WWYD - What Would You Do?

  • Креатор на темата Креатор на темата Samurai Jack
  • Време на започнување Време на започнување

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Возраст
32
Локација
Велес
What Would You Do е американско шоу кое што вклучува скриена камера за време на некаков конфликт кој што е добро испланиран и одглумен од страна на професионални актери пред случајни минувачи. Шоуто се фокусира на реакциите на случајните минувачи кога пред нив се случуваат несекојдневни ситуации, насилство, непристојно однесување, дискриминирање на одредени луѓе според бојата на кожата, финансиската состојба, здравствената состојба, потеклото и сл.

Ова шоу за прв пат се појавило во 2008-мата година, вклучува огромен дел на епизоди од секаков вид на непристојно однесување.
Емотивно, потресно и сурово шоу. Со гледање на неколку видеа ќе ви стане јасно за каков вид на емисија е и која е нејзината цел, главен водител е John Quiñones.

Дел од најдобрите снимени епизоди:






Споделете видео кое што мислите дека вреди да се погледне, исто може и да споделите вистинска ситуација која што ви се случила на вас или на вашите блиски, ситуација слична како на емисијава.
 
Повеќето од овие видеа се од затворен карактер, или исценирани од двете страни.
 
fishbiscuit-2.jpg
 
Повеќето од овие видеа се од затворен карактер, или исценирани од двете страни.
Како мислиш од двете страни?
Сцената е одглумена и се чека реакцијата на околината.
 
Договор меѓу режија и учесници во клипот. Ако не е така ќе има милион сериозни инциденти.
 
Договор меѓу режија и учесници во клипот. Ако не е така ќе има милион сериозни инциденти.
Не мора да значи. Имало многу случаи на пример некој да е повреден и никој да не се нафати на човекот да му помогне. Не зборам за во Македонија, но во држави каде што има голем број на популација за жал тоа е секојдневие...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom