Work & Study Canada

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
WORK & STUDY CANADA


Work & Study Canada е студентска програма преку која канадската влада им овозмозува на студентите ширум светот да студираат во еден од најпрестижните универзитети и да добијат практично искуство во некои од најелитните ресорти на западниот брег на Канада.
Курсевите за изучување на Англискиот јазик и престижните компании за работа се организирани од страна на English Bay College, Ванкувер, Канада. И не само тоа, туку за вашето покажано знаење и работна пракса, Вие ќе бидете наградени со Меѓународен признаен сертификат кој понатаму одлично би се вклопил во вашето професионално CV(резиме).
Програма за работа и учење во Канада

Подготовка

Курсот за бизнис англиски се состои од: интензивно учење граматика, конверзација, слушање и часови по пишување, високо ниво на бизнис англиски јазик и часови за подготовка на работно место. Тоа им овозможува на студентите успешно да се вклопат во практичната работа. Посебен акцент се става на учење професионален вокабулар за индустриски намени, со цел подоцна да се примени во секојдневниот живот. На оваа програма студентите учат како успешно да одржуваат презентации, водат преговори, одржуваат бизнис состаноци, ефективно да пишуваат, додека се здобијат со практично знаење за Канадската бизнис култура и нивните обичаи.

Платена практична работа во хотелиерство во светски реномирани ресорти

Светски реномираните ресорти се внимателно селектирани со цел да им понудат на студентите најдобро можно практично искуство. Кандидатите добиваат можност да работат со клиенти од англиско говорно подрачје и да бидат дел од професионален тим кој ќе им овозможи тренинг од областа на туризмот, услужната дејност и хотелиерството.

Сите програми за практична настава се базираат на јазични вештини, генерални комуникациски вештини, културни натпревари и достапност во текот на целата година.

Плата и работни позиции:
Работни позиции:

· Сектор за храна и пијалоци - Сервер
· Рецепција/Агент за резервации - Бартендер
· Белмен - Агент за продажба

Платата за горенаведените работни позиции во зависност од посветеноста на работата ќе изнесува од 8 - 14 Канадски долари ( до 17 канадски долари за кандидатите со добар англиски јазик )

Практичната работа се извршува во некои од долунаведениве ресорти:


Panorama Resort Poet's Cove Radium Resort


Fairmont Hot Springs Jasper Canadian Rockies Marriott Hotel

Сместување и патување до локацијата на ресортот

Во текот на целиот престој на практичната програма во Ванкувер, кандидатите можат да одберат дали ќе бидат сместени во канадски семејства, во интернати или пак сами да си го обезбедат престојот за време на школувањето.
- Сместувањето во канадски семејства вклучува своја соба, 3 оброка на ден и Интернет пристап. Веднаш по пристигнувањето кандидатите ќе бидат пречекани на аеродром и превезени до семејството каде што ќе престојуваат.
- Сместувањето во студентските домови е исто така организирано со пречек од аеродромот веднаш по слетувањето на кандидатот.

Опции на Програмата

Work & Study Canada Gold Option за период од:

- 6 Месечна Програма – Опција А, вклучува минимум 6 недели наставни подготовки, компанија за практична работа во период од 18 недели, јазични часови на местото на практичната работа, валидна виза за 6 месеци.

- 12 Месечна Програма – Опција Б, вклучува минимум 12 недели наставни подготовки, компанија за практична работа во период од 36 недели, јазични часови на местото на практичната работа, валидна виза за 12 месеци.

  • Work & Study Canada Silver Option за период од :

- 6 Месечна Програма – Опција А, вклучува минимум 12 недели наставни подготовки, обезбедување на работна понуда од страна на кандидатот, јазични часови на местото на практичната работа, валидна виза за 6 месеци.

- 8 Месечна Програма – Опција Б, вклучува минимум 16 недели наставни подготовки, обезбедување на работна понуда од страна на кандидатот, јазични часови на местото на практичната работа, валидна виза за 8 месеци.

12 Месечна Програма – Опција В, вклучува минимум 36 недели наставни подготовки, обезбедување на работна понуда од страна на кандидатот, јазични часови на местото на практичната работа, валидна виза за 12 месеци.

Како да аплицирате:

Почеток/Регистрација

- во било кое време во текот на годината
- најмалку 12 недели пред датата на заминување

Потребни документи и услови

- 19 - 28 годишна возрааст
- студентите да имаат познавање во говорен и пишан англиски јазик од секојдневниот живот
- CV/резиме на англиски јазик
- писмо на интерес на англиски јазик
- сертификати и дипломи преведени на англиски јазик
- препораки преведени на англиски јазик
- валидно медицинско осигурување
- работна/туристичка виза или дозвола за работа
- сериозност, одговорност, флексибилност

од Зип Травел

Колку е точно овоа? дали некој веќе има пробано, или се е "трчи-лажи"?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom