Вооружени судири меѓу турската армија и ПКК

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
Првите вооружени судири меѓу припадниците на турската армија и членовите на Работничката партија на Курдите (ПКК) започнаа попладнево, откако Турција презеде копнена офанзива во Северен Ирак, јави дописникот на Макфакс.

Судирите почнаа, откако турските командоси и пешадија навлегоа десеттина километри на територија на Ирак, во регионите на Хакурк, Рекама и Нерве, пренесуваат турските медиуми.

Иако Генералштабот на турската армија се уште не прецизира колкави сили се ангажирани во оваа операција, турските медиуми јавуваат дека во нападот учествуваат десет илјади војници, чие навлегување во Северен Ирак се поддржува со хеликоптерите „Кобра” и “Скорски”.

Паралелно со ова, од терен стигнуваат информации дека од воздухопловната база во Дијарбакир полетале турските „фантоми” кои се упатиле кон Северен Ирак, а дека во ист правец се движат и тенковски единици.

Турскиот Генералштаб соопшти дека „цел на операцијата, која ја раководат генералот Бекир Калјонџу и уште деветмина други генерали, не е насочена против целовитоста на Ирак, туку исклучиво против терористичката ПКК и дека турските сили, откако ќе ги остварат целите, во најкус рок ќе се вратат назад во Турција”.

Одлуката за започнување на прекуграничниот копнен напад била донесена уште во четвртокот на највисоко државно – армиско ниво, но, не била соопштена на јавноста.

Нападот се изведува со знаење на Соединетите Американски Држави, чии воени единици се наоѓаат во Ирак и кои во последно време и даваат на Турција разузнавачки информации во врска со движењата на ПКК во Северен Ирак. Турските медиуми јавија дека тоа го потврдил и портпаролот на американскиот воен штаб во Багдад, генерал Грегори Смит.

Тој изјавил дека турската операција ќе биде во „ограничен временски период” и оти официјалните претставници на Турција “дале гаранции дека нема да бидат нанесени штети на цивилите”.

Претставниците на Американската амбасада во Анкара одбија да го коментираат турскиот напад во Северен Ирак. Портпаролот на Амбасадата изјави дека „се запознаени со соопштението на Генералштабот на турската армија” и оти „кон него немаат што да додадат”.

Веднаш по нападот, турскиот претседател Абдула Ѓул по телефон го повикал претседателот на Ирак, Џелал Талабани, на кого му дал информации околу операцијата и го повикал да ја посети Анкара.

Телефонски разговор со премиерот на ирачката влада Нури Ел Малики имал и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан, а турските медиуми јавија дека во тој разговор ирачкиот премиер „го осудил непочитувањето на ирачките граници” и дека „побарал од Турција да ги поштеди цивилите”.Превземено од макфакс.

Еве и фотографии:
Операцијата во Ирак.1
Операцијата во Ирак. 2
На граничниот премин.
Како го оценувате вие навлегувањето на турските сили во Ирак?

 
па исти кур се ко американциве како да го оценуваме. курдите им помогнаа првин во војна против русите ако не се лажам им ветија доколку се борат на нивна страна, ќе си го добијат местото како автономија или држава...(едното од двете е не сум сигурен) и на крај им го турија :pusk: како што се правеше со македонците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom