Хвар

  • Креатор на темата Креатор на темата |И.И|
  • Време на започнување Време на започнување

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.601
Поени од реакции
6.809
Еден од најпосетените и најтоплите острови од низата Хрватски острови во Јадранското море. Сместен во шумовит предел на борова шума и цветовите на лаванда,познат по можноста за посета на Градот Хвар,Јелса,Стари град и познатите ,, Паклени острови,,-како една од најпосакувана туристичка дестинација.Хвар е остров кој дава поглед кон Островот Брач и Макарската ревиера и со гордост се вбројува во 10-те најубави острови на светот.Прекрасната околина, пријатната медитеранска клима, изобилството на сонце и топло јадранско море, многубројните културни и историски споменици,прекрасните плажи,многубројните кафе-барови,ресторани со морска традиционална храна и богата гастрономија ,секогаш е спремен да го понуди максимумот за едно незаборавно летување.Нуди идеална можност опуштање ,посета на единствени и прекрасни заливи,идеален за активен и пасивен одмор за љубителите на недопрената природа и мирисот на лавандата- која е препознатлива само за овој остров.

hvar-hrvatska.jpg




Летово планирам таму да го поминам , според многумина е еден од најубавите острови во Европа и сакам лично да се уверам во тоа.

Доколку некој кајганаџија бил во Хвар убаво би било да сподели искуство.
 
Мирно место, рај за одмор со деца, ама прескапо. Туризмот, гостопримството, културата на луѓето не се споредуваат со онаа на Охриѓаните. :icon_lol: Причини зошто островот Хвар е познат во целиот свет.
Хвар, Стари Град, Јелса и Врбоска и Паклени острови овие ги имам посетено. Врбоска или како што ја нарекуват малата Венеција.

Најпознатите знаменитости на островот Хвар е тврдината Фортика. Oд ноќниот живот во Хвар има многу кафулиња, тераси со музика во живо, барови и дискотеки. За оние кои бараат културни активности има театарски претстави, изложби, концерти, музички и фолклорни настапи.
Прекрасно крајбрежје, чисти плажи, недопрена природа, богато историско и културно наследство, мирис на лаванда, маслинки и вино.
Околу плажите ги има за мали деца, за парови и за нудисти. Мина (Јелса), Солајн (Врбоска), Гребишче (Јелса) и Дубовица (помеѓу Хвар и Стари Град) се убави за мали деца. Помали места се Милна, Завала, Иван Долач кои се наоѓаат покрај крајбрежјето. Завала е место за оние кои не сакаат гужва.

На Паклени острови има нудистички плажи, познати се Палмижана и Стипанска. :D

13443107_10153782776682169_404868140062480813_o.jpg 13502998_10153782778582169_5720438114032291878_o.jpg
 
Повеќе инфо некој? :)
Планирам крај на јуни да го посетам, како е со цени?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom