Да комплетно неигриво е моментално, но ќе се среди. После толку години искуство пак не научија да контролираат surge на играчи на пуштање експанзија.
Од она што можев малку да поиграм можам да кажам дека визуелно е многу напредната играта и арт тимот се надминал себеси. Квестовите се исти убиј 10 од ова, 10 од она, спасиј го овој оној итн. Но многу поубаво се имплементирани главните играчи (NPC) и подобрен им е storyteĺling-от. Има повеќе синематици низ левелирањето што го подига оној role-play филинг.
Гарнизонот е исто интересен додаток и осеќам дека многу време ќе поминам во него правеќи најбезвезни работи.
Мислам дека е одлично време за нови играчи и за луѓе кои престанале после TBC/Wrath. На нив се ќе им биде ново, различно и интересно. За остатанатите што поминале низ сите експанзии и пачеви е сепак more of the same, што и не е лошо со оглед дека се работи за експанзија а не нова игра.[DOUBLEPOST=1415943466][/DOUBLEPOST]