- Член од
- 27 јануари 2009
- Мислења
- 1.044
- Поени од реакции
- 40
- Возраст
- 35
БОСАНСКАТА ЅВЕЗДА СО КОНЦЕРТ НА 10 НОЕМВРИ
Харис Џиновиќ ќе го ослободува Куманово за 15 илјади евра
Босанската ѕвезда Харис Џиновиќ ќе пее на плоштадот во Куманово на 10 ноември, по повод Денот на ослободување на градот, кој ќе се празнува следниот ден.
Дознаваме дека цената за која Харис се согласил да настапи е 15 илјади евра. Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски потврди дека Џиновиќ ќе ја развесели прославата, но не сакаше да каже за која сума ќе пее.
Џиновиќ е барана ѕвезда во Македонија. Во изминативе година ипол двапати настапил во Скопје. Последниот концерт беше на 1 април, годинава, во салата "Борис Трајковски".
-Да, точно е дека Харис Џиновиќ веќе е пазарен за да настапи во Куманово. Па секоја година за празникот на градот и за Нова Година Куманово има најинтересни гости и најдобра журка. Така ќе биде и овој пат. Во еден дел од сумата учествува локалната самоуправа, а поголемиот дел од сумата го покриваат спонзори, ни изјави градоначалникот Дамјановски.
На плоштадот во Куманово до сега гостувале Здравко Чолиќ, Петар Грашо, Северина, Бајага со "Инструктори", но и македонските ѕвезди Тоше Проески, Владо Јаневски, Калиопи и други.
Гостувањата на музичките ѕвезди во Куманово и Прилеп, Северина и Цеца беа причина за караници и обвинувања за трошење народни пари меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Двете партии си разделија тешки обвинувања дека безмислосно трошат народни пари.
Лани портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски го обвини градоначалникот на Куманово, од редовите на СДСМ, Зоран Дамјановски дека ќе исплати енормни 80.000 евра за само еден хонорар за новогодишната прослава на познатата хрватска ѕвезда Северина. Градоначалникот на Куманово Дамјановски, пак им врати на ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ги лицемери, обвинувајќи го раководството на владејачката партија дека покажало голема политичка некултура оти никој не се појави на концертот на Цеца, организиран од нивниот градоначалник.