Како прво тоа што е поставено на линкот на е хипноза туку оптичка илузија.
А сега на темава имам нешто да кажам,
Баш прееска со мајками правев муабет за разни натприродни работи и за астрална проекција и слични ствари и мајками ми вика не си играј играчки со астрални проекции и такви несекојдневни ствари бидејќи можело да биде опасно.
И конкретно на темава хипноза ми кажа нешто што досега ми немала кажано,веројатно затоа што не сме збореле на таа тема или сметала дека не е интересно да ми каже.
Значи ова што ќе ви го кажам е вистина,знам дека мајками нема да ме лаже и дека не измислува.
Мајками ми кажа дека кога она била средношколка (на нејзини 17/18 години) во училиштето имале некоја како да ја наречам... забавна програма и некои активности и меѓу другото имало и човек хипнотизер.
И требал тој хипнотизерот да изведе хипноза,и требал на останатите да им покаже како тоа се изведува.
И викнал некој доброволец и дошло детето на бината во холот пред сите ученици и седнал на столче наспроти хипнотизерот.
И хипнотизетот со некое предметче што се мрда лево-десно кога го клатиш,почнал пред очите на детето да мрда лево-десно со предметчето.
И по кусо време детево стварно се хипнотизирало,станало несвесно за околината и се што ќе му кажел овој хипнотизеров,детето тоа и правело.Му рекол стани од столчето и крени ја раката и детето тоа и го направило.Ама буквално било несвесно и овие другиве во публика што биле се смееле и интересно им било.
Арно ама кога требал да го от-хипотизира,некако се укочил хипнотизеров и неможел да го поврати детето во реалноста,абе шамари му мавал,со вода го прскале по лицето за да се освести,али ништо не помагало,детето буквално ко изгубено било сосема несвесно за тоа што се случува во околината.
И овие ученициве сите се уозбилиле,меѓу нив била и мајками и овие професорите се збркале и хипнотизерот се збркал многу од што не му успевало да го поврати детето.
И после многу обиди едвеј едвај успеал да го поврати детето од хипнозата.
Значи нетреба да се игра со вакви ствари оти арно ја рекле онаа изрека „Од играчка - плачка„