Хакер саботирал владина интернет страница

  • Креатор на темата Креатор на темата tomislav1978
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2005
Мислења
648
Поени од реакции
7
Државниот архив нападнат од турски рапер

Почетната страна на интернет сајтот на Државниот архив на Македонија њњњ.архив.гов.мк веќе неколку дена е хакирана. Место воведот во содржините на сајтот, хакерот поставил слика на арапско писмо и инсталирал плеер од кој со секое кликнување на него се слуша етно-рап песна на турски јазик. Хакерот што ја уништил првата страница дури и се потпишал: "Хакирано од Багер", на англиски јазик.
Стариот изглед на сајтот на Архивот е сосема сменет. Место сината заднина и логото на Државниот архив на Република Македонија, на македонски и на англиски јазик, сега има црна заднина со златни арапски букви и неколку турски зборови. Таа реченица на турски јазик што најверојатно е стих од песната што е ставена како вовед во содржините на сајтот на Архивот.
Сајтот не е уништен целосно туку на луѓето од Архивот кои се грижат за сајтот само им е преземена првата страна. Дури ни таа не е хакирана целосно. Покрај сликата со арапското писмо оставен е банер со т.н. кликови за пристап до содржините на сајтот. Преку тие банери се стасува до другите страници од сајтот од кои ретко која е со содржина, освен законската регулатива и начините на користење на архивот.
Интернет страницата на Државниот архив е владин портал, но изгледа последниве неколку дена никој не го отворил сајтот за да види што се случува со оваа нивна интернет страница. Вчера ниту во Архивот на Македонија не знаеа дека некој им направил саботажа. Кога се јавивме за да побараме изјава, телефонистката во Архивот немаше со кого од надлежните да не поврзе.
Познавачите велат дека овој упад во сајтот е мал, но дека ако хакерот успеал да го направи ова може да направи и многу поголеми проблеми.
"Штом им ја зел почетната страница лесно може да стаса и до најмалиот дел од серверот и да направи многу поголема беља", велат познавачите.
По пребарување на интернет откривме дека сајтот на Архивот не е единствената веб страница што Багер ја саботирал. Багер го хакирал и сајтот на украинскиот државен комитет за водостопанство, сајтот на унгарската телевизија "Делта", сајтови на неколку странски основни училишта. И на тие сајтови Багер им направил диверзија само на почетните страници оставајќи им го својот потпис на цела страна. Изгледа дека тоа му е стилот, да ги диверзира само воведните делови од порталите. (Е.З.)


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=120034&idg=6&idb=1815&rubrika=Makedonija
 
Немој да ни ја смени пишаната историја со некоја турска рап историја, па да пишува дека Крали МАрко бил Рапер:poss:
 
tomislav1978 напиша:
Државниот архив нападнат од турски рапер

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Почетната страна на интернет сајтот на Државниот архив на Македонија њњњ.архив.гов.мк веќе неколку дена е хакирана. [/FONT]http://www.vest.com.mk/default.asp?id=120034&idg=6&idb=1815&rubrika=Makedonija
Вака па кога ќе напише некој... Колку само неписмени новинари имаме. ЊЊЊ бе! :toe:

А тоа што e хакната, голема работа... Не постои нешто што не може да се хакне, да не збориме па за владини сајтови правени од ефтини темплејти и со free енџини (за кои патем, се платени огромни пари), за кои има толку многу експлоити што верувам дека и „лаик“ за 5 минути поминати на google ќе ги најде.
 
Acid напиша:
Вака па кога ќе напише некој... Колку само неписмени новинари имаме. ЊЊЊ бе! :toe:
Не се криви новинарите за тоа туку тие што го прекуцуваат текстот односно техничките луѓе што го средуваат текстот и распоредот на сториите во весниците. Инаку гледам моментално пишува "this site soon will be hosted on neotel". :)
 
Типот озбилно ја сватил работава и си правел defacing и не само на нашата и на други сајтови...
Ај замислите сега му стига писмо на маил со содржина дај хакни го форумов www.forum.kajgana.com и датабазата направи ја р'шум. И го направи тоа :P
 
Незнам денеска некоја манија има фатено, два екс југословенски сателитски форуми се исто така хакнати. Papagen Forum скоро цела база со теми и постови им е избришана и сега ќе мора одново се, форумот е голем некаде колку Кајгана. А овие другиве комплет ги нема BalcanSat Forum.
 
vardarce напиша:
Незнам денеска некоја манија има фатено, два екс југословенски сателитски форуми се исто така хакнати. Papagen Forum скоро цела база со теми и постови им е избришана и сега ќе мора одново се, форумот е голем некаде колку Кајгана. А овие другиве комплет ги нема BalcanSat Forum.
Кога не слушнале за бекап...:nesum:
 
Acid напиша:
Кога не слушнале за бекап...:nesum:
Абе да ама ќе ти се отвори работа без потреба.

Ефтим ко да се заканвеше на кајгана :pishtoldz :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom