L
.Lost Angel.
Гостин
Бидејќи има стварно премалку среќни спортски моменти во Р.М па би сакал да ве потсетам сите вас на многу битен момент од спортска историјата на Р.М кога Кометал стана шампион тоа е нешто најдобро што се случило и што ќе се памети уште многу години, нешто што ќе ни остане во нашите срца.
ајде малце да се потсетиме ...
Ракометниот клуб “Ѓорче Петров” е основан во 1979 година како ракометен клуб Ѓорче Петров. До осамостојувањето на Македонија, РК Ѓорче Петров настапуваше во сојузните лиги на поранешна СФРЈ, а по добивањето на независноста и формирањето национална ракометна лига, клубот стана синоним за македонскиот ракомет со 16 шампионски и 15 титули во Купот на Македонија. Во 1994 година, по триумфот над тогаш неприкосновениот владетел во европскиот женски ракомет, Хипо од Виена, во РК Ѓорче Петров како спонзор влезе „Кометал трејд“ на чело со Трифун Костовски и од маалски клуб направи европски ракометен шампион. Најголемите успеси на тогашен Кометал ЃП (сега повторно РК „Ѓорче Петров“) на меѓународна сцена се освојувањето на титулата европски шампион во 2002 година и вицешампионските титули во 2000 и во2005 година. Во шампионската 2002 година, РК „Ѓорче Петров“ го освои и европскиот Суперкуп.

Ракометартките на Кометал Ѓорче Петров со пехарот на европскиот шампион во ракомет за жени

Продолжете вие со вашите битни моменти од спортски настани кои ви останале врежани во вашата глава

Сонот на ѓорчепетровки стана јаве по победата над Херц од 26:22 во реваншот од финалето на ЛШ
Македонија во еуфорија, Кометал нов европски шампион!
Македонија по цела деценија спортска независност конечно го дочека моментот да го прослави својот прв европски ракометен шампион, а тоа задоволство и го приреди, кој друг ако не, Кометал Ѓорче Петров, кој во возвратниот натпревар од финалето на Лигата на шампионките го совлада Херц Ференцварош од Унгарија со 26:22 (12:10), со што двојно ги надмина двата гола негатива по поразот од 25:27 во првата средба во Будимпешта. Последниот свиреж на чешките судии Кохут и Долејш беа знак за почеток на досега невиденото славење како во преполното "Кале", така и на плоштадот "Македонија", но и во целата држава, која оваа недела живееше за првата шампионска титула во вториот обид на нејзините миленички.
Сите 60 минути македонските хероињи имаа целосна контрола врз играта и врз резултатот и во ниту еден момент не го доведоа во прашање освојувањето на пехарот на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Им дозволија на Унгарките само во два наврата да израмнат (на 1:1 и последен пат на 2:2), а оттогаш па до крајот на средбата постојано ја одржуваа разликата од два до шест гола. Веќе во 9 мин. беше анулирана предноста на Херц од првиот меч, кога ѓорчепетровки поведоа со 5:2, а две минути подоцна стигнаа и до водство од 6:2, најмногу благодарејќи на двете најдобри ракометарки во финалето - голманката Луминица Дину и десниот бек Индира Кастратовиќ (зад името на првата на крајот останаа забележани 15 одбрани, а популарната Инди своето салдо го заокружи на 10 погодоци, од кои два со шрауба!). Сепак, Унгарките ги консолидираа редовите и во 16 мин. намалија на 4:6, а со два гола разлика за домаќинот се замина и на одморот.
По првите пет минути од второто полувреме Кометал повторно ја досегна позитивата од четири гола (15:11), која ја одржуваше до 45 мин., кога гостинките намалија на 16:18, но тоа беше и последната нивна закана дека можат да го направат тоа што никој во Македонија не го посакуваше. Кога Олга Бујанова на нецели 9 минути до крајот ја проби бариерата од четири гола за водство од 22:17, а веднаш потоа и Лариса ферзалиева погоди за 23:17, новиот господар на ракометна Европа веќе почна да се наѕира. Во манир на прекалени борци со огромно искуство на ракометните боишта, ракометарките на деветкратниот македонски првак последната делница ја одработија како швајцарски часовник и на огромно задоволство на армијата приврзаници на зелено-жолтата боја го впишаа името на својот клуб врз толку посакуваниот пехар што пред две години им избега.
КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 26
ХЕРЦ ФЕРЕНЦВАРОШ 22
Полувреме: 12:10, Сала: СРЦ "Кале", Гледачи: 3.500, Судии: Вацлав Кохут и Иван Долејш од Чешка, Седмерци: Кометал 3/7, Херц 2/5, Исклучувања: Кометал 12 мин., Херц 8 мин., Загубенитопки: Кометал 10, Херц 7
Кометал Ѓорче Петров: Дину (14 одбрани од игра и 1 седмерец), Нацева, Плошчинска, Калиниченко (0/1), Кастратовиќ 10 (9/10 од игра, 1/2 од 7 м.), Платон 1 (1/2), Велкова 1 (1/1), Бујанова 4 (2/8, 2/4), Чупиќ, Будимир 2 (2/2), Ферзалиева 2 (2/3), Андрушченко, Малахова 6 (6/8), Златановска. Тренер: Александар Панов
Херц Ференцварош: Миклошова, Шугар (5 одбрани од игра и 4 седмерци), Паштрович, И. Падар 3 (3/3), Киршнер 3 (3/6), Мравикова 3 (3/7), М. Падар, Тот 1 (1/2), Ковач, Шити 2 (2/4, 0/1), Леви 2 (0/3, 2/2), Бењац 4 (4/8), Блашкович, Фаркаш 4 (4/10, 0/2). Тренер: Андраш Немет

Ракометартките на Кометал Ѓорче Петров со пехарот на европскиот шампион во ракомет за жени

Продолжете вие со вашите битни моменти од спортски настани кои ви останале врежани во вашата глава