Вонредно Средно Образование

  • Креатор на темата Креатор на темата WolferS
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 мај 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
Возраст
29
Здраво, сакам да прашам окулу вонредното полагаѓе, дали е тешко ? и како оди таа процедура
прашувам бидејки не сум многу спремен а незнам што ме очекува :) , иначе сум 3 година правен смер и ако има некој повеќе искусен окулу тие работи , поздрав .
 
Процедурата е следнава:
-4000ден. упис
-400ден. испит
Околу материјалот што треба да се учи не знам што е како е.
 
Па зависи во кое средно училиште си запишан. Колку ќе ти ги олеснат околностите професорите. Најпрво наставничкиот совет треба да ти одобри вонредно полагање, со тоа што треба да имаш валидна причина, оправдување за истото. Имаш класен раководител на вонредните и со истиот се консултираш постојано околу термините. Дозволено е да полагаш најмногу три предмети во текот на една сесија (еден месец). Како што кажав, се' зависи од училиштето. Пример, кај некои училишта предметите за кои си уплатил имаат важност три сесии (три месеци), кај други девет, доколку не ги положиш за време на тој период, повеќе нема да имаат важност. Полагаш пред твојот професор и комисија; јазичните предмети и предметот по математика ги полагаш усно и писмено, останатите само усно. Се' вкупно на испитот имаш три прашања од дадениот материјал кој ќе ти го зададе предметниот професор. По твој избор е професорот со кој ќе го договориш материјалот. Може да ти даде само три лекции, а може и цела книга. :)

Процедурата е следнава:
-4000ден. упис
-400ден. испит
Околу материјалот што треба да се учи не знам што е како е.

Цената на уписите и испитите е различна насекаде. Онаа за упис е од 3000-5000 денари, а за испитите од 700-1000 денари (во зависност од тоа дали ќе полагаш усно и писмено, или само усно). Исто така се плаќа и административна такса за предметите кои се полагаат.
 
Зборувам за во моето училиште, баш вчера праев муабет со еден професор за оваа тема.
 
Зборувам за во моето училиште, баш вчера праев муабет со еден професор за оваа тема.

Во Скопје цените се тие, а ако си од друг град тогаш друг муабет е тоа. Ти требаше да потенцираш во постот дека е за твоето училиште, вака делува дека зборуваш за сите училишта.
 
Во Скопје цените се тие, а ако си од друг град тогаш друг муабет е тоа. Ти требаше да потенцираш во постот дека е за твоето училиште, вака делува дека зборуваш за сите училишта.

Во право си, моја грешка. Инаку се работи за Штип.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom