Возот за Бугарија ги чека милијардите

  • Креатор на темата Креатор на темата Soreno
  • Време на започнување Време на започнување

Soreno

Big Brother
Член од
14 јануари 2009
Мислења
530
Поени од реакции
19
Пропаднатите гигантски бетонски столбови од недоизградените мостови сведочат за неуспехот да се заврши пругата кон источниот сосед иако се потрошени повеќе од сто милиони евра и неповратно се загубени 15 години

515BF37DA17F26488F285336FF7E0E54.jpg


Македонија е единствената земја која не го завршила својот дел од работите, со оглед на тоа дека Бугарија одамна е подготвена за железничкото поврзување со нашата земја, а Албанија ја изгради пругата до Поградец.Екипата на „Дневник“ ја следеше трасата на идната железница за да откриеме што се случува со веќе изградените делови
Градежните активности на теренот без подетаљно објаснување беа прекинати пред неколку години. По долгогодишно градење и потрошени повеќе од сто милиони евра, државата успеа да направи само десетици гигантски бетонски столбови за предвидените железнички мостови и да трасира земјен пат до пред Крива Паланка. Железничката пруга кон Бугарија стои недовршена, градежната механизација е повлечена, а почнатите објекти на трасата пропаѓаат.

Мештаните од Клечовце се сомневаат дека пругата некогаш ќе биде комплетирана.

- И да ги постават шините над новата траса, пругата што веќе постои не е употреблива. Најголем дел од металните прачки се украдени и продадени како старо железо. А овој мост не може да издржи човек да помине, а не воз - велат селаните што работеа на нивите крај Пчиња. Следејќи ја трасата, се наидува на неколку големи моста за кои се изградени носечките столбови. Некои од нив се целосно покриени, но најголемиот дел не се. Најголем е мостот кај кратовското село Кетеново. Високите бетонски столбови се покриени до половина со големи блокови, додека останатите се донесени до мостот, но се' уште не се поставени. Според бројките на нив се забележува дека на локацијата се донесени во 2003 и 2004 година, од кога не се поместени. Делови од трасата веќе се обраснати со трева и грмушки, поради што е непрепознатлива.

Од Министерството за транспорт и врски не успеавме да добиеме одговор за тоа колку чини изградбата на железницата и кога таа ќе продолжи. Премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески пред една година при посетата на Крива Паланка посочија дека за довршување на железничката пругата се потребни околу 400 милиони евра. Во оваа сума влегуваат пругите кон Бугарија и кон Албанија. Според нив, парите ќе треба да се обезбедат од меѓународните финансиски институции, со оглед на тоа дека досега во пругата се вложуваа пари само од државниот буџет.

Довршувањето на големата инвестиција во железницата не е спомнато ниту во политичката програма на владејачката ВМРО-ДПМНЕ која се однесува на периодот од 2008 до 2012 година. Во делот на планираните инвестиции за Коридорот 8 се споменува само изградбата на патишта кои се дел од овој проект. Приоритет е даден на автопатиштата Куманово-Крива Паланка и Кичево-Ќафасан, а железницата никаде не се спомнува. Експропријацијата на имотите низ кои треба да минуваат автопатиштата веќе е во тек, а нивната изградба се очекува да почне во текот на годинава или најдоцна следната година.
Трошоците постојано растат
На почетокот на изградбата на пругата, пред петнаесетина години, тогашниот премиер Бранко Црвенковски најави дека таа ќе биде готова за една година. Оттогаш работите неколкупати беа прекинувани, а трошоците неколкупати се зголемија. Од почетните 120 милиони долари, цената на пругата достигнаа 336 милиони долари. Пред неколку години изградбата целосно беше прекината и одложена на неодредено време, иако дотогаш во железницата беа вложени 125 милиони долари и изградени беа околу 45 отсто од трасата. Градежната фирма „Бетон“ ја тужеше државата и бараше околу 2,4 милиона евра поради разлика во цените и изгубен профит. Раководството на компанијата тогаш предупреди дека запрената изградба ќе биде погубна и оти повеќекратно ќе ја зголеми цената на целиот проект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom