Мартин Јол нов менаџер на Ајакс
Мартин Јол денес и официјално беше поставен за нов менаџер на Ајакс. Тој го завзема местото на Марко Ван Бастен, кој поради лошите резултати си поднесе оставка.
Ајакс очајнички бараа нов тренер, но наидоа на голема незаинтересираност за нивното работно место.
Местото им беше претходно понудено на Франк Рајкард, Ко Адриенсе, Мајкл Лаудруп и Мортен Олсен, но ниту еден не сакаше да ја прифати работата.
Мартин Јол не мислеше така. Ајакс направија договор со Хамбургер и Јол веќе потпиша тригодишен договор со Холандската екипа.
Неговиот договор во Хамбургер истекуваше во 2010 година.
Поранешниот менаџер на Тотенхем оваа сезона почна добро со Хамбургер, но не успеаја ни да задржат место за Лигата на Шампионите по последните лоши резултати. Беа елиминирани од Вердер во полуфиналето од УЕФА купот.
Јол беше фрустиран од лошиот финиш на ХСВ и бараше од газдата нови засилувања, но беше одбиен, поради тоа се реши да го напушти Хамбургер.