- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 23.144
- Поени од реакции
- 40.138
Несобирањето на ѓубре во Скопје
Како се ближиме до избори, забележливо е дека се зголемува и ѓубрето. Сите социјални мрежи се преплавени со слики од полни контејнери и мини-депонии, кои веројатно имаат цел да оддадат слика дека локалната власт не си ја работи работата. Всушност, јасно како ден дека станува збор за пресметка. Најголемиот стап го јадат граѓаните, како и секогаш.

...од хибридните напади со пожари и загаден воздух, се префрлуваме на смет, ѓубре и кабаст отпад - депониите низ главниот град!

- хибриден напад на главниот град на Македонија: Скопје,
- моментално применливо оружје од различен калибар: смет, кабаст отпад, ѓубре,
- локација- насекаде посебно во централните делови,
- визуелна цел: формирање на депонии,
- психолошка цел: нервоза кај педантните граѓани, другите штикла ги боли!
- здравствена цел: смрдеа, опасност од појава на глодари и различни мутирачки инсекти,


... сметот и ѓубрето во периферија прек ноќ, а и преку ден се палеше, овде крајна цел е секундарна последица од насобрано ѓубре, а не да се запали, оти нели низ градот се депониите, па може да се пренесе пожарот, вака миризбата и глетката ќе го направи своето, кој е поиздржлив!






...ма неее, каков предизборен хибриден напад, конкретно само во главниот град, ова е само пробно октомвриско воведување на традиција „Ѓубредијада“ , која ќе се слави на секои четири години!









