P
pinkynetnet
Гостин
Зашто е објавена оваа вест ?
Јас новиот дизајн го имам веќе еден месец ( приметив точно на денот кога умре Џексон
), а во статијата пишува дека ќе го добиеме другата година...:pop:
Јас новиот дизајн го имам веќе еден месец ( приметив точно на денот кога умре Џексон

![]()
Иако Yahoo како компанија веќе некое време е во финансиски проблеми, нивниот портал сеуште е најпосетениот на светот. Од вчера, порталот за посетителите од САД изгледа значително поинаку, а кај нас редизајнот ќе се види дури од наредната година.
Насловната страна на Yahoo во редизајнирана верзија ќе ги донесува најважните вести, но целата лева страна ќе им биде посветена на он-лајн сервисите и веб дестинациите - друштвените мрежи, порталите, програмите за инстант комуникација и слично.
Голем акцент ќе биде ставен на можноста за прилагодување на секој корисник. Имено, насловната на Yahoo нема да биде фиксна, бидејќи секој посетител ќе може да избере кои сервиси сака да ги има на дофат на неговата рака.
Yahoo на овој начин прави храбар чекор - ги прифаќа најновите трендови кои говорат дека луѓето сакаат да ги персонализираат порталите, а не фиксна страница.
Новиот Yahoo во САД стана достапен од вчера, во Велика Британија, Индија и Франција тоа ќе се случи кон крајот на неделава, а во остатокот од светот дури наредната година.