човек со речиси бесконечна енергија и посветеност на медицината!

Пионер во кардиохирургијата чии пронајдоци и новитети допринесоа да се дојде до нови нивоа за тоа како да се лекува срцето и како да се сочува и подобри човечкиот живот.

Неговите пронајдоци се некои од основните инструменти кои се задолжителни во хирургијата денес. Меѓу другите, неговиот изум наречен “ролер-пумпа’’ овозможи операција на отворено срце при што се пумпа крвта до органите во телото додека срцето е извадено и врз него се оперира. Бајпас операциите, пресадувањето на срце, употреба на вештачки Дакронартерии, прочистувањето на картоидната артерија, интерактивни операции, итн. - се’ се тоа изуми на Др. Дебејки со кој што се спасени стотици илјади животи.

Работел како хирург се до 90-тата година, а потоа одел на работа секој ден до пред својата смрт за и понатаму да помогне во разбирањето на работата на срцето и да ги подучува новите генерации кардио-хирурзи. Иронијата на животот е дека последната хирушка техника која ја изумил за аортата, ја искусил на себе минатата година, кога и тој бил подвргнат на опрација на срцето.

Вечна му слава на Др. Дебејки и нека почива во мир.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom